Па рота и шествалентна сигурно, не знам дали превенар сега ќе му ја стават. А зошто само рота прими твоето?
Така е кај нас во диспанзер. Прво примаат само рота на 2 месеци па после 40 дена втора рота и шестовалентната. Превенар на 5 месеци прва доза.
Петовалентна, превенар и трета доза рота заедно ги прими на 5 месеци. Не сум во странство во диспанзерот во Драчево го носам за вакцини. Таков начин на работа имаат, а и многу ја форсираат рота да не се закасни бидејќи за другите имало простор да се примат и покасно.
Го носев за мрп таму, префини се особено сестрата, прв пат детето глас да не пушти за вакцина. Ни гримаса не направи, што рака ќе имаше жената.
Да, одлични се. И сестрата е супер, трпелива, внимателна, сигурно за истата зборуваме. Во глобала убаво и лесно поминавме до сега, без плачки. Ќе видиме за понатаму како ќе биде.
Caj anason piev i tecni mandzi jogurt slivi jadev kaj mene se slucuvase do 3 dena da ne. E kakan na doenje.
Ако е на доење ме се сеќирај, и една недела може да не кака. Ако видиш дека се мачи ќе одиш на педијатар. До тогаш пробај се, ти да јадеш, пробиотик да даваш, на меше да го оставаш, масажи, вежбички со нозете.
И јас мислев дека од нос спуштаат. Во Козле докторката вика, не е од носот. Ако било така секое течење нос ќе иде на плуќа автоматски. И ја сум збунета. Иначе од нос во ушите знае да отиде. Тие се споени каналчиња.
На другарка детето беше така, носот растечен одма на плуќа симнуваше. И други доктори рекле од нос секретот или на плуќа оди или на уши воспаление.
Девојки ве молам еден совет за една моја блиска бидејќи ние со бебе сме на доење и не можам многу да и помогнам Бебе од 10 дена на формула е аптамил ама не пие 60 мл туку по 90 мл и по често и на крај завршувало со повраќање …дали да продолжи да си дава колку што бара бебе бидејќи плачело ако не испие 90 мл или некако да се скрати дозирањето?
Може цуцлата да е со поголем проток па брзо го пие и не знае колку му е доста. Да пробаат со друга цуцла или со техниката paced bottle feeding.
Така е, не може постојано да оди на плуќа зошто се слева право низ грло и надолу, но на ист начин како што може и вода да “залетне” или храна наместо во хранопроводот во дишникот така и секретот од носот може да се слее и доколку истиот содржи бактерии може да предизвика заболување на белите дробови. Барем јас така го знам тоа, можеби грешам. Зошто инаку би влечеле секрет од носето ако нема никаква опасност и нема никаква шанса да дојде во допир со плуќата? Ќе оди право низ хранопровод и ќе се исфрли потоа низ измет нели. Јас го почнав сето ова со “спуштањето”, но јас вака го знам и го имам учено. Ако има некој што повеќе разбира и ако грешиме нека каже. Барем да си знаеме за сигурно сите, убаво е вакво нешто да се знае со оглед на тоа што сега е сезона на грипови и настинки.
Жени бебе има запек, каката е темно сива дури накај црна помешана со сенф боја. Ова е откако почнавме со тврда храна, вода не сака да пие. Му давам чајче. Од што може да биде и дали е нормално вакво нешто кога ќе дојде првпат во контакт со тврда храна?
Јас досега само еднаш аспирирав и не ми се допадна од Чико. За синко имав Носе Фрида, тие плавите и топ беше. Дома бевме на парно на дрва и он постојано со секрет во носот. Сега има мака со носот, со едната ноздра, при секоја настинка крв му тече. Ми рекоа слаби капилари, бевме и на ОРЛ и џабе. И сега за бебка ми е страв да ја чистам постојано. Па пробувам со чепкалка за уши или чекам да кивне па да излезе надвор. Маж е постојано со секрет во носот оти има некои проблеми и треба да се оперира. И нему му се слева во грло. Колку пати и знае и крв да има. Испитуваше и тоа е, од носот. Не памтам да е слевнато на гради. Исто синко често е растечен нос, па досега само еднаш фати пневмонија и тоа на две години. Е стрептокока си фаќа редовно. И јас би сакала да слушнам мислење од доктор за ова.
До кој месец бебињата ко да крчат со носот, а не тече? Ова е од раѓање и еве 4 месеци, пак на моменти крчи. А и многу се лигави и поткашлува.
Мустела. Се појави еднаш и не се повтори. Иако малце скапичко со оглед на тоа што само два три пати го искористив.