А на ортопед треба посебно да ме закажат? На приватно кај има да не знаеш? Овде не пушти матичната, морало да се прават и таму прегледи.
Поголемиот ми порасна на под. Додека беше новороденче си беше во креветче/релаксатор и кога почна да се врти релативно рано одма му купив подлога и го оставав доле. Нема побезбедно и поприродно. Подлоги има во бебешки продавници и џамбо. Да, од лигавењето. За контролите, првиот месец се прават почесто за да се види како напредува, понатака месец-месец ипол. Еве јас лично сега со второто веќе знам што треба да следам, како да го стимулирам ама со првото не знаев ништо. Баш на секоја контрола учев нешто ново или докторката приметуваше ако нешто не е во ред.
Боже Ангел. Дадовте мислење па и јас. Е сеа ако не ви чини, овакви гилти трипс за осудувања и слично на друг некој. Кај мене ниту пали, ниту тоа беше контекстот на муабетот.
Јас па мојава ја носев и приватно и кај матичен и двајцата ми закажуваа различно. Сама некако темпирав да е најизменично на 1 месец прегледот. Реално не ги закажуваат веќе на месец, претпоставуам ако сметаат дека си е ок. До 3ти месец беше по еднаш, па после беше на месец ипол и мислам дека од кај 4-5 месеци веќе на 2 месеци ми закажуваа. На 9 месеци ми рекоа контрола после година, а матичниов на 10 ми рече веќе е голема нема потреба од редовни контроли. Можно е да се изменети протоколите и препораките.
Вака и сега, мада после контролата на месец, ми закажаа на 2 ипол месеци пред вакцините. Не е секој месец ама не е ни на 3 месеци.
Да, да посебно треба да те закаже. Приватно во Жан Митрев Битола (кај симпо спроти касарната) и Еуроиталија спроти болницата.
Да, според мене тоа е обавезно за правилен развој на бебуш. Коцки има и по обичните маркети има и во продавници за бебешки производи. На под му се зацврстува целата мускулатура, што не е случај и кога ги оставаме на меки подлоги. Јас го ставам буквално од недела после раѓање, на 5 месеци почна да ми лаза што мислам дека е одличен напредок.
Добро дали е нормално бебе од 20 дена да не спие воопшто ни на ноќе ни на дење..вчера беше будна 7 часа,заспа се разбуди за 1 час па неколку часа ноќеска воопшто не спиеше..пробувам и со нишање и со сè и ништо не успева..
@kristina.k никаде не е подобро, за државно правам муабет. Од 3-4ца ортопеди, еден е подобар и чекам еве два месеци термин, утре ќе го носам. А не е секогаш па начин да се оди на приватно, кога плаќаме за државно лекување. Првиот преглед исто, две секунди, мислам го згмечија со каква сила го ставија во тоа за да го прегледа. Јас прашав за капки, вика матичниот доктор тоа го знае, ќе ви каже. Ќе видам утре што ќе бидне.
Кога сме кај капки ми кажаа да зголемам доза Д3×2 + чиста омега. Бепки се 4 и пол месеци. И сега давам на бебитол по 2 ампули Д3 и 1 омега.. Вие кој Д3 го давате?
Имаш електрично безболно..Моето бебе мисли дека си играме, не чекам да заспие..Претходно никако неможев да исечам... Го порачав од страна shopex , профилна слика кеса со зелена боја..Има и други раб за бебиња од кои сум презадоволна..
Кој сака нека честита. Денес ги примивме првите дози, шестовалентна, превенар и рота. Бебе е пораснато 500 гр. за една недела, машала. Туку, за ротата, што доколку јас се заразам, ќе биде ли страшно? Се има ли некоја мајка заразено?
Јас се имам 2 пати пишував и претходно. Како стомачен вирус е, барем кај мене беше така ама не со полна пареа. Имав лошење и течни столици некое време ама функционирав нормално.
Честито Ајде не се секирај моево ревакцините на истите ги прими минатата недела ок поминавме и двата пати. Рота е опасен стомачен вирус, посебно за мали деца и бебиња фала богу воведоа вакцини. Не мора да значи дека страшно ќе поминеш ако се заразиш. 3 пати ќерка ми прими, еве и син ми, никој не се зарази. Хигиена поголема, раце миење почесто особено после менување пелена и немаш гајле.
Кралици нас не здрма изгледа 4 скок една недела порано. Ми прави услуга да славам раат Нова Година Дали ако почне порано, завршува порано? Е сега забележувам: - многу кратки дневни дремки - поголема будност со расположение за "муабет" - поголема заинтересираност да лежи на стомак и да гледа со исправена глава - поголема потреба за цицање, ама дур цица е нервозна - навечер спие, али знае на два пати да стане со плачење. По апликација сме од 01.12 во скокот али беба е сменета од вчера. Дали е ова тоа или само загревање
Вака д3 мене многу ми зголемија бидејќи бебе расне и во висина и во тежина, друго оди си приватно пти вадат памет непотребно