Дали може покасно од тие 40 дена? Нас ни закажаа за другата недела да примиме втора доза ама настинат е и сакам да одложам.
И јас пред некое време пишав за истото, после вториот скок ептен спиеше, еве и третиот го поминавме па си спие редовно. Немај гајле и уживај. Се спремам психички за четвртиот сега.
Во Понеделникот ги примивме 11+недели рота и шестовалентната Од симптоми втор ден спиеше, а трет малку раздразлива ама не нешто разлика од вообичаено. Темп немаше Лепенки обв земи си и сирупче за секој случај. И од каките една недела ми рекоа пазење тука читам на некои 10 дена им викаат, како и да ќе видеме после неколку дена дали ќе имаме дома рота сите т.е дали се пазиме доволно
Ние ова го имаме + музичка вртелешка , ја сакаме многу пред спиење https://www.lumieworld.com/collections/lumipets/products/lumipets®-unicorn-childrens-nursery-touch-night-light
Јас и ти мислам дека ги вакциниравме со ден разлика. Мене ништо не ми пишале. А ми рекоа наредно дојди за 2 месеци. И сега цела сум збунка. Да не ја пропуштам втората доза Рота. И мене ме интересира до кога може најкасно да се прими. Пошто мене како што ми рекоа 2 месеци во декември планирав да ја носам.
Во календарот за имунизација што ми го дадоа од Ремедика пишува растојание меѓу дозите е од 4-10 недели. До 32 недела може најкасно да се даде третата доза. Мене после 44 дена ми закажаа за втора доза, ама дека не е добар сакам да ја одложам за една недела.
И подобро покасно. Јас на почетокот се бунев зошто само моето дете не ги прими сите вакцини наеднаш ама сега си велам и подобро, им ослабува имунитетот од една а камо ли 3 вакцини, плус бебе 2 месеци.. сега ја примивме превенар на 5 месеци, се беше ок. Со лесно и вам!
Втората доза е ограничена ако не се лажам до 22 недела. Не сум сигурна прашајте педијатар. Ама мислам дека е така. Нас ни рекоа 40 дена после првата и ја закажаа на 43-44 ден не паметам точно.
После роденденот бебе е друго хахаххаха, цел ноќ се будеше на сат вееме сабајле се вртеше, сега спие само ако ме држи за прст па ја буквално лежам до креветче, цица како пилче. Четврти скок пуштен на најјако
Моето од стомак се врти на грб, ја крева главата и се врти на грб а кога е на грб се врти само на страна.на 01 ви прави 3 месеци.
Во креветче спие? Јас не знам дали е попаметно во креветче да го ставам или меѓу нас како досега (доста простор има) и да можеме одма да го видиме ако се сврти.
Јас сум ти најтазе. Примивме рота, шестовалентна и превенар. Поради килажата ги прими трите, иначе сакаа без превенар. За рота е до 12та недела максимум. Некои се успани, некои среќлии како мене, после вакцина добиваат кенкаво бебе. Шала на страна, уште таму ставив лепенки, ама мислам дека од превенарот и шестовалентната ништо нема, туку од ротата грчеви уште толку доби. Ми се плаче, ми се вришти колку што тоа плаче и вришти од што го боли да се испрди. Земи си лепенки, стави ги од вечер во фрижидер и кога ќе одиш земи ги и земи ножички. Кога ќе го боцнат бебето, ќе исечеш и залепиш на двете бутчиња. Пробиотик за ротата ќе даваш и ќе земеш сируп за секој случај ако крене температура. Инаку читав зошто се давала ротата до 12та недела најкасно за прва доза. Кај нас ја даваат РотаТек, таа е всушност побезбедна верзија. Порано се давала РотаШилд која била поврзана со предизвикување на преплет на црева. Затоа форсираат порано да се даде, за тој ризик да се намали. Не е честа појава, но постои како веројатност.
Колку и да пазиш пак ќе заврши на стомак сакале ние или неќеле. Моето веќе секоја вечер го легнувам на грб го наоѓам со главата во кревет пикната ,така спие и готово. Го легнувам со главата накај мене се будам гледам нозете накај мене.