Па да, има смисла, витамини еден куп има, биотин... Не би требало да се штетни. Во бременост може да се користат, пишува на страната, ваљда и при доење.
Конечно жбунов ми личи на коса. Мм од одвод вади перика после мое бањање. Се чуди како уште имам коса на глава.
Do koja vozrast treba da bide 36 37 stepeni vodata za banjanje? Do koga se koristat toplomeri za banjanje?
Ние веќе скоро 2 недели сме паралелно со раче и со цуцла во уста ( на АД сме )....а плус тоа почнува да гуга со се во уста па млеко прска на сите страни
@Freckles. @emche05 Блазе си ви шо плачат за вас, на мојава не знам дали нешто и значам освен цице ко и треба. Денес и јас незадоволна од ортопедот, "Аа не си ставала широк повој со две тетри, да ставаш до 6 месеци и контрола тогаш. Јадрата не се развиени ама има време рано е." На другите мои прашања кратко ми рече прашај си педијатар, пријатно. Да го слушам за повој или да не се секирам? 3 месеци е, ок е уште да не се појавени јадрата? На тема скокови, страв ми е да пишам за да не си напраам малер. Три поминати, бебе бајче, си спие редовно дење со 5 дремки од 45-90 минути. А навечер станува само еднаш на 6-7 часа. Остатокот од времето само прета, гуга, се смее. Спијач имаме ама од 4тиот се плашам да не ни се удри од глава.
Добро вие што сте у 4ти скок кажувајте чаре. Не знам дали од скокот или носот што и се затнува и има шлајмови ама нон стоп е плачлива бре. Моето насмеано бебенце го нема хаха Сега имам плачка што само кај мене во раце е мирна кај сите вришти. Освен кога и менувам памперс другиот дел од денот само рика. Заспиваме со плачки и цело време пробува да се сврти во спиење и се буди и пак презаспивај со плачки. Око немам склопено. Па некогаш дури и кај мене тешко се смирува. Ова плачење е за сите три месеци до сега заедно. Дали и вашите плачат вака и како ги смирувате? Не можам повеќе да ја слушам како плаче.
На доење сме мајки, па на секој два саати цицаме е сега последниве денови ми станува кај 2,3 различно и си разгледува не му се спие по саат време и повеќе и сосила заспиваме ..нормално е?
Еве сме исто. Оваа недела нема утнато ноќ. Вечерва као го држев буден, од 6 до 10 немаше заспано. Заспа во 10, јас све среќна ќе преспијам, во 12 стана и во 3 стана. Поседе саат и пол и еве конечно да заспие.