Со какви работи ќе се среќавате како што ќе растат, бакнувањето на бебе ќе ви биде мачкина кашлица. Ама ок, вие си знаете ...
@Hijabigurll би требало брисеви да направите, вака на непрегледано 20 леукоцити се покачени, да се види дали има некоја бактерија и да се слушне бебчето од матичен и грло да се виде
Даљинско бе... Не е до тебе, не размислуваат луѓево коа не треба да си ја чукаат главата они по лекари.
Пишав еднаш, јас давам и да ј бакнуваат и да и фаќаат рачиња. Батко и прво оди во училиште, а нему сигурно нема да му забранам да ја гледа. Ако им забранам на внуците тогаш треба и на синко оти он се дружи со нив. Кај нас доаѓаат и другарчиња на синко. Баба и исто ја бакнува, тетките исто. Да им забранам? Ни во лудило. Убаво ви велат, не ги правете децата стерилни оти еден ден ќе имате поголеми маки. Да, бебето е ваше, ама малку пофлексибилни бидете, подобро ќе ви е. И опуштено мајки, вируси, бактерии, се е тоа нормално и нема и не треба да се заштитуваат.
На мојава и дадоа цуцла од една кукла. Најмалиот внук сакаше чипс да и даде, го гледала како јаде, сигурно сакала
Јас на моите им имам кажано и сите го почитуваат тоа. Бацување во раце и лице не сакам, само преку облека и на главче ( ова за ептен блиски) а јас и татко и нормално ја бацуваме. Пред да ја земат обавезно миење раце. Нема ни два месеци и многу ми е страв. На мм сестра му има деца цело време се размрсулавени, едното оди во школо и одкако знам е болно, исфрлено, размрсулавено...Малото нема ни година и цело време кашла, кива, со мрсули... Среќа па не ни се тука блиску инаку одма би се налутиле да им кажам, а на моите не ми е проблем они и сами си знаат. Имам и внука среќа па она воопшто не е заинтересирана за бебето, ама не оди во градинка и за година дена само еднаш била болна.. Не знам кога ке потпораснеме малку секако ке шетаме повеќе и ке имаме повеќе контакт со луѓе како ке се разбереме...
Ваљда дека прво. Второто може и со даљинското ќе дадам да заспива. А може и брм брм уште од врата со немиени раце.
Ако ти е за утеха Сестрата на маж со деца што киваат дојдоа прв пат да го видат бебе, на неполна недела, па уште кога прашав абе сега се раскиваа ми вика, а тоа малото очите стаклести, зацрвенето во фаца... И тука веќе ми е јасно дека не можам да се разберам со такви луѓе... @fana Утре кога ќе имам мое дете ќе немам избор и крај краева мое е, сега немам потреба да го изложувам на ризик. Може за второ, трето дете не се потресуваат толку, ама мислам дека е до човекот а не до детето и 10 да имам пак ќе биде исто, само тогаш ќе морам да се прилагодам на дадената ситуација и услови, сега баш и не морам. И крајно сум изреволтирана од несовесни родители, што одат по гости со болни деца, дозволуваат да се мешаат со други деца и слично... Исто и од родители што децата им киваат, кашлаат со месеци, со исипи и слично и не поведуваат ред...
Посебна категорија е тоа сестра на маж. Мисли се и е дозволено. Недела дена како дојдов дома, со царски, бебето родено 8ми месец, 2500кг со жолтица, јас едвај станувам.....таа ме прашува дали може да дојде на гости. Јас фино поштено реков не примаме гости, да пркне бебево прво. Таму после 40 дена.... Се налути ама мене баш ме заболе долнава, да ми простите на израз. Сега се породи и таа, ама 40 недела и 4 кг бебе, природно, па ајде дојдете....коа за пола саат се јавува, абе големото ,,поткашлува", да не биде не сум кажала. Сакав да речам арно ти текна. Ако мора да префати настинка од големата, од маж или од мене, не мора да префати од детето на золва ми или од детето на брат ми.... Мислам, свест малку само барам. И така бебе од 5 месеци два пати беше настинато и еднаш ковид фати.... Јас не одам со деца болни нигде, исто очекувам и кај мене да не се доаѓа. Кажи ми искрено, повеќе ќе те почитувам, него ако ми криеш и ми дојдеш размрсулавен. Јас не знам од што е тоа дете мрсулаво, дали е бактерија, дали е ковид или прелада....не носам брисеви у ташна, ама може треба да почнам. Маж договара дружба во сабота, мене сега ми се крева коса во вис.
Не знам јас па дури воодушевена сум од наши блиски. Сите се со премногу осет. Дури и мене ми цркаат кога го бакнувам на лице, а јас намерно ќе го излигавам целиот Свекрва ми само со тоа брм и фаќање по уста ме нервира, а мајка ми со зборувањето бебешки Дури и блиски пријатели со деца ни откажаа видување зашто децата и биле мрсолави и раскашлани. Прво дете ми е и воопшто не се опседнувам премногу. Сакам да расте со други деца, и да се учи на гушкање бакнување. Па кога ќе се гушка со баби дедовци ако не сега. Ама може дека внимаваат сите, па затоа и не сум помислила да бранам. Како што пишаа некои членки, подобро постепено да се учи на бактерии, отколку наеднаш кога ќе тргне во градинка да закачи се живо
@Eli23 да си ми жива и здрава за категорија сестра на маж На маж ми сестра му има огромни , шпицасти нокти, и само ја гали по лице. Кога и да ја види после лицето неможам да и го оправам. Ко намерно. Раката и ја шлапа, јас на лице место бришам, еза ме фаќа ,она ко за инат. Мајка ми и сестра ми за главче ја имаат бакнато. Друг никој, и со другарки кога ќе се видиме не даваат да и се доближуваат нити да ја пипнат дечињата нивни. Инаку, минатата недела бевме на гости, претходно одложив оти синко беше болен., кога децата нивни болни. Не кажаа. Имаат бебче врсниче и тоа исто. Се пресеков кога и дадоа антибиотик, имало стрептокока. После една недела еве го и бебе мое со стрептокока Бато негативен. Не осудувам секогаш, зошто и син ми пример има кашлица која му трае цело време дури е во градинка. Кога стивнува, кога се појачува…Дека погоре некој пиша не воделе ред родителите ако дете буфтало со месеци, да така е, убаво ми е да го слушам како кашла Уживам Инаку, бебе нема избор. Од бато фати на месец и пол ковид, па потоа уште 3,4 пати настинка, еве ја сега со стрептокока.Син ми прв позитивен брис настрептокока доби на 4 години пример Стерилизатор немам вклучено за нејзе , за син ми секоја вечер Дај боже да се поотпорни само и лесно да им минува
@Hijabigurll како е бебе? Зошто и гасни анализи се правени? Јас би ти рекла да пијдеш систина ремедика ако си во можност ако не сте завршиле работа на клиника.Ма да и на клиника се темелни , што ви рекоа?
Симптом на стрептококата? Исто, за првото се броеше кога било настинато. Сега ми е страв ради цицањево шо ни е климаво, од Козле лежење и од РСВ вирусов. А да, и од херпес.
Верувај има и такви родители што не водат ред, не зборам ништо пд инат или да навредам некој. Лично се имам уверено.