Ај добро утро @Doktor F тебе прво бидејќи те нападнаа. Се согласувам со тебе до некаде дека треба се да се испита, но доколку има потреба за тоа. Една крвна слика никогаш не е на одмет. Е сега муабетот за градинка е долга и широка тема и тука никој не може да каже како е право или криво. Не сум за тоа да се пушта детето болно со оправдување "ништо не му е само носот му тече". Со конкретен пример на моја роднина што бебето едвај и преживеа на 3 4 месеци од акутна пневмонија и остана за цел живот хронична кашлица, доживотни последици на белите дробови што не се лечат и детето кашла како хроничен пушач на 7 години. Е сега, муабетот ми е тоа течење на носе за некое друго дете може да биде критично. А како што и останатите деца треба да одат во градинка и нивните родители да работат така мора и тоа. Бидејќи ја нападнавте дека ги обвинувала родителите, се согласувам дека се за обвинување многу од нив. Мене ми е прво дете сеуште не сум стигнала до тој чекор за градинка ама сега кажувам од туѓо искуство. Околу бебето, прво ми е да. Стерилизатор немам, шишињата ги вријам еднаш два пати на ден некогаш ако заборавам ни толку ги промивам со детергент и готово. Играчките еднаш ги ставив во машина и тоа беше прв и последен пат. Ништо не дезинфицирам, за ништо не се потресувам. Оставено е во тој поглед да гради имунитет. Муабетот ми беше дека луѓево воопшто не внимаваат фали се болни. Си ги изгледале они своите и им е гајле а нивното 40 дена не видело бела светлина и никој не припарил кај нив дома. Ја 2 дена породена ми идат болни. Епа нема. Детето ми беше еднаш болно и тоа на месец ипол, не се припотресов качи температура една вечер, носот му течеше и му помина. Направив само крвна слика. Не ми е за тоа, нормално мора да се разболи, да дојде во контакт со вирус и бактерија. Но, работата е тоа што тебе секој ден некој болно дете да ти носи дома или кога ќе се сретнете негде право го пушта да цитирам "баци го мама бебето" со кој памет бе? И на крај краева мое бебе е јас ќе одлучам кој ќе му се приближува ќе го бацува и слично. Јас и татко му бевме болни, не можам да го оставам негде нормално со него бевме, вујко му беше болен му го оставив на чување, морав. Фала богу не префати. Никогаш не сум била за влечење по доктори без потреба, за чување на бебе во стаклено ѕвоно, но сепак треба да се има во најмала рака совест и свест кога се работи за мало бебе. Посебно бебе што не е ваше. А даљинско му е омилена играчка
Јас продолжив да го чистам исто со алкохол после бањање, а на секое менување пелена ставав прашоче Банеоцин.
Види со педијатар за папочето, кај нас падна ама имаше како жолто внатре, па уште една недела го чистевме со алкохол + банеоцин прав и после тоа зарасна.
Мене и маж ми не имаа исти хормони мавнато. Ама фрст тајм мама, па мислиш само ти си мајка и никој друг не праи ништо доволно добро за да му веруваш. Сега сама на себе се смеам, ама веројатно повеќето поминуваме низ тие фази, кој повеќе кој помалку интензивно, растеме низ нив, учиме, па знаеме подобро. Сега кога ќе речам второво да е здраво и живо сигурно не го фрлам низ стакло и велам така растат деца, туку пристапот ми е далеку поопуштен и смирен. И не се потресувам за ситници. Во трамвај минатиот викенд до ќерка ми седнува бабичка, и мавта и збори, прашува стандард име, години и туку наеднаш почна да ја гали за нога па да и ги фаќа чизмите, дали биле добри, полнети. И тогаш веќе изреагирав. Некои луѓе стварно немаат граници. Јас никогаш не би се осудила туку така да допрам дете што прв пат го гледам. Ете можда за некој и тоа е во ред, за мене не е.
Брат ми е многу често се херпеси. Кога го бакна синко во раче на месец ипол ми се стемни. Не давам да го бацуваат и не давам да го фаќаат за раце. Секако синко фаќа се и сешто и после пика во уста. Му ги бришам рачињата неколку пати дневно, ама секако внесува по нешто. Ама има разлика од постепено оптеретување, па до константно со бацување и пипкање раце... Ваљда дека прво дете, сите со второ што сте сте поопуштени
На курсот на Мамма.мк кажуваше Сандра дека додека падне околу се чисти со алкохол, а после убаво со хидроген. И има логика, алкохол на рана пржи опасно. Банеоцин е веќе антибиотик и тоа само може да помогне да зарасне.
Не е рана и нема нервни завршетоци, моето буквално немаше никаква реакција кога му го чистев, а од прашокот брзо се суши. Знам дека и со хидроген некои го чистат, мислам дека истиот ефект го има.
Во ремедика, живковиќ го прегледуваше секој втор ден, и по нејзини насоки беше алкохол + банеоцин. Секој доктор, постапува согласно неговото убедување + воспоставена пракса. Некој алкохол, некој хидроген, некој физиолошки..
Пак јас. Ја однесовме денес и во Плодност, т.е мајка ми ја однесе зошто и јас префатив нормално. Секретот е горе в носе, нема на грло и на плуќа, крвна слика ок, малку покачен црп. Ни даде 3 дена инхалации со дексазон и почесто да цица. Јас прв пат ќе инхалирам и малце не ми работи мозокот, и рекла докторката на мајка ми да ставам физиолошки и 0. 5 дексазон и максимум 5 минути, ако е јак инхалаторот и помалце и може и од подалеку. Колку физиолошки да ставам, имам од малите синомарин? Цело едно или пак 2мл само? Дали ќе има ефект така од подалеку да ја инхалирам, мислам дека јак е инхалаторот. Дали до крај се користи течноста внатре ако се поминати 5 минути? Ве молам за совет, стварно не ми работи мозокот а сами сме и тројцата сме болни. После ќе ја носи мм и кај матичната да аспирираат носето.
Мене педијатарот ми рече дека папчето нема нервни завршетоци и не го боли, слободно да чистам со алкохол, а кога ќе прокрвари да ставам Банеоцин.
После случката со @Emotional123 би ти рекла да се прејавиш на докторката или види дали е запишано некаде. А колку што знам нема јак/слаб, нели е инхалацијата иста?
Вака читајќи ве, јас нешо не сум арна изгледа. Докај 3ти месец гледав да ми е пристојно исчистено, да не ја фаќаат многу многу и слично. Е маж ми беше опседнат, цело време беше со крпче у рака. После малата почна да го лиже паркетот. И јаде влакна од мачката гарант, не сум ја видела ама сигурно има летнато некое. Сега забрането е само бакнување по лице оти секундарно се исфрла. Друго дај шта даш. Второто гледам дека ќе јадат од исти тањир со мачката
Јас ставав 0,2 вентолин со 2мл физиолошки ако памтам добро, маската убаво залепена за лице и до крај инхалирав некои 10мин. Ама пак со резерва земај.
Јави се, препрашај. На 0.15 вентолин ми рекоа 2мл физиолошки, а на 0.6 Атровент 2.5 мл физиолошки. Ама препрашај, значи јас подле случкава за се препрашувам што може да ме збуни.