И подобро. Понапорно е за нас сега, ама за бебињата е 100 пати подобро цицка да џвака него силикон. Башка што сите околу мене сериозно пропатија дур откажаа цуцла. Колку подолго толку потешко. Цицка ќе откажеш цуцла не. Ја па ич не сакам ни цуцли ни шишиња. Нит па ми изгледа слатко бебе со цуцла. Ќерка ми од 8 месеци од чаша пие и со син ми исто планирам. Ни цуцла му дадов. Сега од одма со меџик кап ќе почнам. Ама ич не ми се троши време на учење премини од едно на друго. Ај девојки што почнавте со тврда храна потсетете ме кои зеленчуци и овошки одеа за почеток и кога се почнуваше со житарки? Почнуваме и ние следна недела. Конечно. Леле луѓе мои. Ќерка ми колку беше чисто бебе. Син ми, нека е жив и здрав ја не знам како може тоцкаво суштество толку лиги да произведе. Буквално му цеди од уста ко на бернардинец. Па овие месеци да му ги собирав лигите ќе ја напоев цела Африка. Друга работа се каките. Какви експлозии има. Денеска фрлив едно боди. Немаше смисла да пробам да го заперам. Едвај чекам да почне да јаде да се уцврстат каките, траума ми е секое отворање пелена.
Основниот дел најгоре што се вади одма по првиот месец. Што е како подлога меко. Не знам дали објаснувам добро… Јуле, ако ја вадиш со се транспортер од дома ставија така и потоа само стави и ќебенце на неа. Или прво загреј кола 5 мин пред да влезете. Мене така ме советуваа.
Има перниче кај што седи со сунгер се вади после одредена килажа. Мојот има и 4 нивоа за до макс 14кг што е скоро 2 години. Можда е до моделите ама рано е за надраснување мислам.
Мајки утре бебе прв пат ке прима вакцина. 2 месеци е. Што да земам за секој случај да имам дома? Нешто за температура смеам да давам ако качи? И тие лепенките што ги спомнувате како изгледат да ми прати некој слика ако може и како се користат?
Ќе ги пресечеш на неколку дела и ќе залепиш на боцнатото. Убаво би било веднаш да залепиш. За температура над 38,5 се дава сируп. Кај мене не качи. Земав Ефералган. За ротата, ќе даваш пробиотик и обавезно да миеш раце после менување на пелена. Ако се заразиш, линекс, ентерофурил и електролити само ќе те спасат.
Јас од овие купувам, си ги носам и таму право му ставаат откога ќе го боцнат. За температура имам дома Далерон, таму ќе ти кажат според килажа колку да даваш и на која температура. За лепенките ми рекоа таму на два часа да му ги менувам.
Мене ми е во кола, не го вадам, на 4 ти спрат сум па уште он ми фали како што немам лифт. И не можам да ја загреам па да се качам до 4 ти и да се симнам. Ќебе опција ќе е. Леле за каките, ноќна мора ми е кога ќе се искака во релаксаторот, одма и на грбот има, цела е нашлакана.
Фала многу. А пробиотик не давам веќе зашто пие хипп био комбиотик и тоа содржи и пробиотик. Да дадам утре ради вакцината или нема потреба? Ќе прашам и педијатар, ама за да земам сабајле да го имам дома.
Колку вода треба да пијат бебињата што се на ад? Конкретно за 2+ месеци прашувам. Ве читав за менструацијата, јас имав овулација на некои 40 дена и за десетина дена добив менструација. Со првото бев раат 8 месеци ама затоа првите менструации после двете породувања ми беа толку обилни што завршив во болница со страшни вртоглавици, малаксаност и на инфузија. Се надевам веќе менструациите ќе се нормализираат.
Докторката ми рече да давам вода заради бубрезите, му давам некои 50мл ама многу често е жеден. Си викам да не претерам или малку да е. Првото на доење не давав вода.
Моето е на АД, 5 ипол месеци, не сум дала вода. Мене ми рече докторката кога ќе почнам со крута храна тогаш вода.
Жеден е ради натриумот во водата. Вода точно ради него оти може сериозно да ги зезне бубрезите не се дава. Ад го спремаш со вода. Адаптирано е доволно да ја задоволува и потребата за жед првите месеци. Сега веќе кога си почнала да даваш, давај по малку и гледај да е вода со низок процент на натриум. Мислам дека во Македонија, Ладна и Јана се со низок процент на натриум. Или тие што се баш бебешки, таа на Хип и не знам дали има други, можда бејби лав има.