Исто и јас реагирав ама веќе се уморив од зборење џабе зборам ми викат нека се учи, кај се погоди и една Др. ми вика подобро да не го чувате во стаклено ѕвоно нека се среќава со сè додека е мало зашто кога тогаш мора да помине вируси, бактерии зашто така се стварале автоимуни болести кога организмот нема со што да се бори, ме зачуди ова и јас веќе незнам што да мислам и како да постапувам.
Ќе си мислам тогаш што ќе правам, мое бебе мој избор. Сега зборувам конкретно за деца што не се мои и што треба да си ги контролираат родителите а не јас. Болни ми ги пуштаат на гости, епа нормално дека нема да дозволам да му се приближуваат.
И јас го дознав од тука или некаде по нет читајќи и ми беше game changer. Не дека ми одземаше време да го спроведам, едноставно гледав на саат колку време се будни и ги успивав кога ќе поминеше времето. Некогаш и самите деца во исто време покажуваа знаци на умор, некогаш не. Некогаш ќе погодев и за 1 мин ми се успани, некогаш ќе утнам па може ќе ми требаат 15, ама со ова добија ред за спиење. Сега секој ден имаат идентичен број на дремки, плус минус саат во исто време стануваат и спијат и со тоа им се регулираше и ноќното спиење. Ако некој ден се наруши рутина поради гости или не знам сме морале да излеземе одма ноќното спиење страда. Со едно дете можеби немаше да следам толку, ама со две ако ми се изремети редот еден ако не е наспан, ниеден не е (а најмногу јас )
Да. Се согласувам дека не треба да се чува во стаклено ѕвоно. Не го чувам ни јас, шетаме од 2 недели по раѓање, цело време сме во различни градови со оглед на тоа што нашите сите живеат по различни места. Ама да ми го шлапа некој болен, со мрсули, со кашлање и не знам каков, или со херпеси па ќе ми речат ништо не ми е бубулица е , нека се учи дрндрн глупости нема да дозволам. А и тоа што за нас е обична настинка за бебе може да биде многу потешко скраја било. Треба да се учи и да ствара имунитет ама не значи дека треба секој месец болно да ми биде, и нигде не пишува правило дека ако не се разболи нема да има имунитет. Јас никогаш како бебе не сум била болна, 2 3 пати во предшколска со температура и толку до ден денес само носот и да кивнам неколку пати, ни антибиотик ни бутур.
Па нормално дека се родителите, ама дете ко дете шо разбира. Прво гледање му иде во уста да го баци и да му дозволам ли?
Сето тоа стои, ама бебе од 2,3,5 месеци да се мачи да не може да дише од шлајм и мрсули, што не знае да кашла ни да дувни па грев е да го гледаш да се мачи. Секако кога ќе тргне во градинка, на училиште не избежно е дека ќе се разболува, ама вака мало има да си го штитам па кој сака што сака нека прави, не да се лутеле, на глава да се наместат.
И јас не знам како да постапам веќе на темава, не сум паметна. Не знам зошто сите сакаат да ја чепкаат за рачиња. Устата пена ми фати "не на рачињата, во уста ги пика". Младиве ајде почитуваат. Ама стариве или забораваат или се прават наудрени. Денес татко ми дојде на гости од работа, работата не му е во канцеларија, на терен е... Ја играше ајде океј, ја крена пак преќутев, на крај ја бакна на рачето и му се развикав... Колку сум драматична од еден до сто?
Сум била и кај двете, живковиќ беше подетална, многу повеќе време ни посвети. Супер е и Марина, но во мојот случај Јадранка посвети многу повеќе внимание.
Чај од бел слез на бебе не,се растопува шлајмот ама бебињата не знаат да го искашлаат и може да доведе со гушење инаку околу секретот од ноа: жолт и зелен секрет се синоними за бактериска инфекција, бојата зависи од бактеријата, алергиска реакција и вирусни заболувања се со проѕирен секрет. Е сега жолтиот секрет е најчесто од сапрофитните бактерии кои се домаќини во носната слузница и не треба одма антибиотик но за зелените и те како треба!
Татко ми брм брм му правеше на устето од прв месец со прст. Кога видов, тука кога не умрев, ќе си поживеам. Од тогаш некои тикови ми се појавија, не сум арна. Му свикав и од тогаш не го ни пипа, само од далеку. Жал ми е за децава што претходно на глава им давав да ми скокаат, сега ги избегавам и ги бркам од собата на бебето. Ама па стварно се болни нон стоп. Од кај да знам на бебе тие болештини злоќудни како ќе се манифестираат. Друго е јас, и да сум болна, и што и да имам, си создавам антитела, пренесувам во млеко. Сфаќам дека бебе е радост за сите и ти иде да го гмечиш, бацуваш, штипкаш, ама не знам што е таа еуфорија да се шлапа со уста и да му се пипаат рацете. Е ми се налути мајка ми, оти после пипање на рачето на бебево од страна на децава, веднаш со влажна сум избришала. Као навредливо било. А ја што зборам од раѓање, устава пена ми фати, никој не ме ферма.
И моето е 1+++, исто беше со кашлица до вчера. Чај не давав, ама му помогна инхалација 2 пати на ден, наутро и навечер. Ништо друго не давав, само тоа и чистење носе на секои 2-3 часа, т.с пред јадење. Околу 10 дена траеше, после 3-4 дена многу поретка. Со лесно мајка, ќе помине
Леле со тоа брм брм ум немам веќе. Свекрва ми постојано така прави, а јас си ќутам и вријам во себе. Некако немам храброст да и кажам
Не знам како да ти помогнам, среќа таа најарна ми се погоди. Ваљда затоа што уште во бременост скандали правев и не сака да ме налути.
За бацување и се друго е супер, дури она кажува на други да не го бакнуваат. Ама за ова никако да и текне. На два пати реков дека јас несакам да го фатам на уста мислејќи дека ќе сфати, ама јок бре