Коментиравте за прегледи кај бебиња, па да споделам како е овде. Овде на испишување добиваш детален преглед, со ехо на колкови. Потоа дома ти доаѓа патронажна, добро обучена, не ко некои наши кои врска немаат ни со доење, ни со раѓање. Ова ти прегледува рана, кај мене и отоци, контактира доктори, мери бебе, и се што треба. Доаѓа на неколку дена, а потоа на една недела, во зависнот од мајката, колку е спремна. Јас дека второротка, кај мене идеше неделно до 40 дена. Систематски имаш на секој месец, до третиот месец. Мерење, преглед кај матичниот, вакцини. Има и ехо на ортопед. Следниот систематски е на 6 месеци за бебиња кои нормално се развиваат. Педијатарот до три месеци следи секаков развој кај бебето. Крвна слика нема. Не мачат бебиња беспотребно. Развивањето и тежината ја следат во целост. Бев вчера кај искусна, постара и една од најдобрите педијатри овде, случајно се погоди како замена за нашата оти бебка е болна. Се консултирав за килажата која ја става, која беше намалена во трети месец и не ни сакаше да слуша за бројки оти она ја гледала целата слика, а бебето личело дека се развива нормално според сите параметри. Побарав пак да ја измери и вели нема зошто, ама еве ќе ја измереме. Мерам и сега качила околу 730 грама. Бебка е 6 кг на 4 месеци. Кажа да продолжам со доењето и дека од тоа подобро нема. Значи ист пристап имав и во Мк, бебе кое напредува и е на доење нема зошто да пие АД заради вашите сомнежи дека е гладно. Не е, и штом имате млеко, значи бебка јаде. За каката, по стоти пат, зелена е од тоа што цревата се стерилни и сега се разработуваат, не може некогаш да ја офарбат каката во жолто. Ниту е поврзана со исхраната на мајката , ниту со глад ниту со настинка. Ваљда веќе се уверив самата на себе. И да, прв вирус на бебка, црвено грло, 3 ден температура и пролив. Доби свеќички и доење. Толку. А ја прашав за пробиотик и рече да бидејќи имала пролив и болки во меше. Никакви додатни витамини, само доење. Јас знам дека сме со постојани сомнежи, бомбардирани со секакви вести, и некогаш се запрашуваш што е правилно, а што не. Еве второ дете ми е и пак прашувам, пак читам, пак сум полна со сомнежи. Кај нас пак и докторите сите со различен пристап и методи. Овде барем сите се со некој унифициран начин и пристап. Букавлно истите одговори ги добиваш и од млад и од стар доктор. А верувајте водат премногу грижа за бебињата и цело здравство е приспособено и наклонето кон нив.
Мајки во 4ти скок како е? Моево спие само со цицка во уста дневни дремки, и тоа макс 45 минути. Навечер има еден период кога се буди на секои 20минути и бара цице за заспивање. Очи ме болат што не сум наспиена
Денес во групите овде читам дека имало амбуланта за спиење Значи ги носат да спијат или да ги учат. Има и за масажи, за вежби на бебе. За ова бев искрено заинтересирана
Чек да ми текне како се викаа кај нас Ама и на дијалект вака ги кажуваме ние Чепчиња за температурата што се ставаат во газот Тука се свечки, во мојот крај свеќички
Не, не сум јас во Германија. Кај нас во Мк вака ги викаме, па и овде слично. Како беше литературно? Леле знаеш дека слични јазици, па и дека учам моментално и знам да измешам на брзање и да не ми текне некој збор.
Ние сме веќе 2 недела во 4 скок и сега за сега добро се држиме. Единствена промена ми е што почна да ми заспива во 8 вечер ама па така навечер ми се буди на 3 саати за цицање и во 5-6 сабајле е наспана и спремна да си игра Гледам пак да и го поместам подоцна легнувањето ама пак на 3 часа ми се буди, а убаво си заспиваше во 10-11 и до 5 сабајле си спиеше, па после до 9
Ставај го прво на твоите нозе ама главата да ми е надвор да нема на што да ја потпре. Моето така пресака, сега лежи и на под
Првото дете ниеднаш не ја ставив на стомак. Не ни знаев дека требало. Ни на земја не лежеше ниеднаш. 5 годишна женска и пол е
Дете е ќе поране секако,дали ќе го ставаш на под или не. Докторите препорачуваат од причина Колку детето ќе има развиена моторика на нозете, рацете, грбот и на телото и колку ќе му се развијат мускулите, какво држење ќе има во исправена положба, како ќе се движи низ просторот кога ќе прооди, зависи од времето што како бебе, од првите денови од животот, па сè до проодувањето, го поминало на рамна тврда подлога, односно на под.
@V.N. Околу 7 заспиваше, со будење 10,2,5 и 7. Во 7 не презаспивавше одма, некои пола саат мазење/гугање и после до 9ипол спиење. Сега многу повеке будења. Заспивање и пред, ама и многу после 7. Почна сега и да плаче. Одеднаш на најако, го земам во раце и се смирува. Сега во сон исто се расплака со шшшш и цице се смири и заспа. Од скокот е, ваљда ништо не го боли м?
Се тешам јас со тебе. Ама заборавам, па не сака. За првото не се сеќавам, ама мислам дека не го ставав, лазеше од мало, прооди на 10 ипол месеци. Моторика топ. Напреден беше дури, еве го се уште е дури и преактивен. Не велам не е убаво и корисно, ама дека сепак и да не ставаш ваљда се ќе биде во ред со бебе.
Вчера не сакаше да спие. Денес во скафандер меревме улици, се изнаспа 3 саати. Скоков надвор ќе го преживувам, па какво сака нека е времето хахаха Овие се летни бебиња, не сакаат дома
Ние ќе правиме 4 месеци за некој ден. Пред некој ден кога бевме на преглед за 12 дена имаше качено по 18гр дневно мене ми дојде малку. И почнав да мислам зошто е ова така? кога имам многу млеко ај да немам ок. Ќе речам немам и ќе дадам и ад. Ама вака... Ваљда е до скокот, во 4ти скок сме и на моменти не цица како претходно се бунтува. Па може е до тоа. Докторката вика супер е 6100 тежи а уште немаме точно 4месеци. И дуплирана и е родилната тежина. И доста е и во должина порасната. Последниот пат имаше 65цм. И јас не планирам да престанам да дојам. Ваљда и тие како нас некогаш јадат повеќе некогаш помалку па така и со килажата варираат. Најбитно е дека имаме млеко и нема потреба од ад.
И јас не ја ставав до сега. Сега откако сме во 4ти скок ја ставам по некогаш многу кратко. Па еве ја сама се врти на страна и од страна на меше ама она кога сака. Исто и сака да се фати за моите раце и без моја помош се исправа речиси во седечка положба. Ама рано е за седнување. И јас не сум ја вежбала ама уште од стомак многу преташе и клоцаше и откако се роди не е застаната. Каде и да одиме на преглед нон стоп истите коментари цврсто,витално жилаво,темпераментно,ратоборно бебе. А ни јас ни маж ми како бебиња не сме биле такви. Сепак се до бебето си е.
Да, може па за три дена да ја стави тежината. Немај гајле, исто тераме, а и скок еве е во прашање. Нека си цица и имај на ум дека веќе нема да качува по толку многу. И мојава ужива надвор. Летно бебе што велиш.