@Erika.greeneyes имав и јас пишував прашував тука зошто матичната ми викаше уморна си од тоа ти е. Не се осеќав уморна, ама по совет од форумов почнав да пијам пак пренатални витамини. Ги земав оние најефтините во зегин pregnancy forte, после неколку дена веќе бев супер. Од ко ги испив ај викам доста е 1 месец и не купив за да после 2-3 дена пак исто и пак си ги земав и еве веќе 2 месец си пијам и добра сум. Инаку крвната слика си беше супер. @jelo јас со првото добив после 6 месеци, сега точно после 4 месеци.Никој не ми спомнал дека има ограничување кога треба да дојде циклус после пораѓај
Ме загрижувате за вртењето. Моево само на страна се врти. Се нема на стомак завртено. Од друга страна, на подлогата денес, кога го ставив на меше, се буткаше ептен силно, ме изненади. Ама повеќе од 5-10 минути не седи.
Крвна слика правев пред неполн месец хемоглобинот ми е под граница. Ама зошто дури сега овие вртења хемоглобинот ми е низок уште од бременост и не ми се среди. Витамините ги пијам баш деновиве а пак истото се дешава. Ваљда заморот веќе си зема свој замав.
Моето е 4++ па не се врти уште. Големата на 10 м почна да се врти, тогаш не форсираа лежење на стомак како сега, па еве ја 10 год има од дрво неможам да ја симнам се качува, врти, превртува...за спортови па да не ти зборам Така да малце полабаво ме ни се дечињава со ист калап по книга правени
Значи пола саат вриштеше, плачеше дури и со кашлање. Нишро не го смируваше. Ми идеше и јас да си поплачам со него.....
Преправај се дека плачеш, сериозно. Почнав тие финти на бебе да му ги правам кога плаче, одма се смирува и се чуди.
Ни мојава не се врти за некој ден 4 правиме , а и на меше нешто многу не сака , колку сака толку не ја форсирам
Мене докторката кога бев на контрола после пораѓај за циккусот ми рече дека штом дојам не се знае кога ќе добијам , индивидуално е , некој после 3-4 мес , некој после година..
И мојава не се врти. А 4 ипол месеци е. Првото не знам кога се заврте, не ми текнува. Ми олесна, мислев само мојава не се врти.