Каков пробиотик и каков сируп зема? Ние утре примаме па да се спремам.. И од лепенките да му ставам на местото кај што е боцнато? Сабајле ќе купам нема врска што нема да се во фрижидер?
БиоГаја стандард што си користам. Сируп Ефералган. Од лепенките ќе исечеш парче и каде што е боцнато ќе залепиш. На 4 до 6 часа ќе менуваш. Убаво би било да се во фрижидер, ама не е пресудно. Кога ќе дојдеш дома, следната тура кога ќе менуваш, нека бидат претходно во фрижидер. Со среќа, барем од вакцините твоето нека биде успано
Ние примивме исто како бепчето на @Alexandrite во петокот, симптомите исти освен грчевите, третманот ист но наместо Биогаја ние имаме Ваја пробиотик и без грчеви проаѓаме веќе втор пат. На моето Биогаја му прават повеќе грчеви, пробано уште од прва, но секое бебе различно реагира.Инаку и јас не ги држев лепенките во фрижидер, на собна температура ми се.
Го имам и јас ова. Не ми текнало да го прочитам. Значи може во декември како што ми рекоа. Ќе има 7,8 недели разлика.
Мислам дека едната мишка му е поотечена од другата на бебка. Возможно е? Као да е подебела, една мишелинка има плус, што знам.
Мамички бебе ми кашла од вчера. Прво беше како сува кашлица ама сега изгледа има и шлајм. И носето е често затнато, чистам со раствор и ушалка. Што друго можам да направам да му помогнам додека добијам термин кај матичен? Нема ни 2 месеца, мн е жален кога кашла
Носето подобро да го чистиш со раствор и влечење со аспиратор со чепкалка не знам колку би исчистил. Можеш да го инхалираш исто само со раствор исомар/синомарин ампули 2мл. Избањај го во топла вода со едра сол.... Со лесно мајка ке помине
Штом почнал да кашла значи се слева секретот надоле, мораш да го извлечеш. Во странство си, па ти е тешко за термин?
Така кашлаат страшно кога им се слева од носе. Бебка е 5 месеца и ова и е 5-ти пат Досега немала ништо за среќа. Ама страшно личи кога го слушаш такво малечко како кашла Сепак нека ве преслушаат, со лесно
До кога ќе траат грчевите од рота? Или до кога трае реакцијата на вакцината? Бебе има страшно многу гасови, го боли кога прди. Цела ноќ слушам како цифка и после ќе прдне, а пред да заспие беше вриштење од болка. Не знам дали се стандард грчевите или од ротата. Обавезно во 10 саат навечер до 12 се јавуваат, после плаче уште толку зошто му се спие, а не може. Исто и пролив имаше вчера.
Фала ви на сите. Во странство сум и ќе пробам денес да добијам термин. Ако не ќе морам на итна да одам, а баш не сакам таму сега е полно со вируси.
Од многу причини може пример може е настинато бебето или имам читано дека каката на пелената кога е подолго време оксидирала и ја менува бојата....
Да, моето наутро кашла така како со шлајм од што му се слева од носето цела вечер. Ама досеа на плуќа немал ништо.
И моето кашлаше така немаше ни два месеци, матичниот рече може само чистење носе да не му се слева дополнително секретот и ни даде маст Expulmo Pavle Paxi да мачкаме на гради и грб и малку под носе за да може да диши полесно. Доста ни помогна. Многу се мали, не верувам дека нешто можат друго да им дадат/направат. Јас би ти рекла да пробаш вака, освен ако не дај Боже крене температура. Инаку таков е периодот сите бебиња ова време настинуваат, не се грижи ќе помине
А смеам со греана ракија и свинска маса да го намачкам на гради или мал е уште? Звонам кај матичниот од 8, уште не сум ги добила