Немој толку мало да му ги откриваш солта и шеќерот, не викам дека заради тоа не јаде ама секако дека ќе дознае дека постои нешто повкусно, на страна тоа што не се препорачува пред година. Има преубави зачини за готвење.
Педијатарот ми рече од 8 месеци со млечни производи и месо. Кајсија си јаде овошје без проблем не знае колку му е доста само отвара уста.
Не му давам од нашето јадење само ќе му мацнам да видам дали ќе јаде така и гледам дека без проблем си јаде и бара уште.
Блантави му се неговите затоа, пробај со зачини соодветни на возраста и малку кромид или лук за вкус. Сушен зеленчук чист земи од продавница за здрава храна, без додатоци како сол и засилувачи на вкус.
Сол не. Лук, кромид, пашканат, бибер, оригано, маслиново... Ти кажале има сув зеленчук, можеш да го најдеш и како комплет за супа.
Мој совет да ја смениш Биогајата, други мајки што земаат друг пробиотик пошто прашував немаат грчеви од рота.
Со што да ја мачкам малата да не се потпарува?. Не е исипана, само кожата и е црвена и рапава на допир. Користи Памперс пелени, марамици Виолета ама ги одмивам под чешма, дневно 2 или 3 пати ја миев и пак е црвена. Пробав со пантенол, павловиќева, не помага? Нешто поефикасно?
Зависи и до кожичката на бебето, јас моето го мачкам само кога ќе се искака а тоа е еднаш или ниеднаш на ден и не ми се потпарува. Мачкам павловичева или бекутан витаминска.
Маст за потпарено или некоја крема со цинк, Weleda и babylove се покажале ефикасни. Исфрли скроз влажни марамици од употреба, т.е освен ако си надвор и немаш можност за одмивање или бришење со суви марамчиња/туфери намокрени со вода.