@kristina.k Со помин да е, душиче мало. Сепак би те соверувала и со мастите да внимаваш. Стави прво малку да видиш да не има реакција. Внук ми од мал беше таков размрсулавен, се пробуваа, ама од свинска маст со темјан мислам, се нафрли цел на гради, гореше. Затоа пробај прво малку. Брзо да ви мине.
Интересно ни е во секој случај, сеа и во раце многу сака, почна многу и да се лигави, по цел ден во раце го држам и лигавчиња и блузички менувам почна овие два дена и со устата балончиња да прави од лигички и да се смее на глас, значи стварно кога се во скок учат нешто ново и затоа се такви кенкави.. душички
И ние сме исти 3 скок сме и баш за Н. Година 4 ке тераме. Весело ќе е. Туку моето несака на стомак. Се нервира па ќе заплаче.
Да, за Н.Г стварно ќе ни биде весело со двете нозе во 4 скок За на стомак исто и мојот не обожава, се нервира брзо ама јас инсистирам, два три пати дневно го ставам.
Си ја подига главата? Мојот не ќе ја забие во средина и плаче. А кога е во раце ја држе исправано. Грешам ли што не го ставам на стомак?
Кај нас 3 беше отров страшен! Срцево лешник ми беше за 4 скок читајќи тука Ама еве го тераме и нема никакви промени. Пред 2 дена ни беше и громчето на апликацијата ама беше како и секој друг ден. Ноќеска си ја преспа цела вечер од 11 до 6, така да секое бебуле си е посебна приказна
И мојава исто е и ич не сака плаче, а на стомак не се врти пред да направи 3 месеци дали случајно беше два три пати се сврте и толку, главата ја држи за држење ама плаче за 1-2 мин
Моето почна да се врти од грб на страна и обратно. 2 месеци е, не е рано? Е сега маката е што се врти на десна страна само, пробувам да му помогнам и на лева ама не сака плаче. Да се загрижувам ли? Исто и во спиење го ставам на грб а спие со главата завртена на десно. А вака кога е во раце исправен си ја врте главата на двете страни. Не знам дали има простор за паники. Да го вежбам некако за на лево или да го оставам сам?
Не знам дали е за овде прашањето ама сепак да си прашам. Бебето ми има 4 месеци. На доење сме. Во последно време често ми се дешава да имам вртоглавица. Дали и некоја друга мајка се соочила со истово?
На десна страна каде го врти главчето или си ти или светло му е таму, ставај го на спротивниот крај од креветчето и ќе ја врти и на лево. Се е нормално нема место за паника
@Mari-Li и јас неам циклус сеуште. Правев кс, се' си е во ред. А исто ми се вртеше и мене, препишав на умор @Erika.greeneyes Има некоја што дои, а имала микроаденом на хипофиза? Не сум имала проблеми со пролактин, секогаш уредно ниво, ама ете правев два пати мри на главата ради аденомот. Има шанси сега со доење да се нешто измести?
Jelo го купив маслото за теменица да ми кажеш како да го користам, бебево ми има и на глава и на веѓи па да не погрешам нешто?
Јас ставав 30-40 мин пред бањање на целата глава каде што имаше теменица.. после тоа нормално го бањав ама дека мрсничко беше два пати на главата со шампонче го миев. На лиценце не сум ставала и не знам дали можеш на веѓите да му ставаш од тоа масло.. јас на веѓите пошо и мојот имаше му ставив павловичева малку.
И јас сеуште немам циклус, бебче е 3 ипол месеци. Значи да не се секирам многу дека немам сеуште Бев и на преглед пред месец ипол беше се ок и ми рече после 4 месеци ако не ми дојде да одам пак на контрола. Вас ви кажаа нешто за циклусот?
И јас немам добиено а и мислам нема место за паника, золва ми 2 години доеше и немаше добиено никој ништо не и кажа колку што знам. После се си беше нормално. Незнам нека кажат поискусните
И јас за првото година и пол немав добиено. Сега исто немам циклус од ко добив одма по 40 дена, а имав овулација на ехо. Пазете се и да немате циклус ако не планирате второ за брзо.