Кога ќе почне да јаде бебе се менува каката нели. Е сега девојката моја вчера јадеше јаболко, тиквичка и банана а денес батат и крушка. Каката е темно зелена, дури како кон црна, башка и по тврда. И давам водичка. Во ред е тоа или да почнувам да се секирам? А си кака по 2-3 пати во денот.
Јас сум скоро како нова, малку само ми се враќа храната. Затоа вчера, се исцедив како лимон. Внимавајте на хигиена при менување пелени. Јас некаде згрешив. Рота вакцината дефинитивно е зафркната.
Па така изгледа нон стоп учат нешто ново, апликацијата ти објаснува што му се случува за да го разбереш и соодветно анимираш.
И според маж ми беа жива глупост.. урочено е детето.. но кога дојде 4ти скок кога бебето се смени за 360 степени од мирно бебе кое само цицаше и спиеше почна да не спие,да кенка, да цица само шетајќи се по собата и кога траеше цел месец е после овој скок почна да верува. И сега кога имаме и второ дете сам приметува кога е скок во развој и сфаќа дека не е урочено. И сега за 8 дена бебето ке влезе во 4ти скок и уште сега ми се крева косата нагоре знам што ме чека
Што е со тој легендарен четврти скок? Да се спакувам со време, на татко му да го оставам. Јас наближувам кон трети. Ќе видиме што не чека.
Мајки ова страшно беше што се случи сега, едвај се смирив и јас наеднаш беба почна да вика вришти како да се гуши во сон дур спие незнам како да ви опишам .. Ја кренав гушнав и секундарно се смири и си продужи со спиење ... Дали е ова нормално? До сега неколку пати во сон додека спие се случило да почне да плаче ама сега беше страшно...Ќе прашам педијатар секако....
Моето бебе се смени 360 степени. Право вештерче. Многу плаче зајдува со солзи. И не можам ни јас да ја смирам на моменти. Не цица како претходно. Спиењето катастрофа. Ама тоа со плачењето за мене е најтешкиот дел пошто скоро цел ден се дешава а претходно нон стоп насмеано ми беше бебето. И секој ден се нешто ново учи секој ден е различна.
Ко што гледам сите сме ноќва тука. Ова моево како влезе во 4 скок, околу 1-2 по полноќ е будно. Прета нешто се бори, станува, разгледува многу заинтересирано. Млеко дење јок, цицка ич не фаќа, се гади, а шише може. Пие по 30 до 50 мл на 2 3 саати. Мислиш има 2 дена, не 4 месеци. Се утепав од нервирање дека гладно. Ама затоа ноќе, може на секои 2 саата ќе пие по 120 мл. А млеко кога не цица од кај да му најдам? Мочзев кај 8часот-120мл, Молзев во 11-90мл, Молзев во 2 ноќва-70мл. Луда работа. Купив Аптамил кутија и молам бога да ме додржи млекото мое до крајот на скоков, барем да цица еднаш до два пати на ден уште некој месец. Тие што сте на Ад или дохрана, не давате капсули Дха Омега плус? Дали ви се случува во слободно време насекаде да ви мириса на какана пелена? Мене да.
Јас внимавав премногу. Тоа ракавици тоа дезинфекциони средства, сапуни... и тоа посебно вториот пат откако фатив еднаш. И џабе.