Мрсули, кашлица, температура дала кај нас коката. Ова ќе го кажев. Јас па највеќе се плашам од поголемава што го гушка, бацува. Све друго ми е ништо.
Ти така мислеш, ама многу деца кашлаат, шмркаат со месеци. Еве син ми втора недела кашла и шмрка. Што да направам? Ти ќе кажеш не се замарам, а реалноста е друга.
Течење носе ,37.8 еден ден имаше и кашлица од секретот од носето што и се слева. Бато беше подолго време “размрсулавен” што велат па им направив на двајцата брисеви ,кај бато ништо кај девојкава стрептокиче . Секретото жолтеникав, сега бистар. И полна пумпа до горе @Doktor F не знам неможам да тврдам, не верувам дека некој е несовесен до толку , за дете.. Мене ми се сменија размислувањата кога син ми тргна во градинка. Ако веруваш цело време си накашлува, летово кога паузираше ништо. И покрај тоа што докторкта вели од градинката е , јас. и во Козле го носев и на орл,ќ и алергии сакам на своја рака да проверам. @JuLleE така му доаѓа. Ама кога ќе осетиш реалноста на своја кожа се ти станува јасно. Дури не тргна во градинка , поинаку размислував .
Реалноста за конкретниот пример на кој мислев додека го пишував ова е дека сите деца што одат во градинка е нормално да поткашлуваат, да им течат мрсули и тука немало ништо за грижа... Сите биле такви и ако се притресувале родителите на секое поткашлување и течење нос кај ке им е крајот. Не, децата може да кашлаат од милион причини и не, не е нормално да ти кашла дете и цела година да не поведеш ред зошто "сите деца што одат во градинка кашлаат".. Постојат брисеви, ке си направиш, ке го однесеш на лекар, ке испиташ алергии па тек тогаш држи вода дека сите се болни нели во градинка... Имам конкретен пример за истово затоа и искоментирав, и да, има и такви родители. Има и од оние (вклучувајќи ме и мене) што одат во крајност ама и такви што не се замараат, "нормално е" , "период е" "ќе помине".
Па види и така е. Дури не стекнат имунитет, имаат за буфтање ехеее. Брисеви ретко правам. Зошто? Зошто утре ќе тргне во градинка и пак ќе залепи друго. И во круг ќе се вртиме а ништо не сме постигнале. Зошто не за секој позитивен брис се пие аб. Освен кога е со температури и слично…. Ова сме го дискутирале а и не е за тука
Можеби премногу сум посесивна и заштитнички настроена па ова ме тангира, кога би имала дете во градинка, школо и слично може исто би размислувала. Но сепак стојам на тоа дека треба се да се испита и ако нема ништо ок, прифаќам, а да го однесам само до кај матичен диши диши, ни крвна слика, ни брисеви, крај краева алерго тестови, не прифаќам.
Ова твоето преминува во осудување кој каков родител е. Срамота е, не се замарале родителите. Прво, воздухот во Скопје е доволен за децата да кашлаат. Не секое кашлање значи дека шират зараза. Одите во крајности. Ваши деца, ваши правила, побаравте мислење. Од искуство некои од нас споделија. Толку на темава. И олабавете малку, не сте само вие мајки и не се грижите само вие за вашите деца.
Ова свекрва ми го прави и страшно ме иритира. Исто и нарекување на ќерка ми со некои зборови непостоечки во мак речник измислени од неа што само она и домашните нејзини ги имаат слушнато. И кога ќе ја прашам што е тоа? Ми вика не знам убаво звучи како нешто слатко
Да не сакаш и генетски испитувања да ти направат пред да дојдат на гости. Не прифаќала од матичен. Ок од МАНУ ок ли е? Ние во странство што сме, што не добиваме кс и брисеви секогаш кога дете ќе фати вирус, за нас само карантин Не прифаќала од матичен
Море што сум среќна коа диши диши е чисто... Другото се третира полесно. А само кашла, тече нос, еве ќе направам брисеви, доктор не дава антбиотик. детето е здраво и се бори. И што?
Немој да ме сватиш погрешно , но минатата недела малата качи тт , два дена беше со тт , ниту сме се виделе со некого во предходните две недели , ниту сме биле некаде , ниту пак јас и маж ми имавме нешто , црп покачено , дете гори.... др кажа дека најверојатно вирус што ние не сме го осетиле сме и го пренеле, така да колку и да пазиш неможеш да се допазиш....
Да. За првото дете , јас малку поднастината, тоа “ малку” да ти било грип, бебево заврши у козле Ко за беља баш тогаш нигде не идев , ама маж на работа.
Ако за тебе е ок да ти го слушнат детето само со слушалка, без ниту обична крвна слика супер. Мене не ми е.
Сите сме биле исти, ќе го пазиш, стерилизираш, џогер на пареа, триста глупости, за на крај кога ќе тргне во градинка да ти се одбие од глава се што си правела. Иста бев и јас ама ќе видиш дека откако ќе ги поминеш тие први разболувања од секакви вирози, бактерии, нема повеќе на секоја температура да трчаш на доктор, ќе можеш да препознаеш кога е посериозно и ќе олабавуваш со тек на време. И да, децата што одат во градинка по цела година се со растечени носиња, продолжена кашлица, бактерии во нос ама па многу полесно поминуваат. Сум правела крвни слики секој втор ден, брисеви, алерго тестови на своја рака и ете го спие и кашла, а преку ден нема ништо. Знам точно како размислуваш сега и тоа е сосема во ред ама ќе видиш дека ќе смениш мислење.
Исто , среќа ние лесно поминавме , само тт, друго не покажа . Мене искрено повеќе ми е страв да ја носам на лекар во ординација преполна со вируси , бактерии , сипаници , ептен ако приметам да има симптоми изразени, кашлица, свирење....па тогаш . Или јас сум фрик еве незнам , а не е дека не ја сакам , башка добро ја изначекав
Можеби, затоа кажав кога ке дојде време за тоа и да имам други деца може ке сменам мислење, искуството ке ме научи на нешто друго...
Мала дигресија од темата актуелна од најголемата паничарка. Ако има некој искуство да ме утеши дека не е нешто страшно. Денес добра беше со настинката до кај 20 часот, чистев носе, цицаше, се нормално. После наеднаш после чистењето ми се вцрви целата во очите и почна да плаче ко тешко да и беше дишењето и одма во детско ја однесовме. Немаше ништо на грло и на гради, остана иста терапија само спрејче, купивме и инхалатор за со физиолошки. Од ко си дојдовме дома почна да вришти ама страшно вриштење да не можам да ја смирам со ништо. Толку нема плачено од ко е родена, не сакаше ни да цица ни ништо, едвај некако заспа в раце и ја држев цел саат за да ја легнам. Сега почна да плаче пак во сонот и прифати да цица ама дури цицаше се стегаше многу и може 10 пати прдна. Се нема искакано денес, а обично два пати во ден полни пелена. Муабетот ми е дали може од тоа да беше плачењето, да ја болеше меше и дали од секретот може проблеми со мешето да има? Што да и дадам ако вришти пак така? Инаку мирно спие сега, ко да се смири и не кашла во спиењето. И за инхалаторот да прашам, дали има некоја Piconeb и дали е добар? Колку време треба во денот со физиолошки да инхалирам? Не можев да ја добијам матичната да прашам, а утре е попладне.
Фала ти на прашање бебе е добро се префрливме од хипп ха на аптамил без лактоза,гасни анализи правеа зашто им кажав дека бебе често кака и се зеленкасти столиците они го гледаа и на извештајот пишува за време на преглед има жолто златна столица. Изгледа од аптамилот се среди.. А за носето не ни спомнаа ништо ни кажаа за брисеви тоа кај матичен ништо не било а запишале нос опструиран. Голгота..