Здраво мајки бебето ми е 22 дена старо бевме кај педијатар поради зелен секрет од носе требаше брисеви да правиме од нос и грло.Исто така и напоменав дека често кака не обрна многу внимание .. Родилна тежина ни беше 2350 не испишаа со 2260 после една недела имаше накачено 200 гр,вчера кога го мереше вагата покажа неколку различни вредности 3010,2760,2360 и на крај 2260 ми вика бебето ти е гладно а он и повеќе цица од што треба во текот на денот знае по неколку пати по 120 да исцица. Ни ја смени формулата од хипп ха комбиотик на аптамил без лактоза и не упати на клиника таму ни рекоа дека 120 е премногу за него 90 е доволно,таму не го измерија како наводно "немале вага" ние го меревме дома на кујнска 2900 гр покажува. Му земаа крв денес дали се разбирате да ги протолкувате резултатите? И искуство да споделите.. Ви благодарам однапред
Јас сега слушнав прв пат за прозорци на будност Скокови читам овде и симнав и апликација Јаснод првото таков тренинг имам што се ми е нормално сега
Болно е бебето? Ај идете кај друг педијатар. И 90 и 120 е многу. За таа килажа е доволно по 60мл на 3 саати.
Кај мојата тоа никогаш не профункционира. Заспива рандом по 15-20 минути, еве цела година е таква. Ретки се деновите кај шо ем ќе дремне повеќе ем ќе стрефам некој прозор, врата шо и да е
Има некои вредности покачени ама сепак ние не сме доктори, може тоа да е нормално за таа возраст, само ви треба подобар доктор да ви каже. За носето, дали му тече, дали секретот е густ, леплив или кога му го чистиш е зелен?
Мислам дека е во ред. Еве моево имаше зеленкаст од раѓање до пред некој ден, 2 месеци е. Хрчеше високо во носето, некогаш ни млеко не можеше да пие ама редовно му го чистев секој ден и еве сега ништо не вадам, хрчењето се намали. Правев и брисеви и негативни беа. Се додека не му тече, не кашла и слично, мислам дека се чисти од раѓањето. Ако приметиш било каква промена на полошо носи го одма на доктор ама најди друг доктор. Можеш да напишеш во која општина ти одговара, па ќе ти препорачаме некој ако знаеме. Инаку, количината на млеко што треба да ја испие во 24 часа ќе си ја израчунаш. Килажата*150, значи твоето ако е 3кг: 3х150=450мл во 24 часа. Тоа би дошло приближно 50-60мл на 3 саати.
Зелени мрсули не се ок. Никакп не можат да бидат ок. Нормален секрет е проѕирен по боја. Зелен секрет е знак дека има макар и мала настинка.
Ооп фала богу мислев до мене е проблемот тука дознав и јас за прозорецот за будност/спиење што да е и пробав еден ден да следам па пукнав и на крај не испаднав баш успешен родител. Јас по линија на помал отпор што би се рекло, бебе у релаксатор па ко ќе и дојде дремка си дремнува, па ќе си стане ќе прогуга да се најави и така. Тук таму ако заспие на цицање па да ја ставам во креветче да поспие преку ден
Истото го помислив и јас, мислев батко му да не донел нешто од градинка ама и кај двајцата беа негативни брисевите, дома нема болни. Плус од раѓање му беше така, веројатно не се роди болен. Еве си помина од ништо, барем се надевам. Ако можат @Alishan30 и @Annath нека ги ѕирнат резултатите на @Hijabigurll јас сепак зборам од искуство.
Хахаха истото си го помислив вчера. И да не знаеш нешто, можеш да изгуглаш, не треба многу ум. Ама не ми се пишуваше, викам кој ќе се расправа, одма напад ќе има. Сакала нејќела ќе научиш. За првото не следев, искусив. Сеа и со ова.
Еднаш педијатар ми го објасни тоа со мрсулите и златно правило ми е. А се зелени, трчам на лекар. Може синусна настинка и поминала сама од себе, се изборил организмот. А што мислиш во болница мнпгу марат, чисти се? Најмногу од таму закачуваат бебињата болести.