Добро жени само моево ли бебе вреска блузи кога му облекувам? Не беше вака.. овие два три дена е вака, навечер кога му облекувам боди и пижамчиња горен дел вреска многу и мрда многу? Нормално е ова или да прашам педијатар да не има некој проблем нешто?
Најнормално. Кога ќе го соблечам е најсреќен на свет. Кога ќе почнам да го облакам почнуваат плачките мислам дека нема дете што сака облечено да седи.
Породена сум на 25ти Јули среде најголемата жештина, на почеток така киваше баш кога ќе го соблечев па мислев му студи и го облекував во долги Кога ќе ми текне сега ми иде шамар да си врзам, ме предупредија 3ца педијатри дека е нормално бебето да се чисти. Умот ми дојде кога по трет пат ми кажаа дека е претоплен
А кој рече дека ќе спушти? Не прочитав такво нешто. Ама дека не можат да дишат бебиња од 2 недели со мрсулчиња суви во нос, не можат. Особено ако се грееш на струја и сув е воздухот, хорор. Не му влечеш за да го повредиш, ќе повлечеш еднаш два пати ако има искача ако не ајт на здравје. Јас не прскав физиолошки, после бањање ќе повлечам и ако излезе ок, ако не нема и не го мачев. Некогаш ќе ги кивне, или сами ќе подизлезат ќе ги извадам...
Ама и тие сувите не се страшни, вака така сами ќе искочат ама кога има секрет што не тече туку си крчка детето мора да се извади. И спуштаат секрет, како не спуштаат, додека се будни се свесни и го голтаат ама кога спијат се спушта, па ќе почне да кашла да го исфрли. Барем мене така ми е логично, тргам од себе дека го дувам носот, не голтам.
I nie sme isti eve 5 meseci sme gore bodi i bluza preku glava koga ke mu oblecam i pocnuva ..se luti i kasla od lutina i cel den corapite probuva da gi slekuva cel den mu gi mestam
Па не е страшно, само е нервозно да го слушаш како свирка со носето а и се нервираат не можат да цицаат.
Муабетот ми беше дека секретот од носе нема анатомски како да се спушти во белите дробови затоа што од носот иде директно во грло, тргнете од тоа кога ќе ставите капки во нос каде ви завршуваат. Секретот од носот или се исфрла со дување/ влечење или се голта, нема кај да оди на друго место. Е сега моментот е тоа што во белите дробови се создава ист секрет кога ќе дојдат во контакт со вирус или бактерија. Тоа што го искашлуваме е од белите дробови, не е од носот спуштено.
Мислам дека не, зошто иначе се вика Спушти. Мислам дека се работи за секрет од синус кој може да оди во нос или да се спушти, јас така тоа си го замислувам ама најдобро ќе објасни доктор за тоа, @Alishan30 ќе ни разјасниш дилема. Се извинувам ако и ти си медицинар, ама ете и докторка ќе ни каже кога ќе види.
Колку има? Ако има повеќе од месец дена и е на доење нормално е, ако е на ад би требало редовно да кака.
Така е, друг е тој секрет што се лачи во белите дробови, не е шлајмот од носот. Ама може да се спушти во белите дробови секако исто како кога ќе се засркнеш од вода или плунка. Најчесто се случува во спиење, наместо надвор да тече секретот, се слева во грло и надоле. И од горно респираторна инфекција, ќе се развие долнорепираторна затоа што преку секретот ќе си ја пренесеш инфекцијата дали била бактериска, дали вирусна. Ако грешам поправете ме.
Нека објасни докторката подетално. Иако почесто го поддржувам да речам "застарениот" начин на лекување и постарите лица во оваа струка, некои термини се останати уште од нивно време и се употребуваат без валидна причина. Не сум медицинар со диплома, но имам учење во областа на анатомија, физиологија и слично. Доволно да знам барем некој основни работи
Кога сме кај секретот, после месец дена влечење конечно од зеленкаст стана проѕирен, не му тече носето туку некогаш крчка и се помалку вадам. Сакав да ве прашам за мислење дали без проблем ќе ги прими вакцините? Јас секако ќе направам крвна слика ама дали е можно да не вратат поради тоа? Не сакам ни ден да ги одложувам, така со поголемиот ми се развлечкаа, па 9ти месец трудна се борев со него во диспанзер.
Моето првата рота ја прими со мрсулаво носе, не не вратија. Го слушнаа на гради немаше ништо, општата состојба и крвната слика беа ок. Сега зависи и до докторите во диспанзерот, а и до тоа која вакцина ќе ја прима.