Форумџика на годината

Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.663
    Допаѓања:
    2.482
    Офф моментот со превртување на очи додека цица и заспива.. мислам дека ми беше најстрашно нешто. Но е нормално. Исто и задишувањето додека цица, толку ме плашеше. Прашувај си педијатар, јас живковиќ ова и го објаснив баш како “дише како да истрчал километри, многу тешко” и ми потврди дека и тоа е нормално и е во ред, заради тоа што се мали и сеуште немаат т.н кондиција
     
    На Misskirova му/ѝ се допаѓа ова.
  2. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    3.218
    Мајки, дали диастазис ректи се осеќа? Имам некоја чудна болка во горните стомачни кога станувам од легната положба.
     
  3. jelo

    jelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    2.328
    Пол:
    Женски
    Мајки дали вашите бебчиња кога спијат навечер, пред да се разбудат за цицање вртат со главчето од една на друга страна и мрдаат со раце, маваат? Мене не ме загрижува дека се врти во кревет со главата чево десно туку дека многу силно го прави тоа, буквално думка кога ја врти од лево на десно и обратно.... дали е ова нормално?
     
  4. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.845
    Допаѓања:
    9.339
    Пол:
    Женски
    Мојава кога ја ставам на цицка го прави ова...замавнува толку нагло ме вади од памет....
    @velesanka престрашно...се вадам од памет....
     
    На jelo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Мајки, малиот ми е 2 и пол недели, си кива од време на време и ми кажаа дека тоа е нормално ама денес кога кивна му излезе секрет од носето... Нормално е или нешто ми е настинат?:worried:
     
  6. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.845
    Допаѓања:
    9.339
    Пол:
    Женски
    Леле исто скроз..нонстоп кива мајка и мојава...Розита ми рече нормално е се чистела ....мене сепак ми е страв ама ете она рече ништо не е
    За секрет незнам...прашај пак
     
  7. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Те читав за окцето и кај нас е исто... Но дадоа и Тобрекс капки, да го чистиме со газичка и да правиме масажи.

    И мене ми рекоа дека е нормално да кива, се чисти ама денес првпат ми кивна со малце секретче... не знам дало да кревам паника или не:worried:
     
  8. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    6.976
    Пол:
    Женски
    Толку силно мрда што го поместува креветчето (на тркалца е), па тоа и ме буди. Не ни чекам да заплаче веднаш давам млеко и си презаспива па. Нормално е мајка, чувството за преживување и прорабодува кога осетат глад, баш ова го кажуваа на нула плус на телма. Мрдат со глава лево десно барајќи храна. Мојот буден кога го држам и му се јаде буквално се треска во рамото со главата
     
    На Blue moon, Coco31, Srcka28 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.742
    Допаѓања:
    114.161
    Пол:
    Женски
    Па се чисти де, нормално е секретче да вади, дишело вода до пред 15 дена. Сега ќе се сушат такви тврди ќе бидат па ќе ги вадите со пумпица. Нормално е, колку чудно и да е.
     
    На Iris-1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Фала ти, се исплашив малку. Кога да почнам да чистам со пумпица? Рано е сега? И која пумпица ја препорачувате?
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.742
    Допаѓања:
    114.161
    Пол:
    Женски
    Засега доволна ти е онаа на влечење, која и да ја земеш сеедно е, најди некоја поефтина. Не е рано, подобро да го вадиш секретот отколку да стои, ќе го нервира. После бањање повлечи одма ќе излезе и без физиолошки.
     
    На Iris-1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.845
    Допаѓања:
    9.339
    Пол:
    Женски
    Леле мене тоа влечење мрсули ми изглеа ко квантна физика луѓе...како го праите жити бога? И братучетка ми коа ја глеав се чудев како успева
     
  13. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Фала:l:
    Не знам и јас како ќе го правам, некако страв ми е:worried:
     
  14. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.794
    Допаѓања:
    122.551
    Пол:
    Женски
    Мене педијатар ми рече дека ако бебето е настинато нема да пие млеко/цица.
    А ако цица / си го пие ад, тогаш не е страшно.
     
    На Misskirova и velesanka им се допаѓа ова.
  15. GoldenFrida

    GoldenFrida Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2021
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    1.551
    Пол:
    Женски
    Моево нејќе да цица. Ама го оставам па после плаче за цицање. Денес вел ден се смеее пет минути па плаче, се мачи да се сврти почнува да рик, па му помагам па е среќен па стои на стомак два сата со дигната глава и не плаче пошто му е страв да се сврти. Многу интересно за набљудување, ќе ме фркне срце од неспиење
     
    На Freckles., Mari-Li и Rtulka им се допаѓа ова.
  16. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    За тоа машала, си цица. Денес додуша по успан ми е, затоа што цела ноќ и денес до 3 попладне вриштеше од грчеви па се измори ама сепак се буди си цица и си го пие молзеното.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    6.976
    Пол:
    Женски
    Многу е лесно, само што бебе мн плаче. Јас го налегнувам на страна на поставата за пресоблекување. Со едната рака го држам, значи под мојта рака да дојде неговата рака, а под дланката моја главата. Со другата рака шприцам малку физиолошки и потоа влечам. Пази да не мрда мн со главата, еднаш така му шприцнав физиолошки во око оти ми мрдна
     
  18. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.794
    Допаѓања:
    122.551
    Пол:
    Женски
    Вадење секрет на твоето бебе е песна.
    Вадење мрсули на едногодишно или две годишно дете е квантна физика :nod:
     
    На mal.ecka, Freckles., Fudbalgirl и 12 други им се допаѓа ова.
  19. Skyler

    Skyler Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    13.505
    Пол:
    Женски
    Свекрва ми плачеше кога не гледаше еднаш и само на крај ми рече ‘Те молам не му го прави ова веќе’ :rofl: Година и некој месец беше.
    Сега само му викам дувни го носот да не го вадам ноското и дува одма :D
     
    На mal.ecka, Freckles., Калатеа и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Saf

    Saf Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2018
    Пораки:
    1.259
    Допаѓања:
    1.612
    Јас само еднаш сум чистела до сега ,кога беше настинат. Се чудам кога гледам колку често им влечете мрсулчиња. Па тоа е нежна слузница може да се повреди лесно, доволно е капки и ќе си ги голтне само ако има. Ако можат да дишат не ги малтретирајте за џабе, затоа киваат си имаат и тие рефлекси за преживување. Општо пишувам за темава. А додека е помало полесно ќе му чистиш, моето на месец ипол стоеше. Сега еднаш пробав нема шанси да го додржам.
    И не може од нос да му отиде секретот на гради не знам кај сте слушнале за тоа. Секретот се создава во белите дробови како одговор на вирус или бактерија исто како во синусите.
     
    На Mari-Li и Iris-1234 им се допаѓа ова.