Ова моево дете е чудно нешто. Пиепе млекце во спиење, вриштеше онака. Ад пиеше, нејќе да цица. Е сеа после пола саат го земав, пресоблакав итн, исповрати. Не сварено млекце, 3 4 пати по малце. Ну кркорат цревцата и мислам дека има проливче некое време. Се мислам дали е можно да закачивме стомачен вирус а нигде не сме биле, или пак, што се напрега со стомачето, се крева да седне.
Во локо кроко беа најевтини, сега не знам како е, зависи каква сакаш. Од 4+ месеци на 45 степени, за јадење на 60 степени.
Јас уште немам купено но ортопедот нас ни рече од 5,5 ама под агол од 45°, на 6,5 уште малку подисправено ама не под 90°,за да на 7,5 веќе се постави под 90°. А може па и за секое бебе е различно, но ни напомна да земеме хранилка на која се подесува седењето
Фала мајка❤ Почнуваме со пробување вкусови, па сакам да земам дека не ми е згодно да ги хранам во релаксатор.
Да не е прејадено? Мојов така правеше, се понудено ќе испие/исцица, вришти па и после повраќа. Гуглајќи дојдов до заклучок дека најверојатно прејадено беше тогаш..
Од напрегање е, мене четири пти ми поврати така денес зошто се напрегаше да седне. Не е стомачен, тоа си влече и температура исто бев во паники
Испи 120 а вообичаено штрајкува со глад и пие ило 60 на саат или 90 на 2, 3 саати. Ретко значи 120, ама не дека не пиел. Ама спиеше 2 3 часа без прекин, а будењето со пиштење му е. Затоа ме зачуди, инаку на блуцкање не реагирам. Еве гледам постојано кенка, прета. 37.3 мерам со бесконтактен сеа за сеа. Ќе видам. Веќе на 5 мин мерам. Пусти страв да не дехидрира.
Давам 7 капки Ваја, кога плукне, кога голтне. Е сеа незнам дали има врска пред, по оброк, наутро, навечер...
https://www.freeon.mk/product/35248/ ние оваа ја земавме , најефтина беше од сите се подесува наслонот во три позиции за седење и тоа доле за нозете, слична имаш и во локо кроко и цената беше таа горе доле , стварно има преубави ама претерале со цени
Ние сме 5 месеци, земавме од локо кроко тото се вика околу 4000 и нешто и се подесува грбот под 45 степени
Како и да е, важно е да е ни брка работа и бебиња да си ја користат. Видов дека има и прескапи, но оваа е сосема ок. Не би дала мало богатство за нешто што ќе користам привремено и утре ќе ми "изиграва" закачалка за алишта
Баш ќе појдам да ја видам. Да, и моите се толкави и планирам под 45 степени да ги седнувам во неа засега. Thanks
Ми стои дека е стомачен. Јас секогаш давам повеќе капки оти секако се не оди внатре. Ваја е предобар, го пробав и јас и за кратко ми го смири мешето. Бебка ја преспа вечерта. Стана во 8 да цица и сега пак си спие. Ај да не ја урочам пак.
Кралици како да знам дали бебе го боли грлото? не на лекар, дали има хакс за јас да утврдам? Не ми го пие ад и сакам да знам зошто. Моментално јас имам мака од грлото, не ме боли туку суво ми е, па си велам да не го имам префатено. Бебе е инаку весело си гуга најнормално ама од вчера не го допива ад 4 м и една недела е.
Ми треба искуство. Бебе навечер се буди на 30мин., цица, презаспива и се така. Пред тоа знаеше и на 1,5час сега е на 30мин. Наместо подобро некако иде на полошо. Преку ден има кратки дремки ама има ред и ок е, се тера денот. Ама ноќта веќе ми станува ужасно напорна. Буквално е ова 4,5м. Секоја недела имам стомачни тегоби, поминав бронхит, воспалено уво и грло, неспиењето многу почна да ми влијае на здравјето. Навечер не знам ни дали спијам, ниту дали сум будна, како да халуцинирам од умор веќе. Мајки што сте го поминале ова или го поминувате има ли крај? Не е во скок, ни во регресија.