Мојава прееска си играше со една Тропалка т.е ја носеше во уста де. И ја тргнав од раце и ај да јаде да и дадам. Почна толку да плаче кога ја зедов за доење. Поточно вриштење беше тоа. Одвај ја смирив цело лице челото околу очите цела стана црвена од плачењето дури страв ме фати. И ставив цуцла некако се смири затвори очи и божем да ја успијам. И така со затворени очи после уште пола саат како да ми се жалеше. Одвај се смири. Што бидна како бидна стварно не знам ни ја.
За исплата за прво дете во социјално се носат документи и после треба ли некоја потврда да се земе? Како иде тоа?
Кај нас денес е помирно бебе, не е веќе толкав плачко, да ве утешам друштво од 4ти скок, или јас веќе се навикнав ама уште 10 дена ќе се издржи. Инаку вчера имавме вриштење во количка за прв пат а денес не спиеше во количка ама беше мирен. Се наопаку од она што претходно беше
Ај ја да не се жалам само. Денес бебе почна да ми прави муабет. Од нигде никаде. Го изнесов надвор и на враќање нешто почна да гуга. Кога дојдов дома се утепа од гугање. Излегов со едно бебе, се вратив со друго. И еве уште се правиме муабет. Не ми е веќе трупче бебето, кога беше жолто никакво џгуљаво од болница, сега мишелинче беличко најслатко. Единствено ми е криво што не го сликав повеќе првиот месец од што бев во хаос и паника. Затоа сега, се документирам. Брзо лета времето.
Дали некоја мајка знае да ми објасни кај крвна слика на бебе, по кои реф. Вредности се водат педијатриве, бидејки на нашава крвна слика добиените вредности се испод нормала и така катастрофално делува.. мојава докторка не се помачи да ми разглоби )
Зависи кај ја правиш крвната слика. Сите имаат различни референтни, во некои лаборатории има и за деца посебно реф.вредности. Како и да е во принцип се истите само кај бебињата леукоцитите може нешто повисоки да бидат.
Искусни мајки ми треба помош. Како да воведам оброк и кога? Пример за 6 месечно бебе доволен е еден оброк во денот? И не ми е јасно на кашичките купечки пишува дека се даваат како десерт,а и не држат ситост. Исто дома кога ќе му направам јаболко, компир и сл пак бара млеко после оброк. А читав дека еден оброк треба да замени млечен оброк. Ако знае некој да ме упати ве молам, фала однапред.
@Saf и мене ме ова интересира. Ваљда таму последна недела од 5ти месец ќе почнеме со вкусови. Денес баш комплетирав прибор за јадење.
Мене ме интересира зошто некои почнуваат со вкусови на 4, некои на 5, други на 6 месеци? По кој критериум одлучува педијатарот дека треба да се почне со вкусови?
Okej сфаќам дека сите имаат различни ама еве во 2 различни правев , вредностите испод граница и тоа е ок според докторите. Тоа ме буни.
За една каша да се смета оброк треба да содржи житарка или скроб (компир или батат) во неа. Да не биде чисто овошје или зеленчук. Затоа на кашичките што се чисто овошје пишува десерт. Оброкот би требало да биде околу 100гр за да замениш едно млеко. Комбинација од житарка со овошје или скроб со зеленчук. Исто можеш да додаваш и здрави масти како маслиново масло или авокадо.
Епа зависи колку се под нормала. Чим докторите викаат дека е ок значи е добра. Нормално е до некаде ДА им биде понизок хемоглобинот пример, додека не почнат со тврда храна и сл. Прашај си пак кога ќе отидеш ама чим ништо не кажале значи е добро.
Зависи од повеќе фактори, како напредува бебето, дали е на мајчино млеко или е на АД, дали дневниот внес на АД е доволен или премногу за 24ч, дали бебето го има изгубено рефлексот да бутка со јазиче..
Те читам и сфаќам колку сум заборавила од првото. За него многу читав, прашував ама имав време, сега знам дека ништо не знам Убаво би било ако некоја има време да напише едно резиме што треба да знаеме пред да почнеме со цврста храна или цитирајте ако веќе има некаде напишано.