Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    5.072
    Допаѓања:
    42.842
    Пол:
    Женски
    Пробување вкусови е всушност запознавање на бебето со цврста( немлечна) храна. Се почнува со овошје/зеленчук. Прв ден даваш неколку лажички од една намирница. Следниот ден зголемуваш. По два дена нова намирница. Тоа е пробување вкусови и тој процес трае сигурно еден месец. За тој месец бебето ќе биде доволно усовршено да почне да јаде цел оброк од 100тина грама. Тоа е воведување оброк.
    Во однос на тоа кога да се почне со дохрана, зависи од многу фактори. Дали е бебето спремно, дали напредува, дали има потреба од порано да се воведе цврста храна....
    Јас со двете деца почнав на 5, 5ипол месеци. Првиот месец е запознавање со храната.
    Сокови ни на првото а ни сега на другово не давам и не планирам.
    Цица кога сака/колку сака.

    За (не)спиењето, скоро прочитав некоја статија дека на бебињава страшно им сметала промена на време, тоа го изразувале претежно ноќе, со неспиење нели :)
    И моево ноќеска поштено се изнаспа во раце за мајка му денес да биде зомби.
     
    На hello-kitty.90, Rtulka, Yowannty и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Saf

    Saf Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2018
    Пораки:
    1.259
    Допаѓања:
    1.612
    Убавини. Нема да е ни многу мало. Уживајте! Ние сме во село веќе некое време поубаво не му било, шетање, чист воздух, органска храна.. крвната слика бомба.
     
    На Rtulka, januari19 и Cloverrrr им се допаѓа ова.
  3. Saf

    Saf Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2018
    Пораки:
    1.259
    Допаѓања:
    1.612
    Ние шестовалентна на 3 ипол месеци примивме. Превенар на 5. Секаде е различно.
     
    На Rtulka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.296
    Допаѓања:
    4.953
    Пол:
    Женски
    За рота ми рекоа најкасно до 8.12, бебето ке е 3 месеци и 8 дена а тука велите дека е најкасно до 12та недела.
     
  5. Skyler

    Skyler Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    13.505
    Пол:
    Женски
    Да не е вакцината од друга фирма? Инаку сум барала и јас по интернет, некаде пишува 12та, некаде 15та ама се водев по диспанзерот (12та недела). Како ти рекле, така, сигурно знаат повеќе од нас.
     
  6. Saf

    Saf Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2018
    Пораки:
    1.259
    Допаѓања:
    1.612
    Прва доза најкасно до 12та недела. Твоето беше малку порано родено или грешка сум? Да не е поради тоа нешто.
     
  7. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.793
    Допаѓања:
    122.547
    Пол:
    Женски
    Нема ништо подобро од бебе на планина. И надвор да е да дише чист воздух, нормално убаво обелечено во скафандерче и лиценцето заштитено со некоја мрсна крема.
     
    На Srcka28, JuLleE, Rtulka и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Cloverrrr

    Cloverrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2019
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    2.648
    Пол:
    Женски
    Читам хотелов е на 1300 надморска висина ваљда е ок за бебули
    :?:
     
    На fana и Rtulka им се допаѓа ова.
  9. TinnaMinna

    TinnaMinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2022
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    544
    Пол:
    Женски
  10. Skyler

    Skyler Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    13.505
    Пол:
    Женски
    На TinnaMinna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.539
    Допаѓања:
    17.270
    Пол:
    Женски
    Јас баш неделава бев на контрола со малава (4 месеци) и баш прашував за планина. Матичнава вика слободно уживајте колку можете, поубаво нема
     
    На Rtulka, JuLleE, Arababy и 3 други им се допаѓа ова.
  12. J.94

    J.94 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2022
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Dali nekoj ima koristenk Colief i Infacalm kapki protiv grcevi?
     
    На Rtulka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. TinnaMinna

    TinnaMinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2022
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    544
    Пол:
    Женски
    Јас му користев Colief ама не му помагаа а околу 700 ден. се.
    А сега му давам Co-lactase и му помагаат и поефтини се
     
    На Rtulka и J.94 им се допаѓа ова.
  14. Tasija92

    Tasija92 Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2022
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Брис од носе направете
     
  15. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.979
    Допаѓања:
    21.188
    Ќерка ми беше болна, а јас прочитав дека втора доза се прима до 22 недела и отидов дента пред да наполни 22 недели и и викам на докторката, дојдов да ја прими само рота ако оцените дека може зошто и е последен рок за примање.
    И она ме гледа и вика, погледнува во книшката и вика па она само 5 месеци има? И викам да, ама утре полни 22 недели, нели втора доза мора до 22 недела.
    Ми се насмеа и ми вика нема врска, носи си го бебето, нека оздрави и донеси го на вакцина. Рече прва доза мора да се прими најкасно до 12 недела, а останатите дози да се примат до осмиот месец, нема ограничување по недели.
     
    На The_Doctor и fana им се допаѓа ова.
  16. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.296
    Допаѓања:
    4.953
    Пол:
    Женски
    Јас како бројам до 08.12 се 14 недели на моето бебе, а ми рекоа до тогаш крајно да ја прими првата доза рота.Дали да му ја ставам, што ако е после рокот, да не му наштети на бебе?роден е на 01.09 да не грешно рачунам?
     
  17. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.979
    Допаѓања:
    21.188
    Ако ти кажале така таму, така прави. Видиш и за ограничувањата по недели различно кажуваат.
    Ако ти е шубе, прашај ги зошто некои викаат дека се прима до 12,а на твоето му се фаќа 14 недела,па ќе видиш дали може така или можеби згрешиле во рачунањето.
     
  18. Skyler

    Skyler Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    13.505
    Пол:
    Женски
    Моето не ја прими втората доза после 22ра недела, ни рекоа дека сме го пропуштиле рокот. На моја блиска во друг диспанзер за првата доза и рекоа до 12та недела.
    Еве и тие дали знаат што прават, едната слика е од здравство.мк другата од упатството.

    92CB5F99-FEB6-4466-80EF-EBBAAE66801D.jpeg
    70F52321-B90F-4730-98FE-449B9A365DDC.jpeg
     
    На hello-kitty.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.239
    Пишував претходно. Ограничувањата за примањето на рота вакцината се поврзани со преплет на црева. Колку покасно ја прими, поголем е ризикот. Затоа инсистираат да биде дадена што порано. До осми месец треба трите дози да ги има примено. Од друга страна, на нет пишува, најкасно до 15та недела.
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  20. idontwannabeyou

    idontwannabeyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2022
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    170
    Утро,ме интересира дали може да комбинирам доење и ад млеко?Прво да и давам да цица па после ад?Се плашам дека моето не и стигнува