Немам намера ако е сомплачење, има толку добри странски тренери ќе си платам на инстаграм и за помалку пари ќе прашам баш ќе и пишам по кој метод работи.
Ние , станува само за цицање и одма презаспива , ако легне во 22h , станува во 3h па после во 7 или 8 , зависи и после во 9 или 10 и е официјалното станување , ама затоа преку ден , до пред месец дена и за цицање не стануваше , врзуваше по 7 саати , сега нешто се полакоми
Зависи , кога беше помала гледав на саат и пол да ја легнам барем по 40 мин спиеше , сега откако сме во скок се ни е променето , вчера спиеше два пати по пола саат и еднаш 15 мин , денес имаше една дремка 15 мин кај 11 , а стана малку пред 9 , и кај 13 и 30 заспа еве ја спие уште , денски никако ред да се фати , секој ден менува , а навечер и покасно да легне тој и е редот на 5 саати станува да цица
Јас имам друго прашање, вие 4+ месеци што големина носат малите? Многу комплетчина што ги добивме на поклон ќе ги утнев од тоа што се водам по големини, 6-9 големина веќе ни е кнап, еве денес комплетчиња што земав 9-12 се за да ги носи наредниот месец. Или пак големините кај нас не ваљаат или дечково ми е апла напреден А да 7кг имавме пред некои 2-3 недели.
Толкави и мојата, исто околу 7 кг е. Мали се калапите изгледа не знам инаку како е можно, за 9 месеци тренерчиња носи на 3 месеци.
Обично за машките велат дека се понапредни поготово кога ќе споредам со моја цурица 5.5 месеци - 7 кг. Сега почнуваат да и се кнап тие од 3-6 месеци. Ако ништо друго од почеток си ја носи облеката фул
Јас давам свежи блендирани и тањирот пред него сам да јаде. Уште не сум пробала со цели парчиња. Се важи ли тоа?
Многу рано не знам кога ми се чини од раѓање ја држеше сам. Ама секое бебе приказна за себе. До 6 месеци треба да воспостават целосна контрола на главче.
И јас го имам истиот проблем. 2++ е бебе, а го облекувам во 6 до 9 месеци. 6 ипол кила. Во Ваикики ако купуваш, според мене најправилно им се броевите. Зара, Картерс, Енци Менци исто се во ред за броеви. Другото, особено маалските продавнички, врска немаат. Како Робин Худ ми е бебе во нивните. Ем прска кај бутчињата, ем ги буши со прстињата.
12-18 ,имам и поголеми. Моментално 5+++ сме. На 4 месеци за годинка му земав му беа полабави ама таман.
Во однос на исхраната, колку време му беше потребно на бебе од пробување неколку лажички до цел оброк? Почнав минатата недела со вкусови ама едвај по две лажички дали ќе проба и толку. Едит: Совет од поискусните, дали сега се фокусирам на што повеќе разни вкусови да воведам или на тоа да стигне бебе до цел оброк?
Цел месец бевме само на вкусови ако не и повеќе. Но столицата уште не му е регулирана. Сега почнавме со оброци пак има темни и тврди столици. Давам вода и компот од модри сливи. Некоја мајка да каже дали е нормално и кога ќе се регулира?
3 недели пробуваше вкусови, па направивме неколку дена пауза, беше настината и веќе да речам по скоро месец почнавме со оброк. Моево бебе ужива да јаде. Како си ја мљацка кашицата, со мерак