Абе не поминува некој саат, јас пак на мака. Вчера бебе заспа одма после бањање. Спиеше цврсто цела ноќ. Мислам цврсто, без пафтање со рацете да се буди, иако стандард на два саати, стани, цицај, заспи, остај ја мајка ти да се мачи да презаспие. Нејсе, навика. Ми беше сомнително, ама си викам ај нешто уморно е. И денес ете се појави нов skill, гугање. Беше слатко до некаде после бањање. Што е ова, уста не затвара. Го шлапнав во релаксатор, уште гуга. Меѓу другото ми ги исцеди денес градиве. Лимони да беа, и кората ќе им ја изедеше. Не знам колку вода испив, очиве суви ми се. Дали влегува во третиот скок? Ене се љуља и гуга и не сака да спие, а мене веќе ни снага не ме држи, а ми се спие. Страв ми е да помислам дека ова може и цела вечер да трае. А и заборавив да кажам, се научи и да дрпа се со рацете, цело време ме плеска по фаца, не знам што е ова, ме тегне за панталони, маици. Идам да си пукнам. Баш си реков, неколку дена уживанција ни беше, мислев и денес, да си пуштам нешто филмче, серија, ама, ташак (со извинување).
Преку ден во раце дремнува 10-15 мин и кога ќе ја оставам одма се буди..ама се дешава и ноќе да не спие
Овие два дена или ми наговестува 4 скок или фино си го почнавме. Од бебе шо цицаше макс на 2 ипол часа, вчера и денес нејќе да виде цице порано од 3 ипол саати. Само да ме види како ја кревам блузата вришти. Денес и се собраа 4-5 оброци. Измеѓу нив не плаче за јадење ама ја приметувам знае да покемка. Дали е 4 скок или нешто друго во прашање? На колку време ви цицаат денски бебушите? Инаку вечерта од 10 ипол до 10 ипол сабајле стана само еднаш во 6 ипол. Ко многу малце некако подоиве. Уште едно прашање, имам купено оградица за креветчето, но страв ми е да ја наместам дека нели не се препорачливи. Тоа е заради задушување или заради струење на воздух? Баш е слатка до пола креветче во висина, не до горе и само од долгата страна и кај главчето. Да ја чувам во шкаф а, и до кога? Спојлер: Оградица
@TheGoldenPeach и ние го тераме 4 скок и моево бебе може по 4-5 саати да не му понудам да цица и да не заплаче. Затоа ко ќе и дадам незнае од каде попрво да повлече. Денес на пример ос 15.30 до 21.00 не беше цицана и глас не пушти Оградица таква имам од 1 ден, имав и за поголемата
Мајки дали е нормално бебе ми стануваше на два ипол сати да јаде, еве сега неколку дена врзува по 4 или 5 сати? Си напредува супер ама малку ме чуди сега ова спиење. Иначе сме на мајчино млеко и утре правиме 3 месеци
Лелеее и така е кнап со килажа уште да не цица фали, се пренервирав цел ден. Еве сега стана за цицање (6ч поминати) и пак се бунеше 5 мин дур почне. Ја држам на цице ама со цуцла во уста и чекам чекам чекам, тргам цуцла и дирек брадавица во уста дур е несвесна да зацица. Е само вака ми успева и тоа по неколку пати пробување. Скроз нормално мајка, мојава по 7 часа си ги сврзува без проблем на истава возраст.
Моето е исто преку ден, само во раци дремнува. Преку ден не менувај ништо сега пробај прво навечер да оправиш. Направи една иста рутина секоја вечер. Пример ние во 7 го облекувам во пиџами, го мачкам со кремче, ставам уље на стапалата и овој период му чистам и носето. После го носам во спална, затемнувам, пуштам бел звук и му давам млеко. Кога ќе се најаде го спуштам во креветче и го галам некој пола саат и потоа заспива. Ова секоја вечер без исклучок. Сега уште со пиењето на млеко знае дека е време за спиење. Кога ќе го средиш ноќното спиење може да почнеш да работиш на дневните дремки
Јас имам оградици на креветчето. И сум пишала мислам бебуш мора да биде пикнат во нешто со главата, дали оградица, дали перница, дали ќебе...инаку не спие. Така спие и татко му, крвта не е вода. Од прво ми беше страв ама сеа веќе немам што да му правам, така спие и готово. Ако нема нешто во близина се нервира и се буди.. што дете ќе беше
Секако дека има корист. Одмрзни го малце млекцето да омекне, јас успевам да го искршам додека е мраз, додај во топла кашичка, ем ќе ти ја олади кашичката, ем ќе се растопи. Промешај, толку. Или со бисквитки ЛоБело, за бебиња.
Моево цел месец по еднаш пиеше млеко во текот на ноќта, но ноќеска пак стара песна- двапати. Вашите по колку пати пијат млеко? Јас сакам да скратам едно, но како? Не сака со цуцла да презаспие. Дали е можно во скок во развој да бара повеќе млеко? Тука читам дека вашите не сакаат да цицаат.
Ај добро утро и добро дошле во 3ти скок! Си ме изнасмеала од срце сабајлево! Па нек си гуга беба гледаш среќно си е, работата е што ние сме уморни. Те гушкам!
Мајки како бебето порано да станува сабајле и порано да заспива навечер? 3м е. Ноќеска се буди во 2,5,7, и после 7 пак презаспива до кај 9/10 а навечер уште во 21:00 пробуваме да го заспиеме.. Задремува до кај 22:00 пак цица и заспива дури во 23:00? Пред некоја недела си заспиваше во 21:00 и сабајле се будеше во 08:00. Нешто погрешив или период е?
Почна со дохрана? Инаку и мојава не бара да цица, и цица по малку, и еве ја напреднала повеќе од претходниот месец. Бебека беше нервозна, квичеше пред две недели, а сега е мирна баш, вчера дали дека болна спиеше од 17 часот до 20 часот. Стана, си гукаше, си заспа накај полноќ. Повеќе одговара скокот да почнува од денот на раѓање.
Мајки прва рота и шестовалентна ја помина малава без температура, повраќање и сл. Денес прими втора рота и петовалентна. Вашето искуство што кажува исто ко претходниот пат или може да изненади со реакција?
Еве денес дур е поспана давам. Или од ко ќе стане или дур ја заспивам, зависи како ќе се погодат дремките и засега добро оди без плачки. Пробај така.
Добро бебево мое ќе фати некогаш ред со спиење? 4 месеци веќе иста песна никаков ред. Kога читам колку ви спијат бебињата просто се чудам. Цело време нишање па шшш, нани нани и така во круг. Ајде за физичката болка во раце нозе кичма ќе се издржи ќе помине. Ама со психичката што правиме. Кога слушам како други бебиња спијат се нервирам зошто и моето не спие така. 4 месеци веќе сум право зомби. Па и јас сум човек и јас можсм замор да осеќам. А почнав да попуштам и со нервиве више. Претходно не дека беше спијач ама овие 2 ноќи дали е од скокот или до што е не знам. На секој сат и пол,два се буди. Убиена сум веќе. Вие што сте во 4ти како ви спијат бебињата?