Малку повеќе со резерва зимајте информации кои немат логика. А ова нема логика. Ако е така ти треба еден фрижидер само за млеко и цел арсенал шишиња и садови за складирање. Башка што на 0м+ сум била 2 пати имам зборувано на емисија за оваа тематика, така да секогаш ќе постојат повеќе информации за една иста тема.
Напротив, според мене има многу логика и заради тоа и го споделив. Настрана тоа, колку опрема е потребна за таков тип на исхрана, секој одлучува што смета дека е најдобро. Лично јас дојам и по потреба ад заради тоа што сметам дека тоа е најдобро за сите (мене, бебе, сопруг)
Можеш и така и така. После 5ти месец е сосем ок да почнеш со вкусови. Со првото почнав на точно 6 полни, со ова планирам на 5ипол да почнам оти 2 недели е надносено па некаде исто рачунам ќе ми се фати. Вака така си помина времето, веќе и за кашички треба да се спремаме.
Не е изводливо, молзев 1г, верувај дека нема логика ако почнеш да го правиш ова. Ако е така ние што мрзневме млеко во трет месец и го дававме во осми пример, децата ни се живи ненајадени? Нема логика, верувај.
Темата беше да се распореди денско/ноќно млеко, не колку месеци е замрзнато и доколку е денски молзено се дава во текот на денот, навечер - во текот на ноќта.
Кај нас помогна многу плакнење за време на бањање да омекни главче и после само со тенко чешелче. Имаше баш многу и за 4-5 пати се исчисти. Пробав и со масленце пред бањање да постои 30-тина минути ама после тешко ми се измиваше и баталив.
Од искуство, не е изводливо, верувај. Ако молзиш 2-3 пати, ајде де, ама една година да молзиш и да водиш сметка за ноќно/дневно млеко, ќе побудалиш. Следам стотици мајки кои молзат низ светот, никаде не сум приметила ноќно дневно млеко двоено.
Оваа апликација ја симнав и ја избришав. Уште преводот кога видов се ми беше јасно. Батали ја и гледај си го само бебето.
Мајки, која е разликата чистење на нос со физиолошки раствор и со солен раствор(спреј)? Има правило што кога се користи? Јас до сега само со спреј со морска сол сум чистела, но при вакцинација ми спомнаа и физиолошки?
Постојат хипертоничен и изотоничен раствор. Физиолошкиот раствор е изотоничен и содржи 0.9% NaCl, додека спрејчињата со морска вода најчесто имаат поголема концентрација на сол и се хипертонични. Физиолошкиот е за посекојдневна употреба, а хипертоничниот кога е повеќе затнато бебето.
Се лачи хормон кога е бебе на цице и има let down а на еден let down искача по 30мл минимум млеко од града. Затоа гледај го бебе кога пумпаш, слики, видеа… и пробај со hands on pumping.
Мамички кај можам да купам слинг марама по пристапна цена? Некако сите што ги гледав доста скапи ми се видоа Ако има некоја мамичка што има марама а не ја користи може да ја откупам
Бебе не се носи со болни деца, се носи во термин со здрави деца, некаде дури и скроз се одвоени просториите. Така да не ги изложуваме на ризици. Во првата година е многу важен напредокот, така да секој месец треба да се мери раст и развој, кај машки деца кила на тестиси често знае да се јави, не спуштени тестиси, кај девојчиња хормонални промени, се тоа во првата година се следи будно, па затварање фонтанела... И не, не ми спомнувај како ние, ние пред 30икусур години не сме исто со сега децата, сме имале каде каде поздрав живот и поубави услови за раст и развој.
Имам бебе неспијач 2ипол месеци е и никако да спие навечер на секои 2 сати се буди, а дење има 2 дремки по пола саат. Тешко заспива. Најаден пресоблечен ама сон никако. По 1 саат го нишам за да спие полаа саат. Пробано на сите можни начини да спие. Некој совет?
Моево бебе денес плачеше за прв пат до зајдување, не знам зошто, му се спиеше но не беше преморен, најадено но бевме на гости каде не бил прв пат, не можев ниту да го смирам, почна да вришти, да ме тепа и бутка. Одма се спремивме за дома ама вриштеше од Хром до Алумина цело време. Се растревожив до немајкаде, се почуватвував како неуспешен родител иако ми е второ дете.Ви се случило ли нешто слично утешете ме. Плачеше и дома но не толку многу. Потоа се смири и заспа едно пола саат. Пак се разбуди со плачки, непцата го чешкаат, се лигави, се чешка со прстенцата и плаче, можно е да му се и запчиња на повидок, во 4ти скок сме, пред 3 дена примивме вакцини и се ни се собра а јас добив таква главоболка да морав да се напијам кафетин.