Имам, се смирува , интересно му е и гледа, но моето не заспива со него, заспива исклучиво само со цицање
Секој ден шетаме. Околу 11-12 часот 1.5-2 часа и попладне макар и во кенгур 30-40 мин. Соодветно облечена, се уште ја користам корпата така да таму ми е позаштитена. Сметам дека е многу важно да се излегува секој ден колку и да е тоа нели напорно и организација.
Исто потполно....лудило да те фати, најтрагичното е што и јас тешко го смирувам....еден ден сме пк, наредниот вриштење.
colacare на Алкалоид. Масла ставам рицинус и рузмарин неколку саати пред миење кога, али мислам и Алпецин шампонот ептен има влијание.
Вие што сте во 4ти скок дали ви плачат бебињата? Или моево нешто не е во ред. Абе скоро цел ден е плачка. Веќе не знам што да и правам. Не дека претходно не плачеше. Ама плачеше за во раце и слично. Сега по цел ден повеќе како пискање отколку како плачење е ова. Моето насмеано бебе го снема. Само кога и менувам памперс се смее ама не како порано ама ајде колку толку. Останатиот дел од денот како мало ѕверче е. Не знам веќе како да ја смирувам и да ја занимавам. Почнав да добивам коментари дека млекото не и стигало да давам ад и слично. Тоа уште повеќе ме нервира пошто неделно си става по 200 и нешто грама а месечно повеќе од 800гр. А и сама гледам дека имам млеко шприца не сум толку глупава. Ама ете коментари од типот не ја заситува и слично. Пробај со АД
Истиот совет и јас го добивам од свекрва ми , слабо ми било млекото па на цела мака се случува да и бидат зелени каките повремено , малку ми вика после цицање давај и ад јас сум им давала , викам добро јас имам млеко уште три деца да дојам тоа што зверот се тегне и некогаш не и се цица е друга работа , ама ако ти пак давај и по малку , и тоа живееме 20км далеку па советите по маж ми најчесто ги праќа
Исто и ти шприцни му ама на маж ти за да им пренесе Сори ама преку глава од паметњаковци веќе се изнервирав
Здраво мајки бебето ми е старо 9 дена денес бевме на контрола кај педијатар ни рекоа 1 недела по испис да го носиме,родилна тежина ни беше 2350 гр,исписна 2260 а денес го измерија 2460 гр значи за 1 недела има качено 200 гр. Дали е добро?
Мене ми рекоа 10 дена да внимавам. Миј раце со антибактериски сапун, и кога ќе ја фаќаш пелената не фаќај ништо друго.
Зборувале и претходно тенко млеко и слични глупи муабети. Не сум давала значење. Сега сум понервозна пошто бебево скоро по цел ден ми е плачливо. Најмногу ме боли што ни јас не можам да ја смирам. До сега ова ми се нема случено. Не знам дали е до скокот некој што го има поминато 4ти скок нека сподели. Чисто да знам.
Значи не се обвинувај, нема што да те боли. До скокот е, ќе одбива и да цица, ќе плаче, нема да спие, ќе се лути, ќе спие во раце по 15мин, се е тоа само период. Многу е тешко знам, гладна си, неизбањата, препотена, раздразлива ама ако тие што ти коментираат не ти помагаат, бркај. Не ти треба тоа, ти треба некој што ќе ти зготви, среди, олесни. Има посебна тема за скокови во развој, таму можеш да прочиташ. Ти пишав и сабајле, идете почесто на прошетки да ти одморат рацете и да се издуваш. Ти ќе се сеќаваш на овој период ама бебе нема и затоа не се потресувај толку за плачењето.
Добив еден совет од поодамна. Бебињата сакаат да се голи. Веќе кога повеќе ужива кога и менуваш пелени, остави го бебето голо некое време. Може колку толку да се релаксира, а и тебе психата да ти се сочува. Дај го на некој бебето кога подолго време плаче, тоа пак ќе плаче, ама оди во тоалет, измиј се со ладна вода, поплачи ако треба, излези релаксирана, побрзо ќе заспие. Јас така правам, плаче, плаче, плаче, го предавам, си пијам вода, си потсредувам, нешто на телефон ќе чепнам, одам за 15 20 минути, бебето заспива многу брзо затоа што ме осеќа дека сум чил, а не нервозна, што е разбирливо. И ние имаме душа, не заборавај.