3 неделно ја бањам од раѓање, а ритуали на витамини и сл правам сабајле одма со мењање на прва пелена Него, мојата ептен се лигави, раце во уста, лиги тон, почеста столица итн зар почнува вака рано процес на заби вадење?
Исто, на почетокот секој ден бањање а после со дерматитот 3 пати неделно, инаку Д3 наутро со прва пелена и после си раат. Моево гунџа некои гласови на га, гу... ајде, мене ми се слуша инаку нит е ајде нити знае што е, фаќа се и носи во уста, вчера успешен обид имаше со цуцлата, сам си ја извади и сам ја стави пак во уста. Обично надвор до денес ми спиеше денес почна да кенка во количка, мислев да не му е ладно, му имав облечено крзнени плетени шпикозни, ќебенце и вреќеичката од количката. До сега спиел ко бајче барем во количка ама денес јок
Тие слогчиња се нормална фаза. Сите бебиња ја поминуваат порано или подоцна. Иначе бебињата сакаат кога ги слушаш. На пример имам видеа како “комуницираат” со маж ми. Бебе испушта гласови како “ааах”, “ааааааа”, “еееее” или кратко “аа!” и “е!!” како извик и го гледа маж ми. Овие гласови се кај мојот ама може да се различни од бебе до бебе. Маж ми го гледа и му одговара назад со истиот глас и интонација и чека. На тоа пак бебето реагира со некој звук и така може да трае и по 10тина минути да комуницираат. Битно е да го гледаш додека му збориш. Ова е еден вид комуникација каде бебето е свесно дека нешто прави, затоа што сфаќа дека го слушаш оти веќе му ги имитираш звуковите и имаш повторни и повторни реакции. Убава вежба за мозочето е.
Исто и мојата само така зборува ко ќе ја гледаме кај нас долго гу е најчесто, пресреќна е ко ќе гугаме и ние.
Јас гледајќи ја внука ми , сега направи година и кажува само некои зборчиња од типот мама, тата, баба, чао и сл.. а мајка ми за мене кажува у година дена песнички сум кажувала не знам што да мислам... Не е можно да сме сите вонсериски од тоа време Сигурно и ние ке им правиме филм на нашиве деца како биле генијалци кога ке пораснат, хаха..
Јас тој момент го доживеав кога беше болен, дури и на мене спиеше денски. Ама сега не можам да го запрам, само ровари сегде, ако го земам во раце одма се бутка се бори и кенка да го пуштам.
И мојава толку пиеше кога нудев АД, кога нејќеше да цица, освен што велиш навечер. Смешки, 30 мл , а плаче од глад мислиш 200 ќе испие Мене ме, ама маж ми кога доаѓа од работа , прво што вели е си заборавила некоја пелена па ја бара каде е , а тоа нема Ама памперсот ептен мирисаат некако, мислам од нив е . Денес купив виолета , конечно се наканив да сменам, па ај да видиме
Ама јас памтам на 4 5 години читав, пишував, знаев песнички. Ова сериозно. Децава што ги имам околу мене (не сите, но повеќето) во прво одделение не знаат името да си го напишат. До негде и во право се, што не уназадува денеска, дали прекумерна употреба на телефони, дали недоволно социјализирање не знам ама децава се за греота. Додуша и мојте викаат на година муабети сум правела..колку е тоа точно не знам
И јас знам дека се дава од сабајле ама мојов повраќа во секој период од денот освен на капење и после капење не, затоа ја давам навечер. Инаку се што сум дала преку денот го повратил..
Сите ве прочитав што сме во 4ти скок. Ми иде да ве гушнам. Јас сум клован по дома. Цицаме бо раце и разгледуваме стан. Вришти ако не е по негово. Сон врзува на студот, па денес бајаги го прошетав. Навечер се буди исто како кога беше 10 дена, на два сата цица. Во пет сабајле сака да де игра. Не знам до нова година ќе биде журка.
Не. Давав биогаја еднаш на неколку дена на почетокот, па нормиа и давав пред рота вакцината и после, откако ја потрошив не купив пак. Не гледам поента зошто да давам секој ден, природно сум породена, бепка е надносена и сме на доење. Во странство мајките сите што ги прашав никаде не им препорачале пробиотик, само тука нешто измислуваме. Разбирам да се дава по потреба (антибиотик, дијареа итн) ама мислам дека е повеќе маркетинг да се дава на сите бебиња од раѓање цело време отколку што е медицински оправдано.
Да, секој ден. Ми рекоа може до 1г, не му прави никакви проблеми. Некогаш кога гледам се мачи, му давам и мислам многу му помага. Има редовна столица
Majki kolku grama treba bebusot da naklava nedelno? Od denot na ragjanje neli na bolnica gubat grama i do 2 nedeli za na kontrola treba da gi vrati izgubenata tezina taka li?