Фала ти, премногу гужва имало сега кај докторката, покасно ќе прашам за сигурно. @Black girl не знам искрено, никогаш немам користено, една ампула од 1 треба да ја делам насабајле и навечер, истото и во аптека ми кажаа. Ќе прашам пак.
Јас за големата имам инхалирано 2 мл физиолошки и 0.3 дексазон, но беше над година. Затоа пишав да не е многу 0.5 за бебе. Но штом ти кажале така, знаат.
Многу, премногу е затната во носот и ко ќе кива има густ бел секрет, буквално мислам без воздух неколку пати ми остана. Затоа на сто места ја однесов, овде на приватно ко посигурно, специјалист е докторката, си велам нема згрешено. И страшно кашла, јас сигурна бев дека има спуштено, ама ете горе било. Мозок немам веќе, со големиот исто кашлаат, ама тој знае да исфрли барем.
Мајки малава од синоќа почна да вришти. Незнам дали се грчеви или нешто друго..дури и поткашлува,претпоставувам тоа е од кашлање? Ни даде докторката Рекол капки 2×5 ама незнам дали друго да давам .....многу е жална...ме плаши сега само кашлицата...ама ваљда е од што се чисти и плус од плачење сега?
Ние што сме прв пат мајки многу прашуваме, мислам живковиќ кога ќе ме видеше со список и се темнеше, а зошто алкохол, а зошто не хидроген а што ако нема алкохол? А нема ни у моментот да се купи
Во германија викаат ништо не треба, не ни ставав. Со последното мислам падна на 17ти ден, другите порано.
Да,еве сега моментално...не нонстоп ,ама вознемирена е , не спие ,и како што си леже наеднаш завриштува....
Вие имате чист воздух, ние овде сме контаминирани мора да се дезинфицираме Кашла од што вришти, а се грчи од грчеви, нормално е. Е сеа ќе стане интересно, следните 2-3 месеци ќе имате вакви епизоди, спреми си ги ушите и нервите и помири се дека мора да помине.
Грчеви се најверојатно, можеш да пробаш со капки колиеф, колипрев се подобра варијанта ама не очекувај некоја голема промена. Второво нема грчеви ама има проблем да се искака, секогаш кога го боли меше го ставам под чешма со мешето, топлата вода го опушта. Пробај така. Исто термофор можеш да му ставаш на меше или земи една тетра загреј ја со пегла и преку боди стави и топличко. Почни да забележуваш дали и смета нешто што ти јадеш и елиминирај. Има и едни масла да и правиш масажа, ставај ја на меше полесно да испушти гасови, носи ја на воздух. Експериментирај, ќе видиш од што ќе и биде полесно.
Кога беше моето толку мало, ми рекоа дека веројатно плаче дека е гладно. Колку направи твоето? Мислам дека рано е за грчеви. Ама па и тоа му е работа на бебе. Плаче, кенка, стенка.
Ама не кашла секогаш при плачење ,некогаш кашла и неповрзано со плачењето ,ваљда и е иритирано грлото... Леле сега почнувам да сфаќам како е......многу се жални бе, многу
8 дена е, ама па еве јадеме убаво од вчера,плус дохрана давам,денес цицање 20 минути,заспа на цицка не се будеше никако,па за 15 минути се молзев и дадов од шише 45 мл @Skyler фала златна ,ке пробам и тоа.
Цело време на цице ставај го. Колку повеќе цица, толку повеќе ќе произведуваш, а со дохрана им кажуваш на градите дека тоа што го лачиш е доволно. Инаку да, јас мислам рано е за грчеви. Тек таму можеби три недели кога ќе направи.