Јас еднаш му правев вака солена бања, ставив две раце крупна сол ама пази да не се допре до очи, моево вриштеше не ми текнало од тогаш да го правам ова.
Да крупна сол. Да во кадичката се става. Секако кога ке завршите со бањање на крајот со чиста водичка исплакнете го.
Колку време ти траеше ротата? Јас ќе дехидрирам уште малку. Сега почнав и да повраќам. Што е со вирусов? Од 2 сабајле сум станата со страшни болки во стомак. Гледам и бебе денес течна зелена столица. Искрено се размислувам за втора вакцина, ама од друга страна, ако не дај боже го фати, страшно е ова. Користел некој ентерофурил за време на доење? И млеко ќе ми снема и све у пм. Ни вода не можам да пијам, ми се гади. Едвај чај со зорт.
Неколку дена ама не ми беше толку интензивно, имав мачнини само и течна столица ама функционира најнормално. Да не те фатил друг вирус има сеа стомачен сите се жалат, не би требало од ротата толку јаки симптоми..или шо знам се е можно ако ти е опаднат имунитетот. Јас земав само пробиотик Провен.
Не знам, никој немам во опкружувањето со стомачен. Само бебево. Веќе ни снага немам, денес ќе се утепа од плачење, не можам ни да го успијам.
Електролити, пробиотик мислам смееш, чај од нане, ќе помине. И на бебуш пробиотик и многу течности. Лоша е ротата, кај моево најтешка беше првата имаше течни столици неколку и повраќање ама после следните не ги ни осети.
Женски имаме два дена. Бебето денеска има нагони на повраќање, ми го донесоа еднаш и толку. Ми велат дека е нормално тоа и дека е добро, но јас сум многу загрижена, не знам каде се наоѓам место не ме држи.
Линекс форте ни се има покажано како најдобар, активен јаглен растворен во вода по три пати на дрн и орц електролити цел ден голтка по голтка ќе ги пиеш за да не дехидрираш. Со помин да е побрзо.
Фала на сите. Земав линекс, ентерофурил, електролити, чаеви од нане и ким, вода, кока кола. Јадев банана и двопек едвај. Повраќањето се смири и се разретчи одењето во вц. Сега сум млитава, сила немам. Бебево среќа што цица денес за заспивање, иначе ќе не можев ни да го успијам, не можам да го кренам, уште помалку да се движам. Ти се плукнам во вирусот.
Ние сме 4ти скок и плус температура вчера Плаче за јадење ќе ја ставам на града не сака плаче се трга , денес два пати има цицано само
Не знам, сите околу мене се здрави. Само бебево што прими рота. Инаку на здравје, 38,2 C Ако е некој друг вирус, ќе префати ли бебе од мене?
Вие што сте у 4ти скок? Дали се лепенка за вас бебињата? До сега седеше и кај другиве нормално повеќе сакаше во мене се смееше со мене ама кај другиве барем некое време седеше. Па после почнуваше да се буни. Сега автоматски плаче и тоа со солзи и кога ќе ме види мене од плачење почнува да се смее во истиот момент. Не можам да излажам дека не ми прија. Кога ќе ме види колку искрено ми се радува се смее и цела се тресе со раце и нозе. Како сонце да ме огреало во моментот. Нема поискрена љубов.
Dobro ova so bluckanjeto do koga traj majki? Skoro 6 meseci sme i uste i uste blucnuva posle sekoe jadenje..nemozam poke od preslekvanje,perenje....