А зошто гел и мачкаш за лигавење? Јас мислам нема потреба, тоа е скроз нормално. За заби најчесто се мачка имаат дејство на ладење ама кај нас не помогна. Јас стерилна газа топев во вода, па во фрижидер да се излади и така ја цицаше, тоа најмногу помагаше.
Да за заби и мачкам за ладење на непца, педијатар ми кажа кога ќе почне раце во уста и да се лигави да почнам да и ставам.
Гелче чувај за кога ќе почне да плачка и кенка од заби, сега не, не за друго за да делува кога стварно ќе ви треба.
Мајки ги ставате ли бебињата на подлоги на под? Ортопедот ме советуваше да ги ставам на под на стомаче за да вежбаат, дубаци/џампери стандарт како и сите ортопеди ми забрани. Исто сакав да прашам од каде купувате подлоги (такви меки како коцки)..
Мајки што се прави ако нема оформени јадра на колкчиња? 3 месеци полни денес, не закажаа на ортопед пак, многу ми е страв.
До 4 до 6м мислам има фора, не знам зошто те исплашиле. Да си одиш на друг ортопед или да се консултираш.
@Saf точно. Тука се сложувам со тебе. Не мора дете да се следи секој месец, но првата година си има почести прегледи, односно на почеток. Сега сум во земја која сериозно се грижи за најмладата популација. Пред секој битен преглед ми стига писмо од универзитетска клиника дека од тој до тој датум треба да се направи прегледот, со тоа писмо одам на педијатар и педијатарот го праќа назад со податоци и дека прегледот е извршен. Првите 2 битни прегледи беа уште на клиника, па на месец, па на 2 ипол месеци нешто пред 4от месец беше и следниот ми е на 3ти Јануари после 2 месеца. За овие битни прегледи стојат термини од кога до кога кој преглед треба да се направи на самата здравствена книшка, напред на корица испечатени и залепени. Сум спомнала и претходно. На Нетфликс има документарец се вика бејбис и го следи растот и развојот на бебињата од раѓање. Еве само пример, бебињата ги мерат секој ден во висина и се случува цел месец да не стават ниту 1 цм, за по некој ден во два дена да се извишат дури неколку цм. Па се случува педијатрите и родителите да се загрижат оти бебето не ставило ич тој месец, ама развојот кај нив не функционира на тој начин да ставаат секој ден исто или месечно. Затоа строго секој месец не е неопходен преглед.
Не ставам бебе на под ни првото, а не планирам ни ова. На гарнитурата лежи. Неубава асоцијација ми прави бебе на под.
В болница на државно бевме закажани, 3 бебиња во исто време ги гледаше по една секунда и ме преплаши. Ќе одам на ортопед приватно, не добив ни совет за д3 колку да зголемам зошто е 7 кг. веќе, ни некој друг совет, за 2 минути излеговме.
Ако ти прета многу и квичи значи не му прија. Моево бебе нема шанси да спие на таа температура. Јас ја замлачувам спалната пред да легнеме и гасам кога легнуваме. Вчера сме заборавиле да исклучиме и бебе и дете и маж ми само претаа и се туфкаа ми идеше сите тројца да ги заплескам и конечно во 2 по полноќ ми текна дека им е топло. Отворив прозор воздух да влезе и исклучив радијатор и сите позаспаа. Само ја си сакам потопло дека сум зимурлива. Следи како ти реагира бебето.
И јас не ставав на под, ама гарнитурата ми е ептен тврда и рамна и кога му беше време ја направив во вид на спална и беше цело време постелена со чист чаршав и го оставав на стомак. Тоа тами тајм е многу важна работа, така да битно е да е на стомак а не е битно дали е на земја, дали е на рамна површина, само да го надгледуваш. Ма какво државно, не зезај, носи го на приватно, ортопед е битна работа, побитна од се, особено кај женско. Е ова е проблем, кога се праиме стручњаци од Нетфликс и Јутјуб, извини, многу те ценам и многу ми се свиѓа твојот начин на чување деца и мислењето, ама не може по Нетфликс да чуваме деца. Секогаш ќе има исклучоци, ама добар доктор ќе го знае ова од Нетфликс и ќе знае како да изреагира. Очигледно е дека системот во Германија и тука е различен, ама па баш и не мора да значи дека нивниот е подобар од нашиот што бара на секој месец мерење, преглед и советувалиште, нели? Кај мали бебиња во денови се мери се, ако јас не однесев дете на 14 дена на преглед сега ќе го немав, зошто од кај да знам зошто бебе не ми плаче, мислев цица, а тоа уствари дехидрирало и почнало да се гаси веќе, патронажна дојде и рече бебето напредува не му треба шише во ред е, јас и верувам, ама на 14 дена на првиот преглед излезе дека детето ми е 85% дехидрирано. Не е дека секое дете вака ќе биде, ама не е ни дека секоја мајка знае да разликува дехидрирано дете.
Нит се праам стручњак нит сум, намали доживљај. Не е чување дете по Нетфликс боже сачувај. Тоа е документарец создаден токму од експерти со факти за растот и развојот кај најмалите. Тоа пишав и јас ама кој да прочита. Кај мали бебиња почесто!! Мене патронажната ми доаѓаше секој ден или преку еден ден првиот месец, понатака веќе не е потребно стрикно секој месец и тоа е факт.
Кога се вари млекото во желудник така изгледа потоа. Сите така блуцкаат, нема млеко да блуцне ако е сварено. Бели мрсулчиња често имаат при јадење, им залетнува од млекото во носето.
Jaс не ти реков дека ти се правиш стручњак, само дека не е репер за чување деца. На крајот од краиштата секој си одлучува за сопствено дете, само да не се мешаме во начинот на родителите и да не осудуваме таму каде што не треба, доволно е.