Има обиди да, се труди ептен ама буце е Изгледа и вие сте со една нога во 4 скок. Дојди во гушка со нас Кај нас со цуцлата многу фино беше и полесно, сега и неа ја плука. Прстите и се во уста цело време.
А да, прстите цело време во уста. Го дојам врти глава и пика прсти. Што знаеш може млеко им тече од таму, а не знаеме Ај со лесно нека нине тогаш. Се си мислев покасно ќе почне. Него негде прочитав трае 2-5 недели, ај може 2 ќе е Мајки со постари бебиња кажувајте хакови како да минеме полесно.
Полесно дали ќе е зависи од бебуш. Држете се до рутината што си ја имате и тоа е, ќе си помине. Мојата пиштеше со секој освен со мене, дури и со татко и не сакаше да седи, не дај боже да ја заспие. Денското спиење ни беше катастрофа, по 15мин дремнуваше, а ноќе релативно добро беше. Се будеше повеќе пати, ама само на страна ќе ја свртев, цуцле и си презаспиваше. Еднаш јаде во текот на ноќта и упорно се држев до тоа за да не ми се навикне да бара повеќе пати па да настане хаос и со неа и со мене. И како преку ден се смени, сега си е пак бубаче
Моево како под саат 10 ипол, 2 и 5 за цицање си стануваше досега. Значи да продолжам овој период да го дојам, а ако се буди почесто да пеобувам со цуце. Денес ме виде како излегов од соба и се расплака. А не беше сам. Значи да очекувам баш лепенка.
Почнуваат негде на 4ри месеци. Моето се врти на стомак ама не знае да се врати и во сред ноќ плаче се буни и по цела вечер го враќаме на грб
Скокот е, еве два сата се молевме да цица сега. Драми по дома. Де се смее де плаче. Вчера во сред ноќ се разбуди со смеење на глас, после еден сат со плачки. Мислам дека иде лудото. Исто така се сврте денес ама се врати. полека полека почнуваат да се мрдаат.
Жени кажете хелп за паѓање на коса последнава недела е ужас- шампон витамини било што, дома е се со влакна малово исто пустото го затрупав со влакна…
Колку сакав да го почувствувам тој момент ама синко мој еве 5 месеци има не реагира нешто посебно ако ме нема освен за цице
И јас до сега се нервирав , пола коса ми падна , од гаки вадам влакна веќе ми се смачи , а и паника ме фати прееска на миење коса
Ја пред некој ден во пелена и најдов влакно (искакано). Почна и да ме кубе, не ни гледам што пика у уста.
Страшно е ова. На раб на алопеција иде. Ми кажа сега другарка некои витамини HairVit на HealthAid ќе земам. Остана без косу
Да да ја ставам. Бидејќи веќе се врти, мрда не ми е безбедна на гарнитура,спална и слично. Долу си е со играчки околу неа, игрална. Исто и мене ортопед тоа ми го препорача како стимулација и за лазење. Инаку подлогата ја зедов од декатлон околу 2500 ден, презадоволна.
Ефикасни се. Втор месец ги пијам и почнува да има разлика. Исто беше и кај мене, на места имав bald spots.