Јас сум презадоволна од Носко, не се покајав што ја купив иако ми беше страв дека на правосмукалка. Воопшто не е страшно како што звучи , ти ја препорачувам.
Мислам од прегеска но немав време детално да објаснам. Носот, грлото, синусите, средно уво, се структури поврзани со отвори, низ нив си има секрет нормално со заштитна филм облога, и со ресички во носот за да киваме и исфрлиме нечисти работи и честички прашина. Надолу грлото преминува кон грклан, овде се веќе гласните жици и 2 канали, едниот е дишен пат-трахеа, а другиот пат е хранопроводот. Тесно разделени до епиглотис- капаче за дишниот пат, да не се мешаат нели цврстата храна и течности со воздухот. Кога има многу големо количество секрет од погорните партии, и најчесто при спиење и мирување, си стои наталожен кон овие долниве опишани патишта. Дел ќе бидат голтнати и затоа има секрети и во каките на бебињата, од носето. Но дел при дишењето може и да се замешаат со секретите од дишниот пат, со отварање на капачето, претходно спомнато. Тогаш реагираат белите дробови на вирусче или бактерија и уште повеќе создаваат секрет, па така продукцијата е зголемена и се искашлува секрет. Се надевам ме свативте што ви пишав. Еве и сликце од атласот мој Trachea кај што ви е означено е дишниот пат, а oesophagus ви е хранопроводот, epiglotis е капачето што ви го објаснив
Намачкај кокосово или маслиново масло неколку часа пред капење и нежно истриј со тетра или со мека четкичка.
@jelo моето мрда со главата лево десно и тоа баш се фрла. Го прави откако ќе се нацица и тргне од цице, па додека заспие. Така почна да прави пред некоја недела. Гуглав нормално било, така сами се смирувале.
Девојки..окцето и солзеше...ама сеа веке почна гурелки ...нз што да ставам...докторката не ни врака не можа да ја добијам... Што би борела да и ставам? И дали во случај ако нешто не е океј има дежурен педијатар во градов да си знам за инфо?
Исто и моето. Промивки со стерилна газа и физиолошки. Кај нас не помина па добивме антибиотска терапија, тобрекс и хлорамфеникол.
Се е подруго кога доктор ќе ти објасни. Значи сепак може од горни дишни патишта да оди надоле. Кога оди во, народски кажано, дишник, тоа е уствари кога аспирира секрет, односно храна (недајбоже)? Се исплати понекогаш фанатично гледање Грејс анатоми, Њу Амстердам и Чикаго Мед или пак не
Во аптека побарај ќе ти дадат, и шприц за да можеш да влечеш од физиолошкиот и да ставаш на стерилна газа. Газите се продаваат поединечно спакувани, барај најмали. Јас после физиолошки го пребришував и со сува газа, ми се чинеше дека од влажно окце повеќе му се лепеше. Ако има гурелки, најдобро брис направи и.
Да, се плашев да не е многу стручно објаснето, се трудев полесно да објаснам. А за сериите верувај и јас ги гледам и се изненадувам понекогаш. Имаш и ти добри објаснувања од мајка гледам Многу ќе им користат на членките
Само немој Бекутан маслена купка, каква реакција имам видено на теменица со тоа средство, ужас, ко со оган изгорено. Јас ја решив кај големото со обично масленце за тело, намачкав на темето, почекав малку да се омекне и со четче го исчистив, од 2 ставања се исчисти. Јас користев Веледа масло ама можеш со било кое.
Искрено секогаш со резерва пишувам, не сакам да се правам доктор, сепак сум лаик, и се трудам да научам што е можно повеќе вака од објаснувања. А мајка е веќе во пензија и искрено многу често она ми дала поточна дијагноза од бившата моја матична, таа стандард ги мешаше вирус и бактерија на крвна слика, па ќе и речев а нели ова е знак на вирус и ќе речеше Ау да се збунив... Искрено глупо ми е да ставам во прашање нечива стручност, но ете има и такви.
Дечки моево бебе плаче ако не е на стомак значи не преку ноќ, преку ден стварно не знам што карактер ќе беше овој лав
Дека секрет од нос може да се спушти на гради може, нарочито кај мало дете кое нити знае да дувне нити да ги голта, ако се во синусите и те како може да отиде надолу а тој секрет што е во гради е друга и посериозна приказна. Носко е направа специјално за бебиња и тестирана дека е безбедна така да колку инвазивно да изгледа со правосмукалка ништо не може да се случи. Јас на моето од една недела му ги влечев мрсулчињата секој ден па нити слузница повредив нити крварење направив. Сега чистиме ептен ретко бидејќи носето му е чисто, еднаш на две недели. Така да секој со свое убедување, секој родител си знае како за своето. Јас и чај кога пишав дека давам на моето ме нападнаа неколку членки ко мислиш дрога давам. Јас давам не го препорачав на други, така и Носко. Но редовно чистење на носето е и те како добродојдено за превенција.
Што е со третиот скок? Што значи додека цица, се врти према раката, да си го стисне носот за да не може да диши и плаче, и пак цица и пак исто? Друго, дали вашите бебиња се потат? Редовно отворам прозор да се лади, плус спие само по тенка шпихозна и пелени. Ај што се поти, ама цела ноќ не можев око да склопам, смрдуцка. Како да не е бањато со денови, а не вчера вечерта. Немам кај да одам, на кревет ми спие. Зарем е можно бебе да засмрднува? Ќе одам кај свекрвата, кај ме мисли за неупатена, за неинформирана, сега кога ќе ми го мирисне бебето....Мое си е, си го сакам, ама што е со бебево 15 дена помина за рекламација, иначе ќе го вратев во болница Не знам кој тоа кажал дека бебињата убаво мирисале. Ова ем потени и лепливи раце, ем гуштери, пајаци, чудовишта искачаат од под брада, ем сега и смрдуцка целото.