Јас тоа го направив пред неколку вечери. Не прашав дали смеам ама мислам бебе е подобро. Цел го намачкав гради, грб, нозе. Скоро 3 месеци сме.
Носи на доктор, премало е на своја рака за домашни иљачи пред да го чуе лекар. Мојата со кромид во креветче за затнат нос мн и помагало до сега, ама не кашлала. Имам фобија од кашлање
Мајки, некоја со слично искуство... Бебе за недела дена ќе биде 4 месеци, со вакви црвени печати е веќе 2-3 недели, се губат па пак се јавуваат. На допир се посуви од кожичката. Мачкам со ЛаРош Липикар АП+М, со истата колекција и ја бањам. Дерматит е или алергија од храна преку мое млеко? Исто и на главчето е со акнички, кои откако ќе помине црвенилото стануваат сува и груба кожичка. Исто се повторуваат. Секако ќе ја носам и на лекар, ама додека да отидеме да слушнам искуство ако имал некој
Кај нас првата недела имаше повеќе гасови, звучни и болни, а само една ноќ ко шо опишуваш, грчеви со силен плач. Ама затоа проливче и по 5 пати дневно, зелено, смрдливо со црвени кончиња на два три пати. Така траеше две недели ама еве веќе и третата недела поминува, а зелената кака не се средува.
Како можи кај матичен да не те примат без термин? Матичен е. Башка што ти сакаш да закажеш ама никој не се јавува.
Го добив сега бевме. Така е тука за да не чекаат други што веќе имат термин. На дежурен треба ако е итно. Имав среќа бевме, нема ништо на гради. Вирус е, ни дадоа капки за нос и почесто чистење рекоа. Фала ви мамички
Не се препорачува мачкање алкохол на толку мали бебиња, алкохолот лесно се апсорбира преку кожата и може лошо да е ако е поголема количина.
Аууу што е ова??? Бебнецето што ми се смешкаше и гугаше цело време преку ноќ ми стана кенкаво, плаче, само во раце сака и тоа само кај мене, иато спие само во раце се лигави многу овие два дена само менувам блузички... гледав сега трети скок пишува дека треба да е на почеток на декември... инаку во вторник правиме 3 месеци.. скок ќе да е или нешто друго?
А да наслушнеш убаво дали воопшто има на гради ако ептен не можеш да го однесеш, да не го малтретираш со ракии и чуда за џабе. Кај бебињата може лесно да се утне од кај доаѓа тоа крчењето. Моево 1 недела крчи и кашла зошто му се слеваат мрсули ама плуќата е чиста. Едит- прочитав дека си го однела на лекар и дека е добро, мило ми е.
Мамички ве молам за совет Бебуш има 7 месеци и од зеленчук ништо не сака да јаде. Хемоглобинот ни е на граница а педијатарот вика со кашички да го покачиме. Јас два дена пробувам он не отвара уста со плачење. Му ставив два пати на сила поврати. Му правам ај викам може јас не му ги правам убаво,му купив кашички на Хип и од Дм од зеленчук не сака не отвара уста. Како да почнеме да јадеме зеленчук?
Има лепенки респиратол или така нешто на билна база, дејствуваат како инхалатори. Исто подобро во вц со пареа чувајте ги отколку да мачкате ракија. И тоа за џабе! Додека не го слушне доктор не може ние да знаеме дали има на плуќа . Неможноста на бебињата да исфрлат тоа што имаат од грлото како ние што правиме кога ќе направиме "Кхм" често прави да мислиме дека хрчат од плуќа. Немојте на своја рака ништо, барем тоа го научив откако станав родител, и не избрзувајте со заклучоци. Недајбоже да симне на плуќа толку мало бебе, нема да биде така наивно и да си седи дома среќно и весело.
Истиот проблем го имаме и ние. Зеленчук воопшто не сака, благите ги јаде колку толку. А тоа што јадам јас да му дадам се тресе од радост, манџа, супа ќе му мцнам се смее скока целиот. Ќе почнам со манџа грав да го ранам излеа друго чаре не гледам
@Macufka* првото ми јадеше се од зеленчук ко ќе ставев батат (благ компир) во кашичките. Од портокаловиот, највкусен е. Брокула, тиквица, спанаќ итн. се маскирав со батат. Плус е многу здрав.
Се согласувам за бататот многу убаво маскира, само да не претераш да стане портокалов во лицето. Тиквицата исто дава поблаг вкус, а инаку можеш да додаваш несолен путер, кисело млеко, зачини соодветно возраста. Само немој млечно во храната што има железо. Не знам дали знаеш кајсијата е богата со железо, можеш да земеш суви, белото грозје. Телешкото месо мојов многу го јадеше како болоњезе, ден денеска омилено му е за јадење таман и одлична опција е за крвта.