Моето дете не сака да пие чај никако, а грчеви имаше на секои 5 дена и тоа кратко, тогаш му давав чај од анасон, само 30 милилитри. Ама сега не сака никако да пие а грчевите се баш појачани и скоро секој ден. Имате совет како барем тие 30 милилитри чај да ги испие? Многу му помагаат. Иначе му давам по 25 капки еспумисан навечер на секое цицање. Тие му се слатки и ги пие. И да, пробав мое млеко да му додавам во чајот, како да му го засладам демек, ама џабе, не сака и не сака.
Мајки, моево бебе е 3 месеци, уште малце за некој ден прави 4 месеци. Али откри колку е забавно да се врти од грб на стомак и цело време го прави тоа, дал на под дал во креветче. Али мене ми е мн мала и ми е страв буквално во тоалет да идам, да не се сврти и да не е подолго време на стомаче. Не знам не можам да се опуштам...
Истово го пишував вчера или завчера. Исто е и кај нас. А навечер како е? Мене страв ми е пошто и во спиење го прави тоа прета се врти и го тргам ќебето таа на стомак гледам се наместила. Преку ден спие мирно. Не знам зошто само навечер ги прави тие акробации во спиење и буквално цела вечер ја држам за рака и ја местам зошто ако ја оставам ќе прета ќе се врти се разбудува и кенка. Некаде прочитав дека навечер во тишина во спиење било вистинското време да ги вежбаат техниките што ги совладале преку ден. Не знам колку е точно ова.
Ве читам за грчевите, син ми има од 6ти ден. По првиот месец многу се намалија сами од себе, а сега знае некогаш поручек и приквечер да се стега само кога пие млеко. Така да ги има и порано. Јас не давам ништо освен биогаја. Вриштеше многу, правевме масажи вежби и термофор само. Мислам дека ништо не помогна, сами од себе поминаа
Јас да, дека со царски. Планирам до 3 години да давам. Нешто така прочитав требало... Може и сум грешка.
Исто, се врти на стомак навечер и тоа со вреќа за спиење. После некие време ќе му дотежи главата и кенка.. 2 месеци немаме сврзано повеќе од 2 саати сон ноќе
И нас ни донесе батко некој вирус од училиште, сите дома не изреди па и бебе не остана покусо. Кашлица и тоа јака, сува како ларингитис и мрсули во носето. Инхалиравме со дексаметазон и синомарин, мрсули вадевме многу често. Среќа не спушти на гради. Му помина за неколку дена. Прашај ја матичната со што можеш да инхалираш и обавезно мрсули вадење
@kalinaka ја носевме вечерва на аспирирање, ми потврди 0.5 мл дексаметазон и 2мл синомарин. Кај мојата е влажна, се дави ко ќе се слева од носето. Дали маската директно на лице ја чуваше или од подалеку инхалиравте? И по колку време на едно инхалирање?
Јас давав Нормиа. Дојдов во друг град продолжив со Ваја зошто го нема Нормиа овде по аптеки, нема разлика во поглед на столица, грчеви, гасови итн. Ама не давам често, некој денови заборавам, некогаш давам и така планирам да престанам. Скоро 6 месеци е.
@fana нема кренато, трет ден денес еве. Два три пати ко потопла ми беше ама дури мерам се излади, а на преглед ко ќе мерат 36.6 е.
Моите, и синко и ќерка немаа грчеви. Ништо не давам освен вит д. Пробиотик по потреба само. До детето е. Нема врска докторката, а трча оти плаќаш. Штета што е така. Ама еве супер што си нашла на кој да му веруваш. Не. Ни јас не сум, ама имам среден престој овде. И среди ли ти нејзе здравство и престој?
Директно на лицето, така ни рече педијатарот дека е најефикасно и 30 минути после инхалација да го држиме исправен