Oвај? Јас го имам, добар е. Го купив кога тргна ќерче во градинка, пред 4 години значи. Со помин на бебе
Се слагам за Марина, по мене е најдобра, бев и во Систина кога ми се роди бебето имав 3 прегледи таму и потоа си продолжив кај Марина.Толку детална докторка што буквално на се обрнува внимание, од глава до пети го прегледува детето секое делче буквално. Јас за малку ке му дадев пица на моето бебе, го хранев поголемото синче, па место на него на бебето пица, и син ми вика еј мамо јас јадам не бебето, јас скроз се занесов нешто, дали умор дали расеаност кој знае битно лизна бебето и од пица и чумата у највише му се допадна .
Денес примивме рота сепак, докторката инсистираше дека рокот е до 14 недели и 6 дена па на крај попуштив.Бебе е добро фала богу, две течни столици, си спие вообичаено, во сон прокинкува ама кратко и продолжува, температура нема, ја прими околу 13.00 ч ако до сега нема реакција мислам добро е? До колку дена може да се јави недај боже некоја нус појава од ротата?Бебето е 13 недели и 5 дена.
@kristina.k 2 ml. Синко пред 2 от роденден добива во кола треска, се тресе цел , помодрува уста, јас во возење близу пластичарска, вртам, најблизу ремедика. Детево цело скока незнам што му е , таму Марина. Госпожата имала закажано прегледи, ние не сме биле нејзин пациент , да сме се јавеле на Јадранка, тогаш идевме кај неа. Сестрата му стави чепче дијазепам и дотичната рече на клиника одете. Мисламмммм, еве ја Марина големата педијатарка. Уште се расправаше со нас кога дојде маж ми и лом ја направи. Да беше тој педијатар со брза помош ќе тргнеше со детево , кое сеуште се тресеше. А не да ми вика имам закажано прегледи. Мизерија. Тоа е укажување прва помош. Етика нула. Од клиника педијатрите звонат, госпожата не можела да се јави, сестрата ни ја дава. Така да , се и паѓа во вода , колку сака нека е “најдобра”.
Кај нас беше слично, јас капка млеко немам, расоблечете го детето мајка, ја не знам да дојам, он не знае да цица, малечок е, цело време истото. Благодарение на Јадранка сега синот цица. Ми помогна и со совети, ми покажа, ме насочи. Иако на почеток беше на АД по нејзина препорака, направи се што можеше со совети да добијам млеко.
Исто. Одев на 2-3 дена на мерење , постепено кратевме АД, за да синко биде потоа целосно на доење. Секогаш била достапна на телефон. И за викенди исто. Башка прегледите и се ептен темелни, нема брзање. Сега незнам како е , останаа само Марина и Јадранка педијатри? Тогаш беа повеќе , јас синко до пред ковидот само кај неа го носев, потоа почнаа они само здрави бебиња да гледаат. Сега сигурно е бетер хаос иако и тогаш беше, во подруми со децата чекај по 2 саати па ако е на пораѓај, оф леле мајко
Првото дете го носев кај Марина до кај 6 месеци, после веќе советите не ми се свиѓаа. Мене искрено многу ми помогна со доењето, цело време достапна на телефон итн и затоа и толку останав кај неа ама стварно како нешто да не ми штимаше. Прво, за преглед чекаш два саати, сите идат кај неа како да нема друг педијатар. Второ, се е розево кај неа, бебето е супер, само цицајте, сакајте се и одлично е, као ок ќути малку да прашам нешто. Цело време се осеќав како да го брза прегледот, како да ме брка и веќе заборавав кои ми беа прашањата и идев со листа следен пат. Не ја знаев од претходно туку ми се погоди на пораѓај и така продолжив кај неа. Живкович еднаш ја имав видено и ми се виде многу намќореста и одма ја отпишав. Сега за второто пак Марина беше на пораѓај ама на визита секој ден Живкович и овој пат некако ептен фина и мила беше, па си реков ќе продолжам кај неа. Засега сум супер задоволна, ќе видиме понатака, за разболување и онака ги носам кај скроз друг доктор така да, за редовните контроли ми е ок Живкович.
Да, само они две се за здрави деца. Не сум чекала многу, јас одев секоја среда на контрола околу 13:00 часот. Ма да, сега и породувањета се намалени многу. Пред некое време бев на контролен преглед, Ремедика беше празна. Претходно, кога и да сум била, делот кај гиникологија бил полн, сите столчиња полни + стојат луѓе чекаат.
Има една нова за здрави деца, сега се три. Само што сега гужвата се префрли кај Живкович, после Нова година има прв слободен термин Баш јас чекав за мерење и Марина беше на работа, се зачудив само едно бебе чекаше. Порано знаеш кое лудило и нервози беа.
Намќореста? Не бе ептен е мила. Јас прво ја “мразев” Мислам, она ми беше на пораѓај, син ми кога се роди не заплаче, му аспирираа вода, беше на кислород… Она насекирана , јас готова бев , ме успаа… И викам добро ли е, она : епа ќе видиме , тоа никој не го знае. леле ме дотепа. На визита доаѓа кај цимерката се ок и кога ќе дојдеше кај мене таква жална фаца знаеш мајка , он е малку поспор, уште се нема искакано пример … јас уште толку рикање… Башка и хормони Потоа си се “засакавме”. Син ми ја обожаваше. Кога најдовме матичен педијатар потоа син ми ја викаше Живкович А и ден денес стално ја среќаваме по молови и стално не поздравува Инаку и они не се криви во никакви услови работат. Незнам како до сега не заминаа Систина…. @velesanka да има разлика. Кога одев на гинеколошки прегледи исто со маж ми коментиравме колку е празно за разлика од првото дете. А попладне па двајца без тројца. Со првото дете, педијатријата исто беше преполна.
Искра? Супер е она , синко кога е болен кога матичната не е тука , одиме кај нејзе. Од Козле е она. @velesanka со кратко косиче и наочарчиња, ептен пријатна, мислам дека е накај 65 години. Искра Лазарева
@eli25 Абе не знам тогаш Живкович некако ми се испонаша, а може и јас со хормоните така сум се осетила Сега ептен пријатно ме изненади. Плус со маските само очите им ги гледаш, а она некако остар поглед има Кај Искра го носам болен ама оваа новата е друга, помлада, кај Живкович на пракса беше и сега почна сама да работи. Веројатно на местото на Ѓорѓевиќ. @velesanka
@eli25 @Skyler еве ги докторите, не гледам нова? https://remedika.com.mk/doktori/ многу малку персонал..
Се пресмеав на некои коментари. Точно претерувате со чување на бебето, ама прво ви е, имате премногу “слободно време” и дозволено ви е. Исти сме биле сите. Првото дете беше “стерилно” чувано. Миено, премиено, да не се допира, да не се бакнува. За раче не, за ноже не. Вака не, онака не. Имав сад пластичен, ако падне глодачка оди во него, секоја вечер пола саат-саат перев играчки. Кога почна да шета по под надвор од подлогата подот го пребришував минимум 4 пати на ден, сакаше да се исправа и да ја лиже балконската врата, стаклена, не знам колку пати на ден ја бришев. Стерилизаторот што вика Ели нон стоп беше пуштен, еве го сега од кутија не ми е изваден, се мислам да го шитнам и онака не мислам да го користам. Е на ова дете давам и даљинско! Го забришувам со марамица за дезинфекција па со обична и му го давам оти само тоа го држи заинтересиран, а нешто морам да направам. Ако падне глодалка, ќе ја забришам и ќе му ја дадам. Гледам да ги исперам секоја вечер, ама некогаш не постигам. Ќерка ми е мала, помина тежок регрес и рушење самодоверба и сигурност откако донесовме бебе дома, ни требаше сериозна работа со неа да сфати дека не ја сакаме неа помалку. Обично од градинка оди право на миење раце, ама еднаш дур го испраќав маж ми, влегла во соба му дава глодалки, го гали, му допира рачиња тој одма се во уста. Не изреагирав бурно. Многу ми е битно тој момент меѓу нив да постои за да не се доживуваат како конкуренција. Миевме раце после тоа. Мислите вие сте стерилни и дека вашата облека е стерилна што ви ја допира бебето цело време? Па софите каде што седиме се полни бактерии. А да не зборам за косата. Ах косата. Само почекајте уште некој месец кога ќе ви ја појаде косата. Кога секое земање во раце со двете рачиња во коса како коала ќе ви се закачува. Дур го отплеткате отишле во уста. А косата е највалканото нешто. Да ве насмеам. Првото го родив 5 месеци пред корона. Не само јас, маж ми беше исто потресен, што имаше напраено значителна залиха на дезинфекциони марамици и гелови. Имавме гелчиња за дезинфекција во секоја ташна, на количка, во ходник одма кога ќе отвориш врата, во секоја соба. Имаше и кај свекор ми и свекрва ми однесено исто ги имаше опремено. Седнувавме на кафе во парк. Темпиравме време кога немаше многу луѓе, бебе во количка спие, ние пиеме кафе, едниот од нас веќе ја прошол масата со марамица. И на сите фотографии од есента 2019та ние сме со гелчиња. Рацете ги имавме пресушено уште пред короната. И кога букна корона и имаше дефицит на средства за дезинфекција, ние више бевме обезбедени пошто маж ми ги имаше сите покупено. Еднаш донесе плус цел литар една голема туба, некој дезинфекционен препарат специјален за хируршки интервенции. Уште тоа немавме дома. Ова дете да е здраво и живо.