Ништо немам против дури и сакам, обожавам гушкање јас ама има проблем кичмата ќе ми пукне он веќе е седум кила вчера раката ми отече не е безбеден толку долго во раце кај мене
Ако имаш врмее е супер. Моја пријателка ја почна но бара мнооогу посветеност. Јас бидејќи порано ќе почнам со работа не би можела иако е супер
Еве го моево скоро 9кг. Пред некоја недела коа мислев скок, само во раце се смируваше и заспиваше. Ќе полудев да не го држав во раце, само да не пишти. Сеа менува, еднаш во раце 2 пати во количка, еднаш на тросед итн заспива. И јас се мислам, ми личи на небезбедно. Не знам дали би можела да седам и да го гледам мирна со тој гаг рефлекс хаха.
Парчиња храна служиш самп да се рани бебето. Варен компир, брокула итн омекнато и сечено колку големина на прст
Со оглед дека преку ден само во раце ми спие од кога е родено, имам против истото да го правам и навечер. Заспива во раце, ама не дозволувам и ноќта да ја преспива на мене. Ќе се буди неколку пати, ќе плаче, ќе се умори, ќе заспие. Мајка сум, но имам потреби. Не зборувам за обврски низ домот, туку лични, нешто како одење до вц. Дополнително што спиеме заедно и не смеам да мрднам, иначе отиде сонот на двајцата. Моментално пишувам со бебуш во раце. Бањање Миење заби Нужда Јадење Така што моево моментално ништо не го мачи, цицка си сака за перница, тоа е.
Ако е приготвена храната соодветно не е ништо понебезбедно од тоа ти да му даваш блендирани каши. А за гаг реглексот може да се јави и кај кашите, не само со јадење парчиња. Да непријатен е за гледање, но само смирено треба во тој момент. По blw не значи само парчиња, може и каши да јаде бебето, или со раце или со 3 лажички кои ги ротираш. Јас комбинирав, некои оброци сами да ги јадат, некои јас им давав.
Дали е ок бебе од 3 месеци да мрда многу кога спие? Премногу е немирно и се буди. Сношти го ставив на стомак и одма заспа. Цуцла не сака ама затоа 2 раци цели ги пика во уста
Дали е ок не знам, ама и моево многу немирно спие. Го тапкам по пелена, се смирува и обавезно го држам за раце.
Внук ми така почна да јаде, претходно не јадеше ништо. Сега си е голем јадач, благодарение на овој метод. Е сега ова бара премногу време и голема посветеност. Сестра ми додека беше дома супер и одеше, сега тргна на работа и тешко е, премногу готвење треба. Ако си дома би ти го препорачала. Кај внук ми е добро што засака да јаде, и сега кога го запоставува овој метод зашто нема кој да готви толку, си продолжи да јаде и каши. Така да барем за почеток е супер, да ја засака бебе храната и да научи да јаде сам
цицка за перница. Сум го правела истото, спиел на мене, ама вообичаено кога има мака некоја. Или коа беше мало дека прематурче е моето па од жал. Ама не беше тогаш 9кг.
Иста песна 4 месеци веќе. Преку ден има ред со кратки дремки и кога е буден мора да сум околу него иначе плаче. Навечер станува од 30 мин. до 1,5 час. Повеќе од 2 часа не сум сврзала никогаш. Имаше краток период му почнуваше денот од 6ч., но во глобала од 5ч. е буден. Не си сама.
Има некоја мајка со 3+ бебе што спие по цела ноќ? Ко ќе ве читам си мислам да не не е во ред нешто што ја преспива ноќта по многу саати, или рано е за тој скок со неспиење? Пример последно заспивање сношти во 23 часот, сабајле во 9 и 30 сама ја разбудив, ќе продолжеше инаку. Цицаше само еднаш кон 7 и тоа пак јас и давам, го спремам големиот за училиште и се размрдува тогаш.
Мами секое бебче прича за себе. Пример мојата до 8ми месец спиеше по 12-13 саати ноќе, на другарката од прв ден не спиеше ни ден ни ноќ. И едното е нормално, и другото. Се додека напредуваат добро
Исто сесре. Во суштина сум за се она Ели што го рече, ама моментално сум очајна. И првото дете сакаше дневните дремки да се исклучиво во раце и така теравме. Ама после тоа можев да си ја ставам во креветче со глодалки, прожектор, тоа врталото горе и имав време и за вц, и да подзачистам и да зготвам нешто или да седнам и изглеам серија. Ова дете сега ем да спие во раце, ем после само во раце ништо не можам да напраам. Единствено наутро заседува на под, колку да се измијам, нешто од на нога да каснам. Ем ноќе спијам веќе месец со една цицка надвор за да ја мириса и да си мези кога ќе му текне иначе нема да спие. Грб и кичма ме кинат. Цела спијам искривена. Мочам сабајле пред да замине маж на работа и тек после 4 кога ќе дојде. И со хемороидите проблемот ми се влоши кај и така излагам ретко оти тврда столица, еве го сеа во раце ми е па стискам. Организмов ми се поремети. Со 4ти скок си прибра уште некоја лоша навика и 5ти така го истера и уште така си тера. Колку што сум против и на првото не сум дала никакви дубаци, проодувалки или било какви помагала, еве цело утро читам за џампер да му купам на малиов пошто е силен веќе и вратот му е стабилен. Експертите велат да не биде повеќе од 2 пати на ден и по 10 до 15 мин најмногу. Колку толку. Без помош сум и сум веќе очајна да одам во вц кога ќе ми се оди. Сите здравствени проблеми ми се влошија. А на децава им треба здрав родител. И еве второ ми е, ама не знам што да правам. Првото ич не беше лепенка и ко штафета сегде одеше, и ден денеска е таква со сите. Овој да можам цицката некако да ја пресечам и да му ја ставам во креветче да ја гушка па ако не…