Ќе помине. И ниебпоминавме низ ова имав пишувано овде сега брзо. После ќе зголемува ќе се буди на 2часа. Сега моментално се буди на 3 часа навечер. А кога се будеше на час, час и пол хорор беше знам како ти е. Јас го препишав на скокот тоа.
Мојата почна некаде пред 4 месеци. Ама само од грб на стомск назад да се врати од стомак на грб не знае. Никогаш не ја форсирав ни па сум ја ставала на меше. И сега не сака ќе се заврти на меше сама и почнува да писка и ја враќам назад. Колку сака толку нека седи. Ова мене ми се дешаваше неколку дена у 4ти скок ама не пола сат туку речиси по цел ден вриштење. Некогаш ни кај мене не се смируваше. Многу тешки денови беа тоа.
Ќерка ми во нозете е малце буцка и има витки. Баш кај препоните кожата каде што се превиткува црвена и се линиите. На почеток мачкав од бекутан витаминска маст. Сега пск има гледам тоа не и помага веќе. Треба да мачкам нешто или да го оставам така?
Исто на страна и со цуцла, па кога ќе му паднеше цуцлата почнуваа плачки а тоа на секои15мин и на крај му ја потпрев со едно мало пешкирче да не се вади инаку нема спиење за мама.
Ох, сама не паѓа никогаш, до толку ја сака, ако му ја вадам како со вакум ја тегне. Најново му е да трие очи и да си ја вади цуцлата за раката да ја лапне, со тоа се бориме
Мајки кој може нека помага . Бебето е во 3та недела. Од вчера е нервозно и плачливо на моменти. Сака цело време да цица, а кога ке фати пушта за 5мин и не е јасно како што треба. Цела ноќ немаме спиено, се буди на сат време. Еве и денеска исто, преку ден поспа ама не саглам како што треба. Исто така на моменти одеднаш почнува да плаче или врисне и се смирува за некое време. Сега се успиваме веќе два сати. Таман мислиш заспал се тргам, ете го врти со главчето и ја бара дојката со уста и почнува да плаче. И така не заспива цврсто ич. А да и се штрекнува и плаши во сон, еве сега целиот рипнА. Дали е можно да се грчеви, што ли е? Почнувам да се нервирам.
Буден го ставаш во креветче? Во овој период ставај го буден во темно со шум. Не се секирај за цуцла, еве мојата без цуцла е и со раце се заигрува и заспива. Ако ја легнам заспана има плачки после 2 часа тогаш влагам у соба чекам да престане, ако не престанува (по плачот познавам што следи) ја земам ја смирувам со цицање и тогаш будна ја легнувам да заспие сама и нема гајле до сабајле. Ја дојам кога ќе ми се напунат ептен градите, а се буди ама продолжува. За дневни дремки немам живци дома да се натегам, ја вадам надвор и заспива. Ама не сме во Мк и тоа е предност, лето ни е тука па пола ден сме надвор. За да се смета за здраво ноќно спиење треба да има еден циклус од 5 часа врзан сон. Може да се размрда ама да продолжи, после тие 5 часа и да му даваш цице не е страшно. И само лабаво не се потресувај и да поплаче и да покенка бебе е ќе се смири така заспиваат кога се преморени. А за средување на спиење на твое бебе не ти треба никој, ти ќе го научиш и ќе си го тераш редот.
Прета со нозете горе доле? Моето е такво какво што го опишуваш ти кога ќе го фатат грчевите така да можно е да е тоа.
Имаше нешто да не се става пудра кај женски деца во близина на полови органи зашто после биле поподложни на инфекции.