Хахааа абе имаат постариве некои фикс моменти. Една тетка ми рече да ја ставам на нокшир да ја учам, бебето нејзино на времето на првиот роденден било без пелена,као вауууу. Викам ок, у реду е. А за чао-то не знам, еве некоја поискусна мајка нека сподели Не сакам да споредувам ама сакам да слушам искуства. А оние бебешки цртани во позадина ги пуштате? Јас до сега само некоја музика, цртан не сум пуштила.
Пуштам цртани некогаш кога имам работа го оставам во релаксатор или хранилка. Кога беше помал многу им се радуваше пискаше (од боите звуците најверојатно) сега ги гледа ко демек со внимание, не трепнува хаха. Ама гледам да не е долг период тоа, додека пружувам алишта да наместам кревет и слично, поинаку не ми седи мирен.
Мојава накај 6ти месец почна да се замара со мачето, ко пролази само накај нејзе лазеше таква брза, пресмешна за сега на година да не ја види само. Мислам дека чекори ќе пушти накај мачката попрво отколку накај нас. Па и по улица по сите мачки ми покажува со прст па стоиме па ги гледаме ко будали некои
Мајки во козле дали имаат алергенси дали знае некоја? Ѕвонам од сабајле никој не се јавува на бројот, или бр за контакт ако имате? Разбрав дека не правеле алерго тестови ги враќале пациентите..
Абе и ќерка ми од 5 месеци вика та-та ама дека знаеше шо е тата и кој е тата, мало сутра И ти мош си викала тао ама дека било тоа чао, не верувам И да се надоврзам на муабетов, мојава од 9 месеци почна се да праи наеднаш, и чао и браво и рачиња да дава и да се гушка. Буквално се наеднаш
И јас им викам нема шанси којзнае шо сте гледале. А и сеа ги гледам ќе рече де или ба несакајќи и одма ееееее рече дедо ,рече баба хахаха уште од 2 месеци кога имаше. Од пуста радост.
Моево е 13 месеци и уште не подава рачиња да го земеш од што ич нејќе во раце Дивтарко е. А тата со значење дури сега кажува, чао да мафта околу 9 месеци почна. Сите различно
Еј тие ретки моменти ко ќе пружи рачиња или ќе ми дојде таква да се тутне у мене, ми се иде огномети да пукам. Го чекав тој момент една година Ама мислам дека оти од 9 месеци почна у градинка и таму ја омекнаа малку
Е убаво што спомна за градинкава. Искрено ми е многу страв да го пуштам толку мало во градинка. Пред да знае да зборува, да се пожали од нешто недајбоже и сл. Исто од болести, повеќе ќе биде дома отколку таму ама ајде. А ќе морам бидејќи ќе живееме сами. Какви се вашите ставови, искуства со градинка и толку мали бебиња?
Јас сум цврсто за тоа дека на детето место му е во градинка. Се мислев да ја пуштам од година, ама година прави сега за 4 дена и се предомислив пошо очекував длабока зима а не пукнато сонце надвор овој период. И не ми е криво шо ја пуштив на 9 месеци. За болести по дифолт мислев повеќе дома ќе е, ама еве во 3 месеци само 2 пати остана дома. И среќна е, значи со ќефови влегува у градинката, за земање јас и пружам раце да ја земам, она се враќа во негувателката. Може така се погодиле и градинката и негувателките ама стварно сум задоволна.
Во 4ти скок сме , два дена е цело време на цицка ми ги раскисна , не цица , си спие , а ја тргнам вика, има ли спас , секој ден нешто ново наоѓа за што да кенка , грб немам веќе
Не. Не е безбедно, може да се задави, може да се скине и да голтне од килибарчињата. Ниту пак има научен доказ дека помага.
Моево и си влече така мрзљиво. Ноќеска маж ми го презаспиваше и ги слушам едно 10мин. Се вртам, му ставам цице ова ко дугме да штракнав веднаш спушти капаци хаха Понекогаш толку лесно заспива. Ама во петок два саати во раце, многу плачење и тек после заспа. Иначе моево има кажано ајде, мама, не ама тоа се само случајна комбинација на звуци што ние си ги слушаме и разбираме. Нит знае што кажал, нит па ќе ги повтори додека не почне да разбира.
Нормално е. Сега го открива гласот и ќе фаќа и високи фрекфренции. Мојов колку писка ми ги дупна ушите. И надвор дур шетаме знае да си писка па ги вади луѓето наоколу од памет. Ама стимулирај фат на раче. Треба да воспостави координација око-рака. На 5 месеци не си викала тао сигурно. За нашите родители ние сме биле сите генијалци од бебиња. Ние стигнавме до фаза каде даљинското ни станува омилено. Стави го на под со даљинското ќе писка возбуден 10тина мин. ако имам среќа 15 мин што е доволно да седнам и да шмркнам кафе. И моето шише со вода исто му е интересно. Софка ја џвачка од 3 ипол месеци, и пред некој ден му купив нова силиконска глодалка која скроз му е хит. Се сака да фати и се носи правец во уста. Само пусти стапалца потешко ги дофаќа оти буце. За 5 дена 5 полни месеци. Од средина на 5ти почнуваме со цврста храна има другари за друштво и совети?