До детето е дали ќе има грчеви или не. Моите и двете немаа, додека пак внук ми имаше до 6 месеци. Истите капки ги примаа.
Можеби кај нас функционирало… како и да е јас сум презадоволна од неа. Не само ради грчевите туку целиот однос кога мислев дека бебето ми е болно
Можеби не знам ама докторката е супер. Кога бебето е здраво не те замара ако имаш млеко инсистира на доење, ако види и најмал сомнеж проверува детално без да те инволвира што сметам дека е супер за мене како паничарка она е одличен лекар
Може да ми кажеш конкретно кои капки против грчеви, за блиска ми е. Зашто јас пробав се и до 5м имаше првото дете.
Големото имаше грчеви од 6ти ден, нема правила. Истото и јас ја советува, дека не е малку, но сепак она одлучува. Не може да знаеме од испуштање колку паднала па дали сега надоместува нели. И за грчевите исто.
Како и да е, нагоре оди. И сум доела и ад давам, ги знам двете страни затоа во друга тема и пишав да фрли ад и да се дојат цело време, секако ако таа сака да дои.
Од излегување од болница 6 пати по 4 капки колиеф ( или по 2/3 пред секој подој ако има повеќе подои од 6) инфа калм 3 пати по 1ml или 4 пати ако се јави запек. бејби тол неонате пробиотик ако е царски. Мене ова ми помогна немам прекинато ни ден од 12ти Август до 8ми ноември како што ми кажа до три месеци. Грчеви немавме
Ова инфакалм претпоставувам е симетикон, тоа каков запек му направи на моето едвај го оправив. Другото сум пробала и не помогна. Ќе и кажам мада дава саб симплекс и не помага ни тоа.
Бебево до сега ми какаше еднаш дневно. Ама обилно. Сега 2,3 дена речиси после секој подој кака и тоа се слуша како лом да направила кога земам да и сменам памперс многу мслку е покакана и какава е како жолто зеленкаста. Пробав да сликам ама на камерава не излегувс баш точната боја како во живо. Дали е нормално ова зачестено какање ? Спојлер: ... еве слика
@JuLleE имам прашење до тебе. Денес бев бебе да вакценирам на редовна вакцина, ама не ми вакценираа дека не сум била државјан на земјата. Треба да платам 80евра. Имаше ли ти таков проблем?
Не е настината. Кога беше настината па немсше промена во однос на какањето. Сега после доење обично одма кака овие 2,3 дена и вака по малку тоа ме зачуди.
Мојата цело време вака кака и каката и е баш ваква сенф боја, како со некои топченца. Прашав педијатар вика нормално. Некогаш има зеленкасто нешто и тоа било нормално доколку не е скроз зелена каката и цело време. Исто кога и да прдне какнува по малку, односно 2-3 пати дневно кака пообилно а на секое менување памперс е малку какнато. Дали и имаш сменето нешто? Пробиотик? Јас кога престанав биогаја и почнав Ваја детево не ми какаше ич.
Колку месеци сте? Ние сме 4.На почеток и моето така какаше и таква беше бојата. Ова е поинаква на камерава е подруга излезена. Жолто зеленкаста е бојата. Пробиотик не давам одамна.
2 месеци. Да не јадеш ти нешто па да и ствара дијареа, гасови? Не знам што може друго да биде... Настинка...
И кај нас така се смена каката, бевме на педијатар направивме брисеви - чисто. Ја вагавме, добро напредуваше и педијатарот ни рече дека е океј, нормално е. Неколку недели какаше после секој подој, сега намали на 4-5 пати дневно. И доста е течна столицата, скоро секој ден истекува на грбчето, хахах, тоа е тоа, ништо страшно. Знам мало ти е бепчето, кога сте наредно на систематски? Консултирај си најдобро доктор нормално, ама не плаши се, многу работи се нормални со какањето.