Верувај не е малку, моето паднато беше со килажа после испуштање, а по цел ден на града беше плус дохрана. Сега треба време да земе залет и да почне убаво да качува. И плус ми вриштеше уште во болница, нема правило за грчевите.
Мене две докторки истото ми го кажаа. Рано било. Чак и кога беше три недели рано било. Само на биогаја беше. Тек после кога веќе стана алармантно почнав да внесувам капки, сирупи. Ноџињата ќе ги витка скроз нагоре кога боли меше.
Моето почна од 8 ден да има грчеви, педијатарот ми рече дека може да се јават и порано, кај некои бебиња порано кај некои покасно и ми кажа може од одма да давам капки (тогаш дома имав саб сомплекс ми беа купени пред да се породам од бг) ама мене ми беше страв зошто на нив пишува после 21 ден... И тие неколку дена до 21 косата ми се креваше, не дочекав дадов на 19 ден мислам.. Можеш и термофор да ставаш , мојот го земав од локо кроко некои 500-600 денари со семки и во рерна ги загревав, колку толку се тешев дека правам нешто. После 40 дена драстично се намалија. Со лесно мајка.
Не се секирај, моето на првата контрола (седмиот ден) ја имаша истата килажа од испуштање, а давав да цица, молзев и давав дохрана. За една недела бев на уште една контрола (а продолжив со истиот начин цице, молзено и дохрана само зголемив количина очигледно му фалеше и плус го будев на секои 2 саати и дење и ноќе) и имаше 400гр накачено. Инаку моето е 2 недели и докторката кога го виде вчера стомачето му беше малце подуено и ме праша дали има грчеви бидејќи мешето му е полно со гасови (а си има грчеви веќе една недела), така што не ти е рано за грчеви. Мене првично ми спомна да давам Бекутан капки ама јас имам Саб Симплекс дома и таа се согласи дека тие се подобра опција само морам да почекам да направи 3 недели за да почнам да ги давам.
Незнам еве мојава одма даде Рекол за грчеви да и давам секој ден....штом ги даде ваљда не е рано ,знае шо праи..иако веке гледам сите доктори различно кажуваат
Најдобро ако можеш да ја измериш на истата вага што ја мереле при испуштање да утврдиш разлика. Ми се случи во ист ден мерен кај матичен и во диспанзер, 150 грама разлика, што за мало бебе не е воопшто малку.
Мене па обратно на пораѓај ми се погоди Живковиќ и на визита нели она. Првиот бесплатен преглед Марина тогаш прв пат ја запознав и си викав леле каде влегов која е сега оваа. Живковиќ многу беше фалена по форумов. Арно ама од Марина бев пријатно изненадена. Детален преглед. Ми кажа работи за ќерка ми што Живковиќ не ми ги кажа до тогаш.наредниот преглед се погоди Живковиќ Толку намќореста кога влегов на преглед, и набрзина ме помина ради тоа што бесплатни беа прегледите. Да ја слушав неа сега детето ќе ми беше на Ад. Пошто таа инсистираше на тоа. Нормално јас не ја послушав. Ни извештај не ми искуца ни ништо. Ни па примети дека ресичката на јазичето е пократка. Тоа Марина го примети само. Кога ми рече жал ми е не е добро. Детето е гладно, дај АД и слични коментари што нова неискусна мајка најмалку би сакала да ги слушне. Она ми беше на визитите и знаеше дека од новите породени јас имав само млеко и 5ка имав за доење а сепак ме испушти со совет да давам и ад. Јас неискусна кога дојдов од болница одма купив ад и ад дадов два пати. Мајка ми кога ме виде што правиш ако имаш млеко тогаш се освестив. Значи мајка со млеко на претек и волја за доење ја демотивираш и ризикуваш бебето да се одбие ради непотребно давање ад. Наредниот преглед одам Марина ме охрабри само со доење да продолжам и резултатот беше одличен по 50гр дневно ставала. И уште неколку пати ме викна иако беше поминато месец од пораѓајот прегледите не ми ги наплатија. А беа детални и по 40мин. Инаку гужвите сеуште се кај неа. Сум чекала и по 2часа само тоа не ми се свиѓа кај неа. На вибер е секогаш достапна и секогаш ми одговара иако не сум редовна кај неа. И сега на 15ти кога закажував само еден термин најдов слободен. Инаку секој си има лично различно искуство со докторите. И треба да се води по тоа.
ве читав за педијатрите. Според мене Палчевска во Систина е врв. Поминавмр без грчеви ради жената, опуштена и не ти прави стрес. 24/7 достапна на телефон за бебето. Одушевена сум иако на почеток ми изгледаше како незаинтересирана, сфатив дека тоа е поентата здраво ми е бебето. Кога бебе се искака три пати во еден сат и јас дигнав галама дома и пишав смс за пет минути дојде во систина да го види. Огањ скапо е ама не ја менувам
Жеснки дали некоја се соочила со покачени тромбоцити кај бебе? Денес правевме контролна крвна слика , дека беше болна а треба да прима вакцина и томбоцитите и се покачени
Извини, но така ти се погодило, не мислам дека докторот ќе помогне за грчевите. Тоа е период што мора да се помине, некои бебиња повеќе, некои помалку имаат.
Како поминавте без грчеви? Некаде читав ако прстето се стиска премногу, кс може да покаже повисоки тромбоцити. Доктор што ви кажа?
Она е специјалист за тоа. Пробиотици и цревна флора на бебиња. Гарант имаше нешто штом на испис ми даде сто капки од прв ден да давам
Одма ми даде од прв ден капки против грчеви. Моето бебе немаше ниту еднаш грч, освен еден ден плачеше после Био Гаја и пишав ми рече одма да го сменам со Бејби тол и не се пофтори. Верувам дека има нешто во тоа, бидејќи и самата ми кажа има конструкција на бебе што ќе има грчеви биди упорна и не престанувај до трети месец
Некаде читав ако прстето се стиска премногу, кс може да покаже повисоки тромбоцити. Доктор што ви кажа?[/QUOTE] @Skyler сабајле бевме ја боцнаа , за пола саат ми се јавија да одам да ја пребоцкаат уште еднаш дека биле покачени , пак ја боцнаа , друга сестра од друго прсте и пак и беа покачени , матичната рече може да е од премногу стискање на прстето , да провериме во петок пак . инаку пред 10 дена кога имаше тт црп и беше покачено , и беа и тогаш тромбоцитите ама малку над горната граница