Од 3 ипол месеци отприлика. Во 4 скок. Регресија на спиење, преминуваат од спиење на новороденче во спиење како нас возрасните. Се будат на секој саат во превод и тешко им е да презаспијат. Додека се научат да презаспиваат како нас може да има кенкање во спиење, плачење, липтање, кратки дневни дремки и сл.
На 9 и 16 месеци ми беа најтешките регресии, други дали има и колку има не знам ама овие ми го пореметија цел биоритам. Будење во сред ноќ наспиен и спремен за игра, кратки дремки, тешко заспивање и презаспивање, немирен сон, овие работи се случуваат и обично во регресија скратуваат една дремка.
Здраво мајки бебето ми е старо 19 дена веќе 11ти ден се бориме со затнато носе педијатарот ни препиша corine de farme физиолошки раствор и чистиме со аспиратор меѓутоа многу ми е жален неможе да спие Денес почна и да поткашлува по малце,контактирав педијатар чекам одговор.. Треба да превземам нешто друго? Фала ви однапред..
Чек, се плашиш од нешто шо се нема ни случено? Абе гушкај бебе таму, не се замарај однапред со нешо шо може и да не се ни случи. Не се сите по книга А и да се случи, ќе се справиш
Мене па ми рекоа на 4 месеци ко ке наполни петовалентната, рота и превенар. Дефинитивно немаат ред никаде, секаде е различно
Седи и уживај. Ја регресии некои за да си искубам коси не сум осетила. 4тиот фамозен скок ко бебенца го преспавме сите дома Во 7ми скок не знам дали беше регресија тоа шо скрати дремка па додека сфатам шо и е, ми се изремети малку мирот ама еве арни сме, живи сме, психички добри сме сеа за сеа
Мислам ноќното спиење дека се пореметува. Пак ќе кажам ако беше тоа регресија во 7ми скок, само ноќе си имавме муабети, па плачење, па спиење само у раце ко на креветчето боцки да имаше. Преку ден можеше и на паркетот да легне да заспие без проблем
Пошо денското спиење многу арно ни се виде, сега и ноќното Туку можно ли е бебињата да имаат кошмари? Вчера многу немирна вечер имавме, се борев со рацете цела ноќ. И таман око склопив, кога врисна, не да плаче, туку врисна и цело беше избезумено. Му дадов цице како ништо да не било.
Оф не знам од кога се јавуваат кошмари. Нели е многу мало за тоа? Може трескам глупости де ама некоја логика ми вика дека поголеми имаат кошмари
Што значи тоа пробување вкусови па воведување оброк? Кој ќе ми каже кога да почнам? Има ли некаде некаква табела по што би се раководела? Гледам некои почнуваат од 4, некои од 5, некои од 6 месеци. Од што зависи тоа? Или пак идеи за оброци како да давам, од каде да гледам?
@Alexandrite кој месец ти е бебето? Тоа што го пишуваш е слично како моето. Ние сме за 2 дена 3 месеци
Мајки бебе на планина што викате? Нормално нема по скијачки центри да одиме и висиме надвор. Резервиравме Србија, преглед имаме ден пред тргање тогаш ќе бидеме скоро 4 месеци.
Општо спиењето се пореметува. И ден и ноќ. Додека не влезат во длабок сон им е многу тешко, ќе кенка ќе се врти ќе прета ќе плаче итн. Тогаш не треба да се буди и да се чепка. Моето по 10 мин кенка во спиење и после знам дека е заспан убаво.