Жени ве молам за совет. Малово уште кашла, секој ден ја носиме на слушање, некој ден по два пати и ја аспирираат, дома правевме дексазон инхалации па сега атровент ни смени матичната. Вчера таму и со вентолин ја инхалираа. Нема спуштено ама преполна е со шлајм. Добив совет од блиски што прават свинска маст и ја користат и за внучињата ко ќе се болни да ми дадат да ја мачкам на гради и грпче. Никогаш не би пробала инаку ама очајна сум. Фитобалм за бебиња нема нигде во аптеките тука. Дали е мала за такво нешто или не може да има штета? Како да пробам за да знам дека нема алергија прво?
На 8 декември пишува за трети скок а на 25 декември за четврти... ама се мислам дека третиот беше порано.. мислам дека почнуваат припремите за четврти
Според тоа што ми го прати ти. До вчера ни беше скокот. За цел скок имаше само една недела кога беше ужасно или после тоа више се навикнав не знам конкретно за расположението,плачењето и вриштењето мислам. За спиењето не би да коментирам пошто научена сум. Од старт сум со бебе неспијач. Последните неколку денови успевам да ја заспијам и без нишање. Не знам дали е до скокот па после пак да не биде по старо. Ова достигнување ми е како гинисов рекорд. Ај да не се фалам да ја урочам
И ние мака мачиме со третиот скок (по апликација), со плачки и не спиење. Се чудам што нѐ чека во фамозниот четврти
Кај синко, две години беше, кајгана го спаси од шлајм. До таму беше. Овде некни една жена исто ми ја спомна маста ако кашла бебе. Штета не верувам да има, а го чисти шлајмот. И темјан стават. Плус надворешно е. Вентолинот подобар да не е. Јас би пробала. Со првото не сакав, ама сега да.
За штетно.не е штетно ич со маста само што не знам дали и колку би имало ефект затоа што велиш нема спуштено, значи цел секрет и е во нос. Да мачкаш гради, а таму нема секрет ... Гласно размислувам дека ми нема логика.... Инаку јас на ќерка ми и имам ставано кога ми спушти на плуќа на 3 м и да ефикасно беше.
Да пробаш до мајчино млеко ако доиш? Совет од патронажната сестра ми е ова. Не може да штети, ако поминат супер, ако не секако можеш со друго да пробаш. Кај нас од такви бубулички се направи инфекција и педијатарот ми рече да ја мачкам со миробакт и нистатин наизменично (на едно менување пелена миробакт, на следното нистатин, така три пати дневно од секоја крема). Ама јас не би користела од овие без консултација со педијатар. Можеш и да ја оставаш малку гола да си претка, ние викаме газе на лофтиранција
@fana во Плодност велат нема спуштено, на матичната и е сомнителна како малку да грчи ама не е страшно вели. Затоа одиме нонстоп ја слуша, сабајле бевме ама за утре ме фаќа паника. Таа некогаш грчи па ќе се закашла ќе исповрати и после полесно диши. Ко ќе заспие е мирна кратко, ко ќе се буди е страшно, тогаш мислам се слева сегде. Прашав за антибиотик вчера и двете докторки мислат дека не е за антибиотик, а вака нема големо подобрување еве шести ден се мачи, гревче е. Мене ми е претешко, а не неа, цела ноќ кашламе во хор тројцата со синко. @JuLleE за вентолинот каков страв имав дури ја чекаа да ја слушнат после да не има реакција најлошо е беспомошен ко ќе си вакви дури се мали, од очај мислам се ќе пробам, а пак со страв да не згрешам нешто.
Мачкај слободно, уште подобро ако можеш да најдеш лој од гуска. Паталец ти кажува ова, пред недела дена излеговме од болница со малава ... од носе почна да спушта на плуќа. Во болница неколку жени мачкаа лој од гуска, набавивме и ние и ја мачкав. Дури не ми се веруваше од него колку бргу почна да искашлува и да се чисти. Му спомнав и на докторот кој ја гледаше, рече дека нема штета од тоа. Сепак порано кога немале достапни други средства дечињата ги лечеле на овој начин. Со лесно да минете и поскоро оздравување Инаку некој лош вирус хара помеѓу бебиња и доенчиња. Докторите велат дека никогаш не виделе вакво нешто, до толку мали бебиња со лоша клиничка слика . Господ нека ги чува сите
@Sweetheart87 фала ти ќе пробам да најдам, ми излегуваше на фб реклама сега брзо. Ќе пробам денес со маста малку прво па ќе видиме.
Аааа си става и мојава мислев на цицањето дека е мирно без претање како денското ние не сме престанале со ставање 3-4 обв секоа вечер иначе во 3 скок се сега
Од каде се купува лој од гуска? И дали има рок на траење? Не ми треба за сега, но би сакала да имам за не дај боже.
https://m.facebook.com/114139520335...evice_id=6bd5f9dd-f459-4dcc-a65d-9a035ed0d06f Еве ти линк од фб за лојот
Може да направиш хиперлактација. Ако напредува не се измолзувај. Јас на почеток давав да цица, се молзев и оп дошло време пак да цица По препорака на педијатар престанав и бебе супер си напредуваше.
Тебе те баравКупив Ваја, конечно се решив да сменам. Бебе од сабајле три пати се искака. Дали тоа значи дека БиоГајата предизвикувало запек, па сега душата си ја отвори, или пак нешто го иритира Вајата? Патем не плачеше вчера после прдење. Ако пробиотикот бил проблемот цело време, ќе се утепам.
Најверојатно, не е иритирано од Ваја не се плаши, моето за да се искака од Биогајата плачеше душиче по15-20 мин. откога сменив си кака убаво и пртка постојано. Јас прво користев бејбитол неонат до 3 месеци и продолжив со Ваја која е исто така добра, немам замерки. Биогаја е таков маркетиншки бум меѓу педијатрите ама барем да е со некој ефект, 90% од бебињата се со проблеми од истиот, права катастрофа