Јас имам приметено кај поголемиот жолти му се прво кога е бактерија, па постепено како се чисти стануваат зелени. Зелен секрет има и кога е вирус. Не знам стварно, гледам кај членката во крвната слика пореметени се некои вредности ама пак може кај бебе да е нормално. Ова кај моето не знам што беше, ако било бактерија веројатно полошо ќе поминеше, па и од вирус. Големиот кога прв пат се сретна со бактерија качи над 40 температура, од вирус имаше 9 дена температура. Не ми се верува бебе така да помине. Што знам.
Пред две недели шмрчкаше бебе, му помина само. Додека пак голрмата беше настината седеше дома со антибиотик. Можно е значи, нема правило.
Кај нас прва настинка, т.е вирус од батко прв пат префати. До сега 5ти пат е болен од ко е родена, редно беше. Преплашена сум, тој не се разболуваше до поголем, не одеше в градинка. Има кашлица и проѕирен секрет, Марисимо спреј ни препишаа и да влечам. Ја аспирираа и кај матичната, утре ќе ја носам пак. @eli25 пред некој ден во другата тема за сирупот кај што прашав за големиот се мислев и за малото да прашам што му даваш ама ај реков да не баксузирам пред да префати ама ете. Што ви препишуваат вас? Вака само со спреј многу беспомошно се чувствувам. Не знам дали смее инхалација со физиолошки, немаме купено до сега, утре ќе прашам.
@kristina.k На ќерче и е 4,5 ти пат Сега и со стрептокока во носе. Само со спреј сме поминувале. Аква марис и влечење ако има потреба. Овој пат дека кашлаше доста , а секретот густ ни даде инхалации синомарин. еве за 3 дена е подобра , само насабајле накашлува. Немаше потреба од АБ , прскавме оригано. Бато беше негативен , ама он има донесено. Инаку не давам ни ништо јас. Само спрејови а нема штета ни од инхалации со физиолошки. Во Козле педијатар ни рече слободно, само никако на своја рака вентолин декса и слично , нормално. Следи , досега со спрејови поминуваме и чисти цело време , јас ми се чини пумпицата не ја вадев од уста И давав и бебе вит капки , ама тие ги пие веќе некој период. Прашав и за вит.Ц ми рекоа ништо, доволно е тоа што си пие (пробиотик,омега, вит.Д)
Сега прочитав и јас , тоа не би правела Да го знаев со синко можеби, вишок време , па ќе следев прозорчиња
Ние од болница (Чаир) се вративме двајцата со МРСА во нос. Среќа па немавме никакви симптоми и само од себе ваљда помина не направив контролни.
Кај мали бебиња треба да се следи повеќе состојбата зошто неретко можат да не качат температура а организмот да се бори со вирус или бактерија. Јас на твое место би проверила и црп и би сменила педијатар.
Здраво мајки,бебенцето ми е неполни 2 месеци и од вчера почна да кашла. Дома имаме батко кој оди на градинка и истотака добри 2 недели беше со упорна кашлица и растечен нос и најверојатно од него се зафати и бебчо. Денес го однесов на доктор го преслушаа и направивме крвна слика но не ни дадоа ништо за кашлицата. Дали сте давале чајче од бел слез на оваа возраст и дали може нешто да му наштети?
Би сакала да слушнам мислење дали реагирам премногу заштитнички или пак така треба. Дали дозволувате други луѓе и деца да ви ги фаќаат бебињата по рачиња и за лице и како сте се објасниле дека не сакате? Особено ми е страв од деца што одат во градинка, затоа што секоја недела се болни. Кога реагирам дека не сакам да се пипа бебето, некогаш и грубо, затоа што кажано е 100 пати, се лутат. Друго, ајде на блиски ќе се објасниш, ама на не толку блиски? Или кога ќе видам му бутаат во раче предмет што не е играчка за него, а е пуно бактерии, како на пример даљинско бе. Добро, до мене е проблемот?
Од сам старт имам појаснено дека несакам бебе да се бакнува по лице. За раче да го допират и бакнат беше дозволено се до пред 2 недели( за блиски особи зборам) кога почна да пика раце во уста. Нема лутење тука тоа е.
На оваа тема бабите од маж ми ме нервираат Сто пати им е кажано не го шљапајте по лице. Па бебе за тоа било зашто не не бакнувале нас ние големи сме биле. Им реков да јас го родив вие тортура да му правите. Па ти демек не го бакнуваш ми викаат е до толку со мене се мерат што јас сум му мајка. И кога немаат осет нон стоп кога го земаат во раце истото им го кажувам како лента да сум голтнала немој да си го бакнала нема да ти го дадам веќе. Во главче ајде ама на лице бре. Абе како немаат осет ова луѓево. Ни култура ни ништо. Нарочито стариве аууу
Јас не дозволувам мали деца во близина на моето бебе. Било блиски или не кажувам дека не сакам да се приближуваат. Најголем извор на зарази се деца од градинка и училиште. Имам внуки 2 од далеку го гледаат од кога е роден. И од кога е роден се размрсулавени...
Однеси го кај што има педијатри специјализирани за толку мали бебиња, на клиника, Систина или Ремедика. Мало е многу и неблагодарно е од мене да зборам за крвнава слика, не е исто како кај деца.
Секаде има такви и се љутат ако му речеш. И деца мали болни плус фино лепо, со ќутенка си избегнуваш и готово. Па кој сака нека се љути до утре сабајле.