Имам бебе од 20 дена, почнавме со НАН бидејќи со тоа го ранеа во болница, од совети од други родители се префрливме на Аптамил против грчеви. Првите денови беше во ред, но вчера и денес речиси после секое јадење се грчи и многу плаче. Од што може дс биде? Инаку додека го храневме со НАН не какаше и по 2 дена. А сега си кака и по 2-3 пати во денот.
А зошто викате многу време одзема блв? Исто време се готви храната плус тоа што јаде само доста олеснува, за тоа време се средува кујната. Јас за првото немав читано којзнае колку, почнав со блендирано дека прво дете и стравови си имав ама за брзо почнав и парчиња да му давам. Препораки за воведување вкусови строго следев, без сол, шеќер до година ама за другото некако инстинктивно се водев. Вода директно од чаша за ракија давав, па така никогаш не успеав да подметнам шише (а сакав, будала), јаде сам со прибор од година. Има многу придобивки од блв, здравје и за второво исто ќе правам освен ако не ми речат порано да почнеме зашто на ад е. Првото ми беше доенче и почнавме покасно.
Кога ве читам како бебињата ви легнуваат во 6,7 си викам ова моево е сигурно ноќна птица . Заспива накај 12 и спие до кај 10, 11 сабајле (пладне веке де), со будење за цицање. Некогаш се буди и во 7,8 цица си играме пола саат и пак заспива. Почнав да следам будни прозори и мислам дека функционираме на тој начин. Рутина и не знам баш дали имаме, ама пробувам да и ги следам потребите и да се прилагодам. Приметив кога е повеќе од 2 часа будна станува нервозна и тешко заспива. ( 7+++ недели сме). Исто заследив една страна на инста mamina spavalica, има доста корисни совети.
И кај мене е исто.. 3месеци е, заспива околу 23:00-23:30 и никако да го променам тоа. До пред некоја недела заспиваше 21:00-22:00
Мајка ,дали веруваш дека одкако се роди додека да почнеме со цврста храна ,значи на 6 почнавме цело време какаше зелено ,дали 10 пелени имала нормална кака...се збудалував и јас од грижи , а не примаше ништо ,освен она основното Д3 и пробиотик...јас си мислам дека цело време е била гладна
Ќерка ми еве реши дека у 5:50 е време да се писка смее и гуга колку што ја држи глас. И еве веќе час трае тоа и нема намера да спие. Не пишувајте колку многу ви спијат бебињата паѓам во депресија. Како само ви успева. Секоја чест. Не знам до што е. Ама се е пробано и не спие и точка. Полудев веќе.
Мое дете нема заспано во 7 никогаш. И првото и ова пред 23ч нема спиење. Со првото се трудев да го променам тоа, со ова ич. Кога сака нека спие кога сака нека се буди, бебе е, не војник во ЈНА
За спиењето ноќе откако ќе го успиеш пробај остави му до лицето твоја маица што си ја носела, прсни и млекце и нека ја мириса. Можда ќе упали
Мидлам дека се си е до бебето. Еве моето бебе еден период заспиваше околу 8-9ч и стануваше околу 5 сега почна покасно да заспива околи 11-12ч и сабајле станува во 7-8ч вака ми е подобро и јас сум наспана и немам гајле. Дење има 4-5 дремки ама тогаш сака во многу тишина да спие, ако тропне нешто веднаш се ждимнува и се буди, заспива се во раце или на цице, порано сама заспиваше сега нема шанси така.
@kristina.k И моево е дете спијач, некогаш од 10 ипол ноќта до 10 ипол сабајле само еднаш станува за цицање, а претежно два пати. Со сопругот сме поизнаспани од претходно. Дури и дневни дремки има супер 4-5 во времетраење од 45 минути па до саат ипол. Те чувствувам мајка, кај нас се јави од втор месец па наваму. Не верувам да е гладна, весела е, разиграна, спие редовно, јаде редовно, никогаш не плаче за јадење. Дури и ноќта ко ќе се разбуди не плаче, си игра и си ги цуца рацете и така ја сеќавам. Др рече со цврстата храна ќе и се среди па ќе видеме... @Yowannty Супер совети делиш за нас мајки почетници и неискусни со хранењево, па да прашам уште нешто. Пример еве при ексклузивно доење велат препорачливо е по 6 месеци да се почне. Но ме буни тоа пробување вкусови. Ако почнам со оброци со полни 6 месеци, тоа значи оттогаш со вкусови се почнува или пример со 5++ веќе да се вкусува по лажица две за до 6 да стасаме до едно оброче?
Пробано ми е. Имам и две специјални мечиња за таа намена. Знаеш, колку подолго така спие си собира и други работи. Сега веќе и по топлина ме осеќа. Не можам со другото дете да станам наутро за да ја спремам за градинка, а да не се разбуди уште не симната од кревет. Успех е ако стасам до вратата. Имам и мече што се загрева во микро за да му го ставам топло до него ама џабе. Негде ја утнав не знам ни сама каде. Голем е многу, ова дете од маж ги собрало гените. 5 месеци ама е како 8-9 месечно и нормално повеќе сила има. Многу прета едвај го додржувам во раце. Одма почнува со тегнење само што ќе насети дека одам накај софата да седнам. А ако седнам силен е се исправа на нозе. Шантра лево десно, ама сила има цел се подига. Затоа и ќе му земам џампер за Божик. Се жалев дека ќерка ми е тешка во раце, се смеам сама на себе сеа. Веројатно ќе дознаам кај погрешив кога ќе помине ситуацијава. @TheGoldenPeach ако почнеш со 6 месеци да воведуваш вкусови, оброк ќе имаш накај 7миот месец. Почни со 5+ месеци и ќе имаш оброк порано ако така сакаш. Генерално после недела пробување вкусови зголемуваш колку му даваш за да се навикнува желудничето полека. На пример можеш од сам почеток да даваш колку бебето сака оти повеќето бебиња не сакаат, плукаат и им треба и нив време да се навикнат. Ама има бебиња и лапачи со нив треба полека за да не се оптерети желудниче. 5-10 минути по храната нудиш вода.
Хахахаха, ме изнасмеа Да ти кажам право мене баш и ми одговара ова, навечер функционирам перфектно ама затоа сабајле во 5/6 сум за никаде... Да се надевам да продолжи вака . ЈНА бе, хахахаха
@Yowannty Баш ова ме интересираше фала ти на објаснувањето. Утрово сум возбудена со исхранава па изнарачав свашта од twistshake, опремени да сме со време. А мојава е 3 ипол месеци ама еуфорија ме здрма од муабетиве ваму хаха Туку да ве прашам кога бебињава ви изразија желба за седење? Борби водам со моево џивџи, јадра нема уште, а дур ја држам навалена на моите гради ми се исправа скроз и си седи на мојот стомак бе! Ја враќам назад, пак се исправа, ми е страв да не и иди тежина и да напраам белја. Секако нема шанса да ја оставам уште сега да седи сама ама вака праат толку мали?
Може ќе се разјаде дете од старт Не мора па баш со зеленчук само да се почнува. Ова го имав како предлог (само прв вкус е сам после се меша) тиквица, батат, јаболко, палента, слива, маслиново, блитва, круша, просо, пример скоро за месец. Се почнува од 6м. @Skyler мене со блв не ми е тешко чистењето, ок напорно е ама се завршува али одзема стварно многу време. Мене ми беше оптеретување колку јаде, пошто не можеш да видиш колку јаде. А башка не можеш само да го оставиш, треба да јадете заедно, да се учи, да му покажеш, не дај боже да изреагираш ако треба, 1 саат од оброк не бега. Давењето е тивко, никаков знак не дава, нема да се закашла или да почне гаг рефлекс што ние често го викаме давење, а не е. Ризикот е ист и со каши и со парчиња, од тоа ми е подеднакво страв, али има начини да го исклучиш или да го сведеш на минимум. Искрено уживање ми е да ја гледам како учи и истражува преку храната па не ми смета и неред и шлакање и време што немам, ама не е за секој дефинитивно.
Со првото почнав со овошје и зеленчук не ми пројаде до 2 3 години. Не ја правам истата грешка пак. Но но .
Не мора само зеленчук да даваш 2 недели, па само овошје 2 недели. Можеш да даваш наизменично.2-3 дена зеленчук, 2-3 дена овошје.
И моето кога го држам во раце прави исто, се потпира на стомак како да седи, а нема два месеца уште Постојано го исправам ама тој пак. И во релаксатор ја дига главата како да сака да седи. Некако мн е рано страв ми е, ама тој сам си се мести така
Знам дека така викаат, ама не најдов некои валидни факти за тоа. Демек ако пробале благо немало да сакаат зеленлук.. Па плодова вода, мајчино млеко се слатки. Ама и јас така почнав со зеленчук и еве па ништо не јаде. Само нека се лапачи па нека крка што сака колку сака, стварно само од детето зависи.