Бебе ми се буди на секои 2 сата за јадење како програмирам е. Од 1 ден до сега нема сврзано повеќе. Е сега се пожалил вчера и добив одговор од пријателка (цитирам) Аа тенко ти е млекото затоа толку ти станува Да напоменам давав ад, ама го прекинав. Бебе мокри и напредува. Проблемот е што висе на цице кога сака. Е сега има ли тенко нехранливо млеко?
Колкаво ти е бебчето? Мене па така за машала ми напредува и ко ќе ја видат мојава одма аааа јако ти е млекото....свашта До кај 2,5 месеци и кај мене навечер се будеше точно на саат и пол за цицање, полудев. После од еднаш некако престана и пред да наполни 3 меееци почна да цица некаде кај 11-12, па да стане кај 4, па после тек кај 8. Сеуште нема фатено рутина а еве полни 4м и 1 недела е. Ноќеска цицаше во 11, стана во 4.15 и сега е10.20 она уште спие
Бебка минатата недела имаше вирус со црвено грло и препознав дека ја боли при голтањето. Тешко голташе, исто како нас кога не боли. И се закшлуваше од грло, како да и стои нешто. Инаку јас од раѓање бањам 2 пати неделно. Така ми рекоа овде и исто патронажнта ми напомена дека не е здраво секојдневно бањање како што практикуваме ние. Некогаш се случувало и по 3 пати, ама воглавно рутината ни е таа, 2 пати неделно.
Точно 3 месеца е. Сношти заспа во 12 па во 2, 4, 5ипол, 7 и 8:45 цицаше па конечно се разбуди. Некако многу станување ми е а ако не дадам цица плаче. Еве сега пак спие.
Скроз нормално е. Моево вака до 2 години правеше, додека не престана да цица. Не дадов никогаш АД. Слабо млеко не ни постои. Може, некаде во Африка, кај неухранети доилки. Значи јако, слабо млеко нема. Добро мајки, во ова време, во ера на невиден развој на медицината, науката, вам ви се порелевантни мислењата на свекрвите, пријателките? Ова па свекрвите и мајките кои патем родиле пред 30 и кусур години, се најголеми експерти за доење и бебиња. А они врска немаат. Доеле 2 месеца, после давале брашно и вода, ама што знае докторката за бебињата. Сериозно. Млади сте, образовани, имате интернет, имате доктори, консултанти за доење и слично. Не ви требаат свекрвите, мајките и пријателките.
Дечки син ми си го осозна гласот ако сте за концерт бујрум на кафе гукањето премина во викање во извици во смеење гласно мислам дека де плаши пд гласот во исто време и се радува. Циркус жив а ја не наспиена
4ти скок како сте? Ви се вртат бебињата во спиење? Претходно беше во обиди. Ама неколку дена веќе како сама си се врти на меше и мислиш којзнсе што научила ме потече. Секое ставање на кревет автоматски се врти на меше. Е сега проблемот е ноќно време во спиење. Она си спие ама упорно се врти. и врти сучи на меше ја наоѓам Или цело време се врти а спие и после почнува да крека. И така цела ноќ јас сум си будна ко дежурна патрола а црвецот си спие.
Ооо мојава е тронта и тежи газот да се сврти, башка во вреќичка нема шанси и да сака мислам Инаку громот за 4 скок ни е околу 8 декември ама сега за сега добро се држиме сите по дома. Бебка не е плачлива, спанка ми е на сабајле докај 11 абер нема да стане, еве ја сега пак си спие и тоа во креветче ( инаку дневните дремки и беа по 10-15 мин во релаксатор)
Ја врска немав шо е тоа додека не не фати 4ти. Е тогаш морав да барам некое објаснување за хоророт што ми се случува.
За првово не следев исто, некој ќе пишеше ќе изгуглав и така. Сега реков да следам за ова , ама јок. Некако ми е нормално секоја промена кај нив, било на арно или не , па полесно прифаќам се , што не поминало та и скоковите
Ти беше таа што се плашеше? Не ти кажувам се шалам не е толку страшно ама ми беше ново и дотогаш не искусено. Од мирно бебенце што спиеше барем ноќе добив бебе што не спиеше никогаш