А можно ли е да се накашлува бебе од сув воздух? Три недели е, го гледам некогаш спие со отворени уста, а се грееме на клима, со клима и спиеме. Но носето не му е затнато. Се накашла еднаш завчера и толку, еве сега пак. Инаку суво кашлање беше. Со луѓе не го мешам, доаѓаат само бабите и тетката на помош и тие со маски. Во среда сме на контрола, не знам дали да чекам до тогаш или да го водам уште утре на педијатар.
Истово и мене ме интерсира. Во скафандерот гледам кнап и е транспортерот, ќе треба веќе седиште. И кога од корпа преминавте на седиште во количката?
Препораки има да не се става бебе во car seat со скафандер зашто не е соодветно заштитено бебето. Мислам дека и во упатствата стои како предупредување.
Моево не можам ни да го врзам, само по тренерчиња. Не знам дали е до транспортерот или малово е буце. Ќе да треба седиште.
Ако го облечам дури и со јакничка транспортерот ни е кнап и бебе плаче се буни во него, не сака да седи камоли со скафандер, а за во седиште препорака од педијатар, бебе на кратки релации ако го собира во седиште со скафандерот може но на долги релации во седиште без јакна и скафандер, па покриј го ако е ладно.
О М Г што е овој 3 скоооок? Ме отепа буквално.. бебе значи секој ден после 18 часот вреска, плаче, само јас сака да го држам. Кажувајте чаре плачам и јас со него. А тек кога ве читам за 4 скок уште толку ми се плаче
Да го однесеш на гости? Така да поседите. Моево денес на гости, не може да се освести. Да смените околина. А ако е во исто време, да не се грчеви?
Одмори после него една недела и спреми се за јакото. Од седум се успиваме на пола сат се буди и вреска. Сега заспа.
Мало е твоето да го надрасне од сега. Види да не имаш заборавено бебешкиот додаток да го извадиш. Каишите се пуштаат и прилагодуваат. Нозете може да излагаат надвор, се смета за надраснат кога главчето ќе излезе над него. Се додека главчето стои подолу е во ред. Во транспортер или седиште без јакни и скафандери не е безбедно.
Пред некој ден пишав, кога ќе плачат бебушите, да заплачете за да се смират. Обратна ситуација. Денес, ме штипнаа и изреагирав несвесно како да плачам. Бебе го намести муцето за плачење. Викам чекај пак. И тоа пак со муцето како да лапнало кисел лимон. Се изнасмеав. Многу јако видео си направив. Ако сакате некогаш да се подзаебавате со вашите бебуши За време на снимањето на филмот, не беше повредено ниедно бебе. По завршување на сцената, бебето веднаш беше љубено по обравче и повторно се смешкаше.