Каков пробиотик давате? За што се дава тоа? Мене ни во болница ни педијатар ми има препишано такво нешто.
Дали вашите бебиња кога цицат и спијат мавтат со рачиња и нозиња? Понекогаш од толку мавтење мислам ќе ми ја скине цицето и во сон се буди со мавтање раце, нозе.
Да бе ... Пишав пред некој ден ... Абе ме отепа буквално. Мајка ми вели требало со тетра да го покривам. Не сум го покрила да пробам
Да го замотам или да го покријам? Јас со тенко кебе го покривам. Го ставив и во вреќа абе од вреќата ќе излезе. Ич не ми спие веќе неколку дена.
Да го покриеш исто како што некои се покриваат во јавност за доење. Демек дека се му било интересно одоколу затоа правело така, вака покриено нема што да гледа и ќе се нацицало. Нѐ покривала мене и сестра ми
Мустела стелатопиа на лиценцето може да се мачка така? Синоќа после капење многу сува и беше кожата на лиценцето, прв пат така ни се случува
Моето до 3 м заспиваше кај 9. После почна во 7 8 и уште така заспива. Некогаш ако е многу уморен знае и во 6 да заспие. Се буди 2 3 пати за млеко ама презаспива до кај 7-8 сабајле.
И мојава спие вака. Нема никако како да и сменеш, и јас сакам во 21 да заспива, ама нема. И што и да пробаш е џабе. Не си ме читала изгледа за првото дете. Он не спиеше воопшто, јас и на болница го носев дури. Значи ќе стане накај полноќ, а до тогаш дремнуваше до 15 мин, и седеше докај 4 -5 саато. Преку ден кратки дремки и само во раце. Не јадеше, само од овошните по неколку лажици и толку. Еве го 9 години е, спие до мене и кога ќе станам од кревет во момент се буди. @Yowannty не читај Но порасна, почна да јаде, нека се само здрави и живи, еве сега ми се погоди да спие. Седи и во релаксаторот. Синко ни таму не сакаше. Иста мајка, различни деца. А што се не пробав. И се беше џабе. Туку, мајки од кога почнавте да ги возите во спортскиот дел на количката? Бебка гледам дека веќе не сака да лежи во кошарата оти не може да гледа.
Не бре какви две недели. Хахах, два дена компир, два морков, па после јаболче одам, кајсија, банана. Е да благунаво е, ама и морковор е благунав нели.
Јас на два ипол месеци. Така во картонот ми пишуваше. Ама ти ако сакаш на приватно да го носиш закажи уште сега. Јас кога се роди по неколку дена закажав за два ипол месеци. Се чека полно. За државно не знам како иде, но претпоставувам и таму со термини се за никаде.
Цело време мафта со рачињата додека цица, го оставам. Навечер за раче се држиме, а некогаш и двете ги држам, затоа што се буди. Тоа е моро рефлекс.
Туку што е манијата со twistshake? Земам памперси од Еурофарм и за уште два пакета ми следи нешто од нивната колекција? Се мислам нешто да земам со клунче, за кога ќе дојде време за пиење на сокчиња. Вака да земам шише џабе ми е, бебе не сака со очи да види силикон.
24-25 ми е, не дозагревам, само на парно. Спие по пелена и шпихозна, покриено само со тенко ќебе, а некогаш и памучна прекривка. Нема ни чорапи, ни боди. Ги допирам градите, топли се. Тоа ти е најдобар индикатор дали му е, или пак не му топло.
Боди на кратки и шпикозна, исто и за спиење покриено со тенко кебенце или во врекичка. 24 степени е, а во спална некогаш качува и до 27 па отварам врата често
Околу 24-25 ни е дома, со парно се грееме, боди со кратки , тренерчиња ептен тенки и чорапи носи. За спиење спалната не ја грееме преку ден, навечер затоплуваме до кај 21-22 спие со боди на кратки и тенки пижамчиња без чорапи, покриен со кебе.
Нели имаат 30% на се и декември го продолжија ? . Јас зедов термос а шишето со клунче некако тврдо ми личеше клунчето и не земав, земав проверено томи типи. Од твистшејк зедов термос од кој не сум задоволна. А и не ми се свиѓаат шишињата немаат никаков дезен, можеле пошаренки да ги направат Мислам дека им се добри чиниите за јадење бидејќи не лизгаат….