Од мое искуство, ако се роди неспијач што сакаш направи нема да спие. Поголемиот почна да спие од две години, не дека не сврзувал и помал ама 2 ноќи ќе спие, па следните 5 душата ќе ми ја извади. А бебево си спие од прв ден, сега е 2м без една недела и почна да сврзува 7 саати.
Колку чести столици имаат 3, 4 месечни бебиња? Приметувам како почесто од предходно да полни пелени, не знам која би можело да биде причината.
Јас па мислев тоа е нормално. Се навикнав на 2 саати да станувам. Веќе скоро три месеци. И морам да спијам до него, иначе ни 15 минути нема да спие. По можност, на ќош на кревет, згужвана, фрлена како ѓубре, а бебе на цел кревет со рацете раширени, битно мама да е тука да ја мириса.
Бебе какаше веднаш после свеќичката за температура. Можно е да ја искакала? Цел час откако дадов уште не паѓа температурата.
Дали сте се соочиле со појава на акни после бременост, на места каде претходно никогаш сте немале? Конкретно на грбот ми се појавија веќе некое време. Лицето ми се нафрли, но него го контролирам. Грбот не знам со што, ни како.
Јас купив подлога за количка, да не е директно изложено на неа и да му дува одоздола. Инаку ставав памучна тетра, па ќебето како сендвич го правам. Бебе има боди по кратки, шпихозна и одозгора уште едно пуфкасто дебело како скафандер, ама е потенко. На главата обавезно капа ставам. Може претерувам не знам. А скафандер купив, се спремив, ама не ми иде во него се уште да го шетам.
И јас планирам да почнам од 5 ипол, за 2 недели отприлика. На првото почнав откако наполни 6 месеци, па некако потешко беше, а и нејадач голем беше, никако не можев да му воведам оброк, се беше малку количински. Кога сите генерациски имаа 3 оброка, ние не можевме еден од 120 гр,сакаше само на цице да е. Затоа сега сакам да почнеме со по неколку лажички, павоведување оброци полесно да ни оди.
Тука веќе паѓа и до 4 степени и јас го шетам со два долги ракава, најчесто боди и шпикозни, капа и такво пуфкасто целосно слично на скафандер. Тој другиот мислам по за на снег е. А да прашам, облекувате хулахопки? Золва ми ми даде од внук ми, ама јас уште се мислам дали воопшто да му облекувам