Од што качи температура? Да не вади заби? Од тоа може да е потењето. Моето се поти, ама не до толку многу, само главата. И главата му е ладна, откако ќе се испоти му паѓа температурата. Доктор ми рече нормално е ама којзнае.. зголемив на витамин Д, не е пренаоблечен, се си е најнормално и пак се поти.
На систематски бевме на 3 месеци и 3 недели. Педијатарот рече меко и е главчето и ни накачи вит Д. Досега пиеше една капсула бејбитол д3+омега, а сега ни додаде плус и 10 капки Пливит еден месец. После тоа намалуваме на 2 капки. Прашањето ми е, нели е премногу 10 капки пливит, па и една капсула? Па само во капсулата има дневно препорачана количина д3. Страв ми е толку висока доза да давам, се мислам да намалам.
Колку што знам до 1000 - 1500 единици е дозволено во денот. Во 2 капки пливит имаше 400 ако не се лажам? И една на бејбитол исто 400 тоа се 800. 10 капки е премногу според мене да не не сте се разбрале.
Така облечено спиеше и предходно, сме немале таков проблем. И во текот на денот на периоди се поти, исто кога го пие млекцето (му го правам поладно). Уште пред 2недели почна по малце во главчето при пиење на млеко да се испоти, ама откако ја спуштивме температурата наеднаш почна ваквото потење буквално преку ноќ.
Два дена хаос со ноќно спиење, на секои 3 саата се будеше за млеко, денски фативме некој ред иако плачењето се замени со кенкање, потешко заспиваме денски, помалку јаде ( барем не сме на штрајк ) ужас беше кога не јадеше по цел ден. Таман ќе фатиме ред ќе влетаме во 5ти скок па јово наново се
Фативме вирус сите дома со кашлање и температура, исто и забче има на повидок. На моето и предходно му беше ладно главчето ноќе, ама сега и накај вратчето и градите осеќам ладно од што се испотил. Колку му е температурата кога спие? Стварно страв ме фаќа кога ке мерам 35, 35.3 итн... Што ако спадне уште повеќе, а да не ја проверам во моментот??
Во капсулата мислам има 200ие што е далеку од препорачана доза ама и ова што ви препишал некако премногу ударно за 3 месеци. Како и да е, до 2000ие може да се дава така да, верувам знае што прави докторот зашто дефицит на д витамин е уште полошо. Јас би го послушала, ако си сигурна дека добро сте се разбрале. Евентуално да побараш второ мислење од ортопед. @Saf Мислам тебе те прочитав за бебчето дека се буди и се врти на стомак, ако добро те сфатив дека сака да спие на меше оставај го.
Иста драма, од денес се врти не е никако за оставање и крева глава да седи неможе да се држи во раце он би да лета ако може Вчера не ни спиев да ти кажам право, инаку де буди и сака да го држам за рака и ја сум искривена легната до креветче
Еј ќути, иста песна, во раце едвај го додржуваме, се врти на страна ама на меше уште не може па јас му помагам по малку и ќе му речам: браво мамааа и не знаеш која гавна фацка ја прави ко демек: ете успеав хахахах! Инаку и моево бара за раче да го држам при заспивање
Што е најтрагично не сака на стомак, главата ја држи подигната и телото како за лазење. Главчето му паѓа задреман целиот и пак ја крева. Ко да не сака да спие а му се спие. Лудило. Прееска заспа со нозете и телото качени на мене главата надоле му висеше. Инаку 1 саат пробуваме никако нејќеше, така заспа за 2 минути.
Не сум мерела сега брзо, некогаш му спаѓаше до 35 со 5 6 не знам. Не ни сакам да мерам ќе се испаничам само. Ако го осетам ладен го загревам со ќебенце, масажа. Го стимулирам да мрда самиот. Ја се тоа го препишувам на неразвиен систем за терморегулација. При спиење на сите ни паѓа температура, ама кај нив е поизразено можеби поради таа причина.
Значи како си наликуваат скоковите едни на други, нема шанси да ги утнеш. Барем кај мене. Да ве поздравам од трети скок. Цел ден е обесено на цице, а кога првично го нудам вришти, и боже ми помогни ако седам. Ма има да стојам и да го држам исправено, додека брадавицата грациозно паѓа како грозје, чиниш Клеопатра ја раниш. Воедно цел ден си вриштиме оти така ни чини и таман заспие и спушти на кревет, абе тоа очите ко рефлектори. И пак пишти, дај цице, појачува децибели, се наканува да цица и заспива, пак буди. Спиење вечер, ташак.