Ич не е исто, гладен или жеден, кенкав, му се приспало, скок, заби… наброј што сакаш, само бутни му цицка и се смирува. Ова гледај на саат, спремај млеко, па колку време поминало да не се расипе, плус ете мене ми рекоа треба вода, а не требало… Мака ми е сега.
Се е напорно. Овој мојов е цицковисач. Секој ден му викам дека ќе го ставам на формула. Искрена да бидам знам дека е само 5 месеци, ама едвај чекам денот да дојде да го одбијам.
За млекото е исто. А не што е полесно. И доењето е тешко првите месеци и спремање ад е тешко. На темата: Зошто вода на бебе што е само на млеко? Било мајчино било АД.
И јас со првото секој ден го одбивав И тоа колку беше напорно Додека се освестив 14 месеци поминаа и кога една ноќ ми ја сврте главата од цицка да се убијам од плачење
Добро е денес, изгледа бурата помина се будеше на три саати само да се врати бо нормала. Претешко е кога од бебе спијач што врзувал 8/9 сати сон одеднаш се дешава овој хаос. Ама ќе се регулира, сега сабајлево открив нешто за дремките леганв до него и му шепкав и заспа
Читнав тука бебе во темно да го ставам со шум и само ќе заспие, ви се погодило бебе спијач па затоа. Моево рутина пред спиење, темно и тивко само со шум, цицање и пак не сака да спие. Не сака и не сака. И ние овој вечер на пола саат-45мин станување. Очи ме болат. Сите со втори/трети деца што сте ви се погодија лесни деца претходно или мазохисти сте? За другарка прашувам.
Не, сто пати пишав, првото не спиеше по цела вечер, едно време до 5 сабајле си седеше. Преку ден очи одмараше. Не јадеше и само квичеше. Мајкин убав Затоа второто е по книга засега На доктор ќе ја носев оти спиеше
Кај мене кога не сака да спие го пуштам фенот од апликацијата на најјако и во секунда се смирува ако плаче и постепено почнува да фаќа сигнали за спиење па малце по малце го стишувам тонот зошто па мене во мал мозок ми мава
Мајки дали и вашите бебиња ги тријат нозеве(стапалата) една од друга? И кога е по чорапи и без истото го прави.
Мајки ова сезонава на грип и други болештии што читам, пуни амбуланти ме вадат од памет. Како да ги заштитиме бебушите
Јас заради тоа периодов не го носам кај матичната на контроли ако треба ја барам на тел а и така не сакам да и го гледам сестриштето таму пошто ако ја одјавам само заради сестрата ќе си одам. Кога и да се јавиш за термин следи: ама полно болни имаме, ама ако не му е ништо не доаѓајте. Од 2 месеца не сум го однела на контрола, на вакцини само што не контролираат во поликлиника