Нас в зима ни иди за почнување со вкусови. Ништо нема да има свежо. Може со готови кашички да се воведуваат вкусови? Да не се намалени алергените така, или нема врска? Се сеќавам за првото од свежа праска и домат ми се нафрлаше околу уста, а од кашички со таков состав немаше ништо.
Супер. И мојов го рачунам 6 месеци оти 2 недели надносено. И со ќерка ми почнав со 6 месеци. Со што планираш да почнеш? И како планираш да даваш? Класично секој вкус по 3 дена или секој ден различен?
Со рацете веќе се што ќе дофати фаќа. Мушамата ако ја дофати доле ја наоѓам, недајбоже нешто да имам оставено на маса кога и е во близина. Ноџињата ги фаќа ама не може до уста и се нервира, многу ми е смешен буцко.
Ние на 1ви правиме 5 месеци и ќе почнеме со вкусови кај и да е . Немам појма ништо се надевам педијатарот ќе ни даде некакви насоки.
И мие уште малку ќе почнеме со вкуси леле немам поима од тоа ништо што како треба. За една недела ќе прави 5 месеци и од тогаш ли со вкусови да пробуваме? Сега од овошје нема многу избор.
Леле хаха, син ми на 3 месеци рече “дарко” ама чиста случајност кога го снимал маж ми, и ај сега кажи и на свекрва ти дека има деца и на 3м што зборуваат Еве пробувам да го пуштам ама не се прикачува видео да се насмеевте
Свекрва ми знае , зошто син и (маж ми ) на три месеци мамо и рекол додека го држела , оди убеди ја дека е случајно
Колку пати неделно ги бањате бебињата сега? До сега брзо секој ден ја бањав, ама откако залади сега почнав 2 или 3 пати неделно дали е ок? Кој сака нека честита 7 дена веќе како давам д3 без да заборавам
Баш ради редот со капки и слично планирам да го капам уште секој ден. Ако прескокнам капење се заборавам што требаше да дадам, од почеток фатив ред со капење пред спиење и со сите капки редум, дел пред дел потоа бидеќи тоа е единствен период што не повраќа
Ајде честито Јас минатата недела ја зимам од градинка и ја фаќа сонце и ми текна дека не и дадов д3 сабајлето и си викам еве го д3 де, толкаво сонце пекнало, јас капсули и давам
Ортопед ми рече најкасно до 10 сабајле да давам д3. Зашто појма неам. Иначе сега ми текна 3 дена пробиотик неам дадено... Едит: капење на секои 4 дена ради дерматит. А миење газе после секое какање ама само со вода и бришење со тапкање со тетра.
Зашто се апсорбира во тенкото црево и најдобро е додека се внесува храна. Ноќе не работат цревата. Јас ги бањам и двајцата секоја вечер, не знам која праша. Не дека треба туку мене ми е таков ритуалот, двајцата убаво си заспиваат, а и бебево обавезно кака после бањање, имаме проблем со какањето и вака му олеснува.
Ќе се дружиме. За зборењето, едниот почна накај 4 месеци да врзува слогови ама со такви гљ, њ, ќ букви, а мам барем еднаш по грешка да му се испуштеше да се радувам. Другово тек сеа почна мам, та, ба и да си реди букви ама он па док брат му "збореше" он прв научи да фаќа играчки и да му ги зема од раце. А ете еднојајчени близнаци се. Така да правила и тајмлани нема баш стриктни.
Ние од почеток на 2-3 дена ја капиме, така ми кажаа во Плодност. И големиот така го капев заради дерматитот, не смееше секој ден. И јас почнав со Д3 редовно од ко ме исплаши докторка во државно за колковите, после на приватен ортопед се беше супер ама барем почнав да не заборавам.